ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Недела 31: 1973 - 19.05-25.05.2024)

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.113
Поени од реакции
56.101
The Lost Weekend (1945)

Филм за еден неуспешен новелист кој утехата за животните неуспеси ја наоѓа во чашката алкохол. Флашата, пардон.
Има брат кој се грижи за него, кој му помага, а има и една прекрасна девојка која во ниту еден момент не сака да се откаже од него и се труди да го изведе на прав пат, да му го тргне комплексот од неуспех и да му ја врати страста и мотивацијата за пишување новели.

Филм на Били Вајлдер, старово го знам одамна коа прашував за режисери од стариот Холивуд, и во овој предизвик со годиниве ќе биде у прв план да му се изгледа филмографијата.
Ми се свиѓаше филмов иако не е нешто посебно, сепак е океј, има убав тек, добри дијалози, сосема коректно.

6.5/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.018
Поени од реакции
34.605
1705249743088.png

Недела 13: 1964 - 14.01-20.01.2024

Повторно random.org не однесе во година која е веднаш до друга која сме ја поминале. Овој пат 1964, веднаш до 1963 која ја имавме во осмата недела од патувањето и каде поминавме солидно, со средна оценка 7,5 од гледаните филмови.

А во 1964:
3 навистина успешни мјузикли биле меѓу најгледаните: Mary Poppins, My Fair Lady, и The Umbrellas of Cherbourg.
14 филм на Елвис Присли, Kissin' Cousins се појавува во кино салите.
1964 е годината во која Елизабет Тејлор стапува во брак со Ричард Бартон.
На 06.07, A Hard Day's Night, првиот филм на Битлси ја доживува својата премиера.
На 27.08 излегува Mary Poppins и не само што доживува неверојатен успех, туку и станува филмот со најголема заработувачка на Disney во тоа време.

Во 1964 се раѓаат: Николас Кејџ, Бриџит Фонда, Лора Лини, Мет Дилон, режисерот Тод Филд, Ванда Сајкс, Жулиет Бинош, Јан Зиринг, Расел Кроу, Енди Серкис, Тим Блејк Нелсон, Лени Кравиц, Кортни Кокс, Кортни Лав, Сандра Булок, Киану Ривс, Клајв Овен, Гиљермо дел Торо, Дон Чидл и многу други.

Земјата ја напуштиле: Алан Лад, Иан Флеминг (авторот на серијалот за Џејмс Бонд) и многу други.

На филм дебитирале: Џуди Денч, Морган Фримен, Џејмс Ерл Џонс, Шарлот Рамплинг, Ракел Велч и многу други.

1705250657473.png

1705250689762.png

Листа со сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/37th-academy-awards-oscars-1965/
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.113
Поени од реакции
56.101
Dr. Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb (1964)


Сатира и пародија се најглупавиот правец во хуморот. Ова успеа да биде понесмешно и од Монти Пајтон. Знаев дека е сатира и знаев дека е на Кјубрик и пак одлучив да го гледам, не е крив човекот, јас сум крив. Нит му ги сфаќам филмовите, нит па глеам што е толкава фама и култ околу него, океј признавам дека има некој интересен стил на снимање сцени и доста режисери црпеле инспирација од него и му ги користеле форите, али у реду е ај.

Филмов се работи за воена база у Америка чиј генерал нареди сите авиони да бидат на готовс да ја нападнат Русија со нуклеарки, па се убаци претседателот па сакаа да го спречат тоа бла бла бла глупости живи, некоја пародија и црн хумор за Студената војна и слични куротресини.
Питер Селерс е единствен актер во историјата што има номинација за Оскар за 3 различни улоги во 1 филм. Ќе имал и 4 улоги ама се откажал од едната. И така ова според цел свет е најсмешниот филм што постои, за мене е една обична метастаза која треба да ја изгорам со 5 епизоди од Офис едно по друго. А со Кјубрик ќе се видиме пак у 56та година со The Killing.

Оревуа.

1/10 оценка за обидов за хумор.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
431
Поени од реакции
1.513
14. Seven Days in May (1964)







Филм којшто ми покажа колку сум во право што никогаш разумот не ми дава да бирам страна во каков било воен конфликт. Во војни, особено, оние, подмолните, студените, најопасните конфликти се водат во сопствените редови, a спротивставените страни меѓу плебсот се всушност ништо повеќе од марионети. Тоа многу убаво е прикажано во првата сцена од филмот кога имаше две толпи демонстранти со различни мислења. И двете групи ми изгледаа како роботи, војници, ги носеа постаментите со израз на лицето како да не знаат што пишува на нив.

Претседател на САД се обидува да стави крај на студената војна преку потпишување на договор за разоружување на САД и Советскиот Сојуз. Оваа одлука го води во авантура којашто е планирана да се заврши со негово исклучување. Дали динамичната седумдневна мајска операција ќе заврши според планот?

Приказнава ме натера да размислувам за состојбата во политичкиот живот во САД во времето во коешто живеам? Дали некои шеми никогаш не се менуваат? Проверена траса или, пак, ненаучена лекција од минатото?

Многу добри дијалози, добра глума, за жал без големи технички и сцеонграфски можности коишто би направиле да дојдат до израз. За ова навистина се крати оценка затоа што без тоа, навистина и покрај тоа што е 2.5 саати, приказната е толку возбудлива и темата толку интригантна што сценографски и во поглед на ефекти можело навистина да се направи повеќе. Секако, ова е мое скромно, лично лаичко мислење

8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.018
Поени од реакции
34.605
1705871812532.png

Недела 14: 2008 - 21.01-27.01.2024

The Dark Knight
е филмот со најголема заработка во 2008. IGN агенцијата ја опишува 2008 како една од најзначајните години во историјата на филмот. Тие велат: „2008 е годината во која филмовите направени според стрипови не само што го достигнуваат својот зенит, туку и се признаени од критиката, благодарение на The Dark Knight. Анимираните филмови исто така се покажаа како многу привлечни за филмофилите, со WALL-E на Pixar кој станува не само анимиран филм со најголема заработка во историјата, туку и еден од најизвиканите. Работите одат од рака и за филмовите со чудовишта, благодарение на Cloverfield. Марвел ги започнува своите универзуми со Iron Man. (...) После долго време видовме на филм и некои икони на филмската уметност: Бетмен, Џејмс Бонд и Индијана Џонс.“

2008 со сигурност е година во која се родиле многу идни филмски ѕвезди за кои допрва ќе слушнеме.

Но 2008 е и годината во која ги изгубивме: Хит Леџер, Ентони Мингела (режисерот на оскаровецот The English Patient), Артур Кларк (авторот на 2001: Одисеја во вселената), Сидни Полак (режисерот на оскаровецот Out of Africa), Пол Њуман, Мајкл Хигинс, писателот и сценарист Харолд Пинтер и многу други. Слава им!

На филм прв пат ги видовме: сега веќе покојниот Чедвик Босеман (The Express: The Ernie Davis Story), Џесика Частејн (Jolene), Фелисити Џонс (Flashbacks of a Fool), Џенифер Лоренс (Garden Party), Марго Роби (Vigilante), Џина Родригез (Calling It Quits) и Џереми Стронг (Humboldt County).

Навистина стеларна година!

1705872884942.png

1705872963246.png

Листа со сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/81st-academy-awards-oscars-2009/
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.018
Поени од реакции
34.605
23. A Fistful of Dollars - Sergio Leone (1964)

1705954318074.png

Малку доцнам, ама што да правам кога ова беше досадно у пм! 4 дена гледам филм од саат и пол. И не ми е јасно како сите му наакале на ова 8, 9, 10... Не знам што видовте вие што не видов јас. Прво, ко синхронизирана турска серија да гледав. Второ, ефекти и звучни и визуелни на ниво ко правени на дигитрон. Куршумите прават „циу“, секој погоден од куршум „ааа“ и се витка ко дискус хернија на кичма да има и паѓа, а ни трага од куршум, ни крв не видов. На крајот тој Рамон упорно пука во Американецот и упорно директно во штитот, а 80% од телото му е незаштитено - коефициент на интелигенција - негативен број. Не знам, една работа немаше во филмов за која можев да се фатам ко слеп за стап и да го бранам. Една единствена. И будала јас, вестерн ќе сум гледал, пократок бил! Требаше Becket од 2 и пол саати да го пуштам и побрзо ќе ми поминеше времето. Вака и термин испуштив и се изнамачив. Не знам зошто 3/10 му дадов, ама ај да не менувам, ова повеќе од 1 не заслужува. Ужас!
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.834
Поени од реакции
10.947
14. 2008

WALL-E

Pixar-Wall-E.jpg


Анимирано филмче за роботче кое е последното на Земјата и како такво 700години самостојно го собира ѓубрето, по веќе ненаселената планета. Монотониот живот ќе му се промени кога на Земјата ке дојде непознат објект, со нејасна причина за посета.
Фил гуд филмче со алегории за реалниот, мизерен, човечки живот.

4/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.018
Поени од реакции
34.605
24. Vicky Cristina Barcelona - Woody Allen (2008)

1706029840174.png

Од 2008 сите номинирани за Оскар за најдобар филм ми се гледани, па трета недела по ред гледам друг филм, не оскаровецот. Вуди Ален ми е еден од најмалку омилените режисери. Ми смета неговата goofy естетика присутна секаде па и тука. Особено што ми сметаше е нараторот. Може било интересно во филмовите ко Annie Hall од неговите почетоци, ама тука беше голем минус. Друго што ми сметаше е налудничавата и тотално нереална приказна, исто како и крајот - meh. Некако се вративме на мртва точка, иако ја сфаќам поентата на таквиот крај - сака да каже дека Барселона беше само една авантура каква што сите сме имале во животот. Но ретко кој знае и може авантурата да ја претвори во живот. Тоа на Вики и Кристина не им успеа. Инаку, тотално би сакал да сум на местото на Бардем во филмов. Тоа што најмногу ми се допадна е глумата и по малку ме потсети на мелодрамите на Алмодовар, па затоа од мене доби една 7/10 што е сосема солидно со оглед на тоа што се не ми се допадна тука.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.834
Поени од реакции
10.947
14. 2008

The Hurt Locker

1_0a5lNcp8NI99Djra4WeIEg.jpg


Филм во кој одблизу ја следиме Единицата за деактивирање бомби на Американската армија, сместена во Багдад.
Предвидлив филм со класични Холивуд акциони дејствија. Она класичното, еден храбар очаен војник кој нема шо да загуби, еден плашлив и еден со ладна глава во секоја ситуација. Буквално го предвидов изходот на секоја сцена.

3/5
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.113
Поени од реакции
56.101
Taken (2008)


Не знам кој си ама ќе ти ебам матер коа ќе те фатам.
Филмов го знам од мемево, искрено не очекував дека ќе има вака добар рејтинг. Обично не гледам свемогучи акции па затоа и никад не сум го земал у предвид.

Ќерка му на Лиам Нисон, кој е пензиониран ЦИА агент, иде у Париз и е киднапирана во првите моменти коа ќе се смести во градот. Нисон пали авионот и иде по неа да ја спаси.

Добар филм, добра акција, интересна фаца ми е Лиам општо, тоа што за повеќето е Николас Кејџ, за мене е Лиам Нисон, меме лик. Строга фаца, малце збунета, све он најпаметен, најстрог, најразбира, све нај нај од човек. Има една епизода у ситком на Рики Џервејс со еден миџет што сака да напраи кариера како актер и Лиам Нисон доаѓа ко на аудиција и го дупат дека не е духовит, па овој кажува смешка ама нема поима него си тера со неговиот намќорско строг наратив.
И тоа е.

Филмчево ко што реков е добро, милион нелогичности нормално пошто станува збор за акција ама времетраењето од саат ипол го прави да е добар за тепање време, за репризирање, да не те замара и да не ти го тупи пошто реално можеле да го развлечат уште саат време и да не умре од нервоза.
Вака саат ипол Нисон све претепува, убива, праи хаос у Франција и си доаѓа дома со рака у завој, ради реда.

7.5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.018
Поени од реакции
34.605
25. Doubt - John Patrick Shanley (2008)
1706117456774.png

Holy Mother of God... Каков филм! Не знам како го имам испуштено ова, сум го видел насловот, но никогаш не сум ѕирнал за што се работи. А се работи за ремек дело! Пре-пре-пре-прејако! Видов дека @Anon напишал рецензија дека тројцата биле феноменални. Четворицата беа феноменални, Аноне! Виола Дејвис иако само 5 минути на екран, донесе перформанс еднаков на перформансите на останатите тројца и сосема заслужено била номинирана за Оскар. И уште еднаш ќе речам - не за Ди Каприо, туку за Ејми Адамс е најголем криминал во историјата на кинематографијата што оваа жена уште нема освоено Оскар!

Накратко: се работи за едно католичко училиште во 1964, каде сестрата која е директорка на училиштето има сомнеж дека свештеникот заведува еден од учениците... Толку едноставна приказна, а толку слоевито претставена, преку темите за религијата, за моралот, родителството, авторитетот... сомнежот... Филмов го пуштив синоќа пред спиење мислејќи дека како многу други ќе ми помогне да потонам во сон, но ме остави закован во екранот и не можев да заспијам дури и по него, иако немам проблем со заспивање и топови да пукаат. Пре-кра-сен!

9/10

P.S. Значи заради откривањето на вакви ремек дела се радувам што постојат овие предизвик-теми тука. Да не беше времепловот, се сомневам дека ќе налетав на овој филм некогаш.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
431
Поени од реакции
1.513
15. Ghost Town (2008)
Комедии, иако не ми се омилен жанр, сепак постои една нивна страна на којашто им се восхитувам - тие се плод на толку многу труд и талент којшто е прикажан како да е нешто наједноставно за доловување. Само животот посветен на другите е вреден за живеење рекол Ајнштајн. Кога ќе размислиш, голем дел од она со коешто се удираме во гради како достигнување на хомо сапиенс е создадено од почетна идеја да се биде од полза на другите. Сите сме нераскинлив дел од сѐ.

Стоматологот којшто не би се рекло дека е социјална пеперутка откако преживува по седум-минутна клиничка смрт, добива нова супер моќ - може да ги гледа и слуша духовите на починатите коишто се сѐ уште на земјата оти имаат незавршена работа и стоматологот е среќниот избраник којшто треба да помогне за да го остават на мира.

Убави кадри, досетливи дијалози, дури има хумор поврзан со содржината на филмот и во презимето на главниот лик :D и нешто што многу ценам, квалитетен саундтрак, веднаш си го сочував на Spotify.

Животот е прекраток, за, како што велеле нашите стари, да палиме цел јорган за една болва. Секое наше будење е знак дека живееме во збир на нови шанси во коишто треба да се надеваме за подобро утре. А тоа 'утре' може да започне веќе со наредното будење.
Многу пријатен за гледање, 9/10
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom