ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 40: 1940 - 25.11-08.12.2024)

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.425
Поени од реакции
13.477
22. 1989

Violent Cop

5iVabNRj6ukaNj1xGOT2HLEVCoe-1200-1200-675-675-crop-000000.jpg

Јапонски филм. Филм за детектив кој дознава дека негов колега се занимава си продажба на наркотици. Ќе се обиде на разни начини да го докаже тоа, а кога нема да успее ќе се обиде по незаконски начин.
Предобра идеа и наратив за филм, прелошо реализирано. Ми се смачи да го догледам, морав да премотувам на моменти. Долги сцени без дијалози и во позадина Erik Satie - Gnnossiene. Глумата аматерска.

2/5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Glory (1989)


Вистинска приказна за првиот батаљон војници у Американската граѓанска војна, составен исклучиво од црнци. Во моменти кога војната е при крај, кога е при крај донесувањето на законот за ослободување на сите робови, генералот Шо ќе добие понуда да води цела чета црнци кои на почетокот поима немаат како да се однесуваат, луѓе над кои е тешко да створиш авторитет, луѓе кои наидуваат на предрасуди и расизам, група која наидува на сопки од своите претпоставени али сето тоа стоички ќе го издржи Шо, ќе се бори за нив, ќе се бори да добијат место на борбеното поле.

Све океј али малце е досаден и не можам да ја сфатам идејата да Метју факинг Бродери е главен актер и генерал у филмов покрај актерски (авторитативни) величини како Морган Фримен и Дензел Вашингтон. Дали идејата е намерно така полусмотан и наивен лик да добие потценета чета составена од луѓе од најдолниот слој, или едноставно продукцијата сметала дека Бродерик ќе одговара на улогата генерал, бемлига. Ја би стаил друг актер овде. Другите се на место, Фримен господин, секогаш на висина на задачата, мудар лик, паметен, искусен. Дензел е класа и нема потреба да се трошат зборови за него, еден од најдобрите актери у историјата на филмовите.

7.5/10 оценка.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
https://m.imdb.com/title/tt0098084/
Стивен Кинг со гробницата на миленичиња исто е 1989.

Многу одамна ми е гледан, има легенда дека ако миленичето го закопаш во една гробница тоа ќе ти се врати живо. И на еден пар му умира детето и се решаваат на ептен драстичен начин да го вратат меѓу живите.

Типичен Стивен Кинг, мислам дека не беше нешто ептен срање филмов, ама и баш не се сеќавам.

едит: ако треба да го оценам нека биде 2/5.
 
Последно уредено:

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.425
Поени од реакции
13.477
https://m.imdb.com/title/tt0098084/
Стивен Кинг со гробницата на миленичиња исто е 1989.

Многу одамна ми е гледан, има легенда дека ако миленичето го закопаш во една гробница тоа ќе ти се врати живо. И на еден пар му умира детето и се решаваат на ептен драстичен начин да го вратат меѓу живите.

Типичен Стивен Кинг, мислам дека не беше нешто ептен срање филмов, ама и баш не се сеќавам.

едит: ако треба да го оценам нека биде 2/5.
На темава објавуваме гледани филмови во текот на неделата, за соодветната година.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.727
Поени од реакции
36.599
https://m.imdb.com/title/tt0098084/
Стивен Кинг со гробницата на миленичиња исто е 1989.

Многу одамна ми е гледан, има легенда дека ако миленичето го закопаш во една гробница тоа ќе ти се врати живо. И на еден пар му умира детето и се решаваат на ептен драстичен начин да го вратат меѓу живите.

Типичен Стивен Кинг, мислам дека не беше нешто ептен срање филмов, ама и баш не се сеќавам.

едит: ако треба да го оценам нека биде 2/5.
Да, @Хоуп -че, треба сега да гледаш некој филм од 1989, не се важи овој од "одамна". :love:
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Аааа добро се извинувам, а зошто имам повеќе гледано од оваа година еве овој ќе го гледам онака лабав ми изгледа . Го гледам и ви пишам <3
Parenthood_(film)_poster.png
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.727
Поени од реакции
36.599
1711307571993.png

Недела 23: 1955 - 24.03-30.03.2024

Годината во која во Анахајм, Калифорнија, започнува со работа Дизниленд. На 30 септември, во сообраќајна несреќа загинува актерот Џејмс Дин, на само 24 години. На 27 октомври, по неговата смрт, излегува филмот Rebel Without a Cause, во кој глуми Дин.

Годината во која се родени: Роуен Аткинсон, Џеј Кеј Симонс, Кевин Костнер, Џејмс Екхаус (таткото на Брендон и Бренда од Beverly Hills 90210), Џеф Даниелс, Брус Вилис, Брендан Глисон, Дебра Вингер, Бела Тар, Вилем Дефо, Иман, Пол Гринграс, Питер Галагер, Кевин Дан, Бил Кондон, Роланд Емерих, Вупи Голдберг и многу други.

Меѓу ѕвездите заминале многу актери, меѓу кои и младиот Џејмс Дин.

Во 1955 светот на филм прв пат ги видел: Клинт Иствуд, Ширли Меклејн, Волтер Матеу, Оливер Рид и други.

1711308355334.png

1711308384575.png

Letterboxd листа со сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/28th-academy-awards-oscars-1956/
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Мојот Diabolique е од оваа година. И гледам скоро се како да сум изгледала од оваа година.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.425
Поени од реакции
13.477
23. 1955

East of Eden

East-of-Eden-James-Dean-Julie-Harris-Richard-Davalos-3.jpg

Филмска адаптација на најдобрата книга от Стајнбек - "На Исток од Рајот".
Ја прочитав лани, па сакав сега и како филм да ја доживеам. Книгата за мене беше одлична, една од омилените. Филмот за жал, опфаќа само мал дел од неа, недоволно да се доловат мотивите, емоциите кои се важни да се проследат од почетокот на книгата па се до крајот. Во филмот е опфатен периодот кога Кејлеб(Кеин во книгата) ја запознава својата мајка и периодот во кој веќе Арон(Ејбл во книгата) е со Абра, т.е ова е период во кој двајцата браќа веќе се големи.
Кејлеб е претставен како олицетворение на се што е лошо, односно истиот карактер како маајка му Кејт и татко му (не е Адам). Додека едниот брат е белаџија, мрзелив и пијаница, неговиот брат близнак е се што е спротивно од тоа. Кејлеб е љубоморен и незадоволен од неговиот животен пат. На разни начини се обидува да докаже дека не е истиот како мајка му, и дека има корист од него.
Ако некој го гледа филмот, без да ја има читано книгата - не верувам дека ќе му се допадне. Многу мал период е опфатен, и како што кажав погоре, мора да се протегнат врски назад во историјата за да се видат конекциите меѓу сите карактери.
Одчична глума од Џејмс Дин, не знаев дека имал таква трагична судбина и дека во истата година по снимањето на филмов, загинал.
Инаку книгата, како и филмов, се пишувани според настани од Библјата и има премногу симболики, оставам на тие што не сте ја читале/гледале да разберете повише.


4/5
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
East of Eden (1955)


Еден фармер живее со своите 2 сина од кои едниот е пример за тоа како треба да изгледа еден млад човек, додека другиот е вечно разочарување, своеглав и немирен бунтовник. Таткото скоро секогаш го преферира оној подобриот син додека за овој другиот вели дека бил ист како мајка му која починала кога овие биле мали. Братско ривалство за љубов и признавање од татко им, читав таму нешо библиски приказни и слично.
Океј филм али многу досаден и спор, речиси ништо и да не се дешава, неам некои посебни замерки ниту пак пофалби. Просек.

5/10 оцена.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Night of the Hunter (1955)


Човек ограбува банка, доаѓа дома со парите да ги сокрие и бара од неговите мали деца да се заколнат дека на никого нема да кажат каде се парите, па дури ни на нивната мајка. Човекот го апсат и го носат у затвор каде го судат на бесење пошто покрај пљачката убил уште 2ца. Пред да го обесат му ја раскажува животната приказна на овој што е на сликата кој по искачањето од затвор глуми некој свештеник и оди да ја ќари вдовицата се со цел да ги најде парите. 10.000 долари у време на големата депресија. Жената као безгласна буква се мажи со овој и почнува потрагата по парите и притисокотот према дечињата кои на апсолутно ниту еден начин нејќат да го погазат зборот што му го дадоа на татко им.
Саат ипол трае и тоа е у главно, апсолутно ништо посебно, ни крими, ни мистерија, ни трилер, ни хорор, просечна глума, не убаво прикажан сериски убиец, не убаво раскажано. Не знам може у 55та бил шокирачки филмов, може и тие што му стаиле средна оценка 8 на имдб живееле у 55та па им се видел филмов ко многу јак, може и другариве од форумов на летербокс што му наредиле 8ци 9ки исто живееле у 55та и ова е прв крими трилер филм што го гледале.
Како и да е, многу поише очекував од филмов а добив едно обично ништо. Единствена пофалба за глумата на дечињата, овие стариве врска немаа. Ова ако е филм ноар ја сум Чарли Чаплин.

5/10 оценка.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Bad Day at Black Rock (1955)


Во едно забаталено место застанува воз и од него се симнува еден маж со шешир, куфер и една функционална рака, оди да се чекира во хотел и од првиот момент им станува сомнителен на локалците кои почнуваат да душкаат околу него и да му прават опструкции во неговото сместување тука. Човекот се интересира за еден лик што живеел во градчето и од тој момент влага во таканаречена борба за опстанок против локалното население кое е на страната на извесен Смит, некој као мадафакер у местото и авторитет број еден, дури и над шерифот кој е локален пропалица и пијандура.

Онака филм, просек, заглавив некако у годинава. :D

5/10.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Rebel Without a Cause (1955)


Tинејџер со детинесто понашање е уапсен ради глупости а паралелно со него ради други детски глупости се уапсени уште 2ца други, ликови неповрзани, кои ќе се поврзат откако ќе искочат од станица. Социјална романтична драма за тинејџери незадоволни од родителите, од системот, тинејџери - највеќе овој со црвенава јакна кои сакаат да го променат светот и бла бла бла бла.
Џејмс Дин е главна улога и е стварно фаца и баш ми е жал што загинал. Филмов искача месец дена по неговата смрт. Филмот е онака тапа и досаден, мислам дека добива фама и култ ради самиот Дин али нема врска.

Ова изгледа ќе биде рекордна година по изгледани филмови, а ниеден добар у пичку матер, на одмор сум па глеам како манијак ама добро е бар конечно ќе тргнам од глава доста стари филмови што ми стоеле така пред очи.

6/10 за овој ајде да разбиеме тоа 5ките малце. хехе
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.727
Поени од реакции
36.599
37. Marty - Delbert Mann (1955)
1711549363182.png

Конечно година од која го немам гледано Оскаровецот. Marty е едно едноставно филмче за кое IMDB вели дека е единствен филм во историјата за кој биле потрошени повеќе пари во кампањата за наградите отколку што биле потрошени за да се сними. Со должина од само 90 минути, воедно е и најкраткиот Оскаровец во историјата на Оскарите. Ова е пример како еден филм не треба да има ништо скапо во него: ни костими, ни визуелни ефекти, ни сценографија, па дури ни ѕвезди-актери за да функционира. Тука се почива на глумата, зашто приказната е преедноставна: 34 годишен неоженет месар е притискан од сите страни да се ожени, зашто сите негови браќа и братучеди веќе го направиле тоа, но се чини дека тој има проблем со жените - не може да изговори збор пред нив. Се се менува кога една вечер ја запознава многу сличната на него Клара со која промената е видлива - не може уста да затвори. Но додека тој поминува една прекрасна вечер со неа, сите околу него не ја прифаќаат, но не заради нејзе, туку затоа што ќе го изгубат Марти. Толку. Не знам што очекував од филмов зашто немав ништо слушнато претходно за него, и не знам како @grande-juve , @Anon и сите останати Леттербоксдџии кои ги имам му ставиле превисоки оценки, за мене ова беше еден просечен ОК филм, па така не можам да му дадам повеќе од 7/10, иако првично се мислев за 6.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Seven Year Itch (1955)


Еден човек ги испраќа жена му и синот на летен одмор а тој останува да работи во Њу Јорк. Одма на почетокот гледа други такви мажи како одма сакаат авантури и слично ама тој останува доследен на тоа што и го ветил на жена му а и на самиот себе, дека не е он таков дека нема такви намери, дека како што му рекол и на докторот нема ни да пие ни да пуши. Покасно во денот, во зградата каде што живее ќе се појави Мерлин Монро.


7/10 оценка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom