Уште едно чудо на природата

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Ова е потресувачки феномен на 16-годишното американско девојче Брук Гринберг (Brooke Greenberg) од Балтимор .Иако има 16 години таа изгледа како 11 месечно бебе.Статијата била објавена во (Mechanisms of Ageing and Development Volume 130, Issue 5, May 2009, Pages 350-356).

Јас незнам за друг ваков случај – рекол еден од авторите на статијата Лоуренс Пакула, кој како доктор постојано го надгледува девојчето.. – Брук– таа е изненадување. И ние неможеме да разбериме зошто , девојчето на свои 16 години изгледа како 11-месечно бебе. Многуте испитувања кои ги направиле врз неа не покажале никакви генетски нарушувања кои и’ се познати на современата науката.

Лекарите сепак утврдиле дека , некои делови од организмот на девојчето жиивеат независно едни од други. На пример, забите и се млечни, коските и соодвејствуваат на 10-годишна возраст.Мозокот– исто останал како кај бебе од 11 месеци.

Клетките и се онакви , какви треба да бидат на 16-годишна возраст.
Во медицината се познати случаи, кога деца почнуваат нагло да стареа и на 7-8 години изгледаат како баби и дедовци.Но, да останеш дете долги години ? Возможно е само кај Брук – која е единствен случај на белиов свет.Семејството има уште три ќерки од - 22, 19 и 13 години.Но, тие се развиваат и стареат нормално како сите луѓе. Брук тежи околу 7 килограми, и висока е 80 сантиметри.

Брук за прв пат им дава шанса на научниците да го пронајдат тој регулатор, ген или група на гени кои ќе ги застанат луѓето да се менуваат со години. Во неа е скриена тајната на вечната младост.











ИЗВОР


или на http://video.google.co.uk/videosearch?hl=en&q=Brooke+Greenberg&um=1&ie=UTF-8&ei=jRJSSqCaJZ2wnQPWrdDBAg&sa=X&oi=video_result_group&ct=title&resnum=4#
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
За да не се насоберат куп постови од "експерти за медицина" со мистичен нагласок, темава ќе ја префрлам во соодветниот подфорум за Здравје, каде што и модераторот е со познавања од здравствената проблематика на човекот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom