ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Недела 28: 1929 - 28.04-04.05.2024)

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.306
The Desperate Hours (1955)


3ца осуденици на затворски казни бегаат и влагаат во рандом куќа и таму држат цело семејство како заложници чекајќи ја девојката на еден од овие да дојде и да им помогне да избегаат. Солиден трилер, ова као што разбрав е вистинска приказна уствари. Со Хемфри Богарт.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.639
6 филма на @Џонтра Волта - :bravobe:

Идемо даље:

1711838578432.png

Недела 24: 1997 - 31.03-06.04.2024


1997 или годината на Titanic! Една од најважните години во мојата љубовна врска со филмот. Ова е веројатно стартот на таа врска, иако можеби се започна во 1996, да бидам попрецизен, но по Titanic нештата добија друг правец.

А што се се случило во 1997:

Titanic кој веќе трет пат го спомнувам стана првиот филм во историјата со заработка од преку милијарда долари на box office-от и тој рекорд на филм со најголема заработка во историјата го држеше се до 2010 кога Avatar, филм на истиот режисер, му го одзеде приматот. Истото нешто му тргна од рака и на Jurassic Park кој исто така заработи милијарда долари, но вкупно, целата франшиза, по шестиот дел кој се појави оваа година.

Titanic постави уште 2 рекорди оваа година и се уште ги држи истите:
1. се израмни по број на номинации за Оскар со All About Eve (1950) - со вкупно 14 НОМИНАЦИИ. Потоа единствено La La Land (2016) го има израмнето истиот рекорд кој никој се уште го нема надминато.
2. се израмни по број на освоени Оскари со Ben-Hur (1959) - со вкупно 11 ОСВОЕНИ ОСКАРИ. Потоа единствено The Lord of the Rings: The Return of the King (2003) го израмни овој рекорд кој се уште никој го нема надминато.

Во 1997 се родија: Клои Грејс Морец, Камила Кабељо, Аса Батерфилд, Мејзи Вилијамс, Макс Рекордс, Џејкоб Елорди, Клои Хејден, Сидни Свини, Бела Торн, Мод Апатоу и многу други.

Во 1997 починаа: Бил Ланкастер, Кетрин Скорсезе, Фред Зинеман, Џејмс Стрјуарт и многу други.

На филм дебитираа: Ерик Бана, Пол Бетани, Џесика Бил, Кејт Бланшет, Орландо Блум, Џерард Батлер, Чиветел Еџиофор, Шенон Елизабет, Џенифер Гарнер, Саманта Мортон, Алесандро Нивола, Сара Полсон, Мило Вентимилија и многу други.

1711839895551.png

1711839973023.png

Кој го нема гледано, препорака од мене за The Full Monty - филмот по кој е правена Вардарски пастуви на Театар Комедија.

LB листа со сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/70th-academy-awards-oscars-1998/
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.779
Поени од реакции
10.546
24. 1997

The Sweet Hereafter

the-sweet-hereafter.jpg

Во мало снежно градче во Канада се случува невидена катастрофа. Школскиот бус кој секојдневно веќе 15години е управуван од истиот шофер, ќе претрпи сообраќјна катастрофа, со трајни последици. Во градот пристига адвокат со цел да ги заштити интересите на оштетените, и да ја истера правдата на виделина. Паралелно со неговите активности во градот го следиме и неговиот однос со ќерка му, наркоманка. Адвокатот се обидува да ги убеди сите засегнати во случајот да дадат изјави во суд. Но ќе наиде на неодобрување..
Филмот е драма, бавен, но убав, богат филм. Следиме неколку временски периоди во исто време.

3.5/5
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.779
Поени од реакции
10.546
24. 1997

As Good as It Gets

as_good_as_it_gets_-_h_-_1997.jpg

Мелвин (Џек Николсон) е осамен, опсесивен-компулсивен, мрази се што мрда човек. На неговиот спрат живее артист, геј, кој ќе биде физички нападнат и ограбен. По случајност Мелвин ќе треба да се грижи за кучето на артистот, нешто што ќе му го промени животот. Единствено разнобојно од сивиот живот му е една локална келнерка, во која тој е заљубен. Со текот на времето сите спомнати ликови погоре, ќе формираат круг од пријатели и ќе успеат да си помогнат еден на друг во животот.
Ја очекував филмот да биде јака комедија во која Џек чува куче. Испадна романтика, со малку комедија. Досаден е малку филмот и бавен. Хелен јака теткица.


3/5
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.779
Поени од реакции
10.546
24. 1997

Live Flesh

imgtoolkit.culturebase.jpg

20годишен дечко е вљубен во една калаштура, која што не се ни сеќава дека имала однос со него. Тој оди кај неа, и' изјавува љубов но во обид да го избрка, вербалната расправа се претвара во физичка. На место доаѓаат двајца полицајци, во целата збрка едниот полицаец е ранет по што останува инвалид. Младиот Виктор не е виновен, но е осуден на 6години. По излегувањето има за цел да им се одмазди на тие поради кои бил затворен. И од тука почнува хаосот, класика Шпанска сапуница.
Многу испревртен филм, со многу дејствија и сцени, секс, ќотек. Површински филм се на се.

3/5
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.306
As Good as It Gets (1997)


ОЦД фрик, геј и келнерка ќе се спојат некако и ќе си ги променат животите и навиките. Романтична комедија со Џек Николсон во главната улога. Пишано е погоре од МекЛовин да не се повторувам, тоа е дејството на филмот, имаше комични моменти али у главном е прилично досадна романтична драма со предвидлив крај ко и сите такви филмови, еден од поглупите жанрови ама ајде. Џек Николсон е класа сам по себе и го носи филмот на грб со неговиот перформанс, гоат е царот и го бива за сите улоги во сите жанрови. За воља на приказната можеле и помлад актер да најдат, кога веќе го врзуваат со келнерката или па таа да беше малце постара, вака ич не ми одговараа како пар. 30 години е постар од нејзе. Ја све некако мислев дека ова е филмот со Џек и Дајан Китон коа се заљубуваат ама сеа видов дека тоа е друг филм.

За овој 7/10 оценка, највише ради Николсон.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.639
38. Boogie Nights - Paul Thomas Anderson (1997)
1712252387682.png

Одамна немав гледано филм од маестро ПТ Андерсон. Искрено, ми фалеше нешто вакво, иако морам да признаам дека бев по малку изненаден од приказната во филмов. Се работи за еден продуцент на порничи на крајот на седумдесетите кога сексот се уште бил безбеден, Џек Хорнер (го игра Барт Рејнолдс за која улога заработил номинација за Оскар и бил главен фаворит за освојување на наградата, но по излегувањето на филмот неговата улога не му се допаднала, се каел што прифатил да глуми во овој филм и дури и го утпуштил неговиот агент и се дистанцирал комплетно од кампањата по премиерата на филмот, па многумина веруваат дека баш заради тоа и го изгубил Оскарот), кој го открива младиот, седумнаесетгодишен Еди Адамс (го глуми Марк Волберг, иако улогата прво му била понудена на Леонардо ди Каприо кому му се допаднала, но ја одбил заради тоа што веќе потпишал договор за Титаник). Еди Адамс креира свое порно алтер его - Дирк Диглер кој вртоглаво забележува успех меѓу порно фелата. Но не е само тој главен лик во филмот, туку има плејада на misfits кои го зачинуваат ова со неверојатните приказни кои една по една се отплетуваат. Освен Рејнолдс и Волберг, ги гледаме и цицињата на Џулиен Мур, Дон Чидл, Вилијам Ејч Мејси, Филип Сејмур Хофман, Роберт Дауни Сениор... Интересно е да се спомене дека да беше филмов снимен денес, веројатно ќе беше оквалификуван како woke, зашто ги има сите предиспозиции: има црнец, и тоа таков кој се жени за бела жена, има педер, курви колку сакаш, Мексиканци... Буквално ко од textbook.

Ама сепак - одличен! Најдобар филм за порничи на сите времиња! Плус ако сакате многу :цицки:, ова е филм за вас! 8/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.306
Нина Хартли спомни ја кај актерите бе :D
Вилијам Ејч Мејси
Овој каков лик е аууу :vozbud::pos: Не постои посмешна фаца од него, роден е за вакви улоги на лузер и тотален глупак, трагикомичен карактер. Тука, у Магнолија и у Фарго е ненадминлив. Секако и у Шејмлес.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.306
Amistad (1997)


Вистинска приказна за робови од бродот Амистад кои ќе се ослободат и ќе ги напраат парчиња сите членови на екипажот, освен двајца кои ќе им ветат дека ќе ги одведат во Африка но наместо таму ги носат во Америка каде се заробени од властите кои имаат закон за забрането увезување на робови.
Тие двајцата тврдат дека робовите се нивни, купени од Куба и требало да ги однесат во Шпанија. Стварите се изнесени на суд каде едната страна ги напаѓа робовите за убиство и дивеење во бродот. Двајцата морепловци си ги бараат за нив, додека еден млад адвокат застанува на нивна страна во обид да ги одбрани и ослободи пошто верува дека не се купени од Куба туку се украдени од Африка.
Е сеа, црнците не знаат да зборат на англиски или шпански па е малце тешко за одбраната да ја среди приказната. Арно ама наоѓаат друг црнец кој го знае нивниот јазик и со негово преведување Синке конечно ќе може да ја каже правата вистина. Арно ама тука влагаат политички играчи, претседателот на Америка пред кого се избори, некои други офицери сенати што се за робовладетелство нешто што после 2-30 години ќе букне во граѓанска војна во САД, и поранешен претседател кој ќе ја чуе приказната на црнците и ќе застане на нивна страна.

Спилберг да го праеше филмов 20 години подоцна ќе лапнеше 10 Оскари.
Ентони Хопкинс има номинација за Оскар мада според мене најдоминантен у филмов ми е Метју Меконахи а кога веќе би номинирал некого за Оскар тоа би бил црнецот, Џимон Хунсу. Покрај нив тука се и Стелан Скарсгард и Морган Фримен кој е тука ради реда и поради тоа што е најпознат црнец актер. Нема некоја забележителна улога и малце не верувам дека тој период ќе му било дозболено на црнец да е така еминентен и уважен на некој начин пошто робовладетелството сеуште постоело во Америка тоа време. Јас мислев ова е после Линколн, оно било 2-30 години пред него и пред војната.

Добар филм, судска драма, малце развлечена и можеби досадна ама има едни моменти кога црнецот раскажува како се нашле на Амистад, малце тешки и вознемирувачки сцени.

8/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.639
39. Men in Black - Barry Sonnenfeld (1997)
1712306548159.png

Ова испадна многу позабавно отколку што очекував. Мислев дека е нешто goofy како The Fifth Element, на пример, и затоа секогаш сум го избегнувал, ама испадна забавен филм. Да, има многу глупости, клишеа, дел од CGI-то е ко во видео-спотовите кај нас од почетокот на 2000-тите, но ми се допадна и некако многу брзо ми помина (реално и краток е, само саат и пол). Приказната веројатно на сите ви е добро позната: еден агент во тајна државна служба за справување со вонземјаните кои инаку живеат во човечки тела и меѓу нас, на земјата, сокриени од нивните вонземски предатори, бара кандидат за да го замени зашто планира да замине од службата. И го наоѓа Вил Смит, полицаец во NYPD, кој одлично ги поминува сите тестови и му помага многу во справувањето со една страшна вонземска бубачка која се заканува дека ќе ја уништи Земјата. Умерена и сосема ОК доза на хумор, има навистина смешни моменти, глумата е ОК, дел од визуелните ефекти исто, па затоа не можам да му најдам многу замерки. 7/10 од мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.639
40. Event Horizon - Paul W. S. Anderson (1997)
1712326091748.png

Филм на вториот Пол Андерсон и третиот Андерсон (по Пол Томас и Вес). Го имам фатено на телевизија и гледано, ама ете, не ми беше логнат на LB, значи сигурно тоа било пред 2007. Приказната: во нашата блиска иднина Земјата испраќа вселенски брод во вселената со име „Event Horizon“ кој мистериозно исчезнува на неговото прво патување. Наеднаш, 7 години по исчезнувањето, бродот се појавува близу орбитата на Нептун, па така посадата на бродот „Луис и Кларк“ е испратена за да ја открие тајната за исчезнувањето. Но она што тие ќе го откријат е нешто далеку позастрашувачко... Филм кој помина лошо кај критиката и имаше тежок флоп на бокс офисот, но низ годините што следеа создаде еден култ на следбеници, по него се создадоа неколку видео игри, и и ден денес има некој таков култен статус. Жанрот е некаде измеѓу научна-фантастика и хорор. Интересен филм, држи внимание од почеток до крај. Имаше доста предвидливи моменти и по малце без врска, но генерално ми остави позитивен впечаток. 7/10
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.779
Поени од реакции
10.546
24. 1997

Face/Off

Untitled-14.jpg

Терорист (Кастор) во обид да убие важен детектив(Шон), го убива неговиот син (една од најглупите сцени во филмската индустрија, ама нема да го коментираме тоа). Полицаецот (Џонтра Волта/Никола Скејџ) си поставува за цел да го фати терористот (Никола Скејџ/Џонтра Волта) и после 4години, успева, а брат му го апсат. Проблемот е во тоа што пред тоа терористите имаат поставено бомба, на непозната за полицијата локација. Сега веќе кога братот на Кастор е во еден од најобезбедуваните затвори, а Кастор мртов (така е кажано, иако е во кома), Шон мора да дознае каде е поставена бомбата. И тука иде лудилото. Понудено му е на Шон, со цел да се доближи до братот, да ја земе фацата на Кастор и со супер напредна технологија да го направат ист со Кастор. Успеваат, Шон(веќе Кастор) влегува во затворот. Но се дешава пресврт - Кастор се буди од кома, ја зема фацата на Шон, и сега имаме разменети улоги.

Филмот пршти од кринџ и безсмислени сцени. Ама нормално, акција филм од 97ма, за времето сигурно бил бум во филмската индустрија. Ја си го обожавам Кејџ, легенда, меме човек. Интересен плот има филмов, ич не ми беше досаден. Морам да кажам дека ова е мојот филм гилти плежр.

Една од најаките сцени, умрев коа почна да игра.

А, и неколку мемиња има од филмов, благодарение на г-н. Н. Кејџ.
download.gif
face-off.gif
yes-oh.gif

4/5
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.306
The Rainmaker (1997)


Млад и тотално неискусен адвокат влага во една адвокатска компанија која се занимава со осигурителни полиси односно врбува луѓе кои доживеале незгода за да им помогнат да зимаат оштета од компаниите. Адвокатот наоѓа еден случај, едно семејство чие дете има леукемија и е одбиен за лекување. Паралелно со тоа се бори да спаси една девојка која трпи семејно насилство.
Мет Дејмон е адвокатот, Дени ДеВито е неговиот ортак, Мики Рурк е газда на адвокатската фирма.
Копола не ми е нешто посебно омилен режисер, освен Кум другите 1-2 филма ми се мех, можда им треба реприза, небитно, овој филм е добар, крими судска драма, убав тек, убава глума, Дени е смешна појава тука го глеав ко Френк од Филаделфија хахаха а и самиот таков е смешен, метро пеесе човече не моеш да го сфатиш озбилно. Мет Дејмон истава година има номинација за Оскар за Ловецот на добрата воља, или Добриот Вил Хантинг зависи Миланка у какво расположение е. И тука е добар, не ниво, мене искрено секад ми е добар како актер, не памтам некоја лоша улога негова. Што знам, некако имам впечаток дека јаде хејт од јавноста, нз, мене ми е топ лик.

7.5/10 оценка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom