Уште еден сомнителен "бизнис"

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Причина за да ја отворам оваа тема (откако ја исчитав оваа) е нешто на кое налетав лани додека барав некоја дополнителна работа и сеуште мислам дека е чукање празна слама.

Имаше оглас во стилот "дополнителна работа од дома, бла бла бла ...."
и мејл за контакт

nikola-atanasovski[at]hotmail.com

Прва порака:
Почитувани,​


Внимателно прочитајте го текстот каде што има детално објаснување на кој принцип функционира фирмата Scnet
Се работи за нова фирма која што е создадена најпрво во Унгарија (пред 2 години), таму се извршени сите прегледи, можности и отстранети се сите аномалии за како да функционира оваа фирма. Почетоците на фирмата се во Србија, Нови Сад, таму се наоѓа и матрицата на фирмата. Во Македонија е отворено седиште нa фирмата пред 3 месеци.
Се работи за фирма која што има склучено договор за 3 месеци во Македонија со преку 200 фирми од кој и Тедико Супер, мобилната телефонија One, Макпетрол бензиски пумпи, Промес Месарници, Еуролинк осигурување, Нептун за бела техника и уште 200 други фирми за само 3 месеци. Овој бизнис се шири со огромна брзина и секој ден се наоѓаат нови фирми и поединци луѓе кои што некои го гледаат како можност за дополителна работа, а многу и како основна работа.Во Србија оваа фирма функционира подолго(Март 2011) и имаат договори со преку 3000 фирми.
Постојат премногу можности за доаѓање до парите кои што ни се на сите потребни.
- Прва работа е тоа што во сите фирми кои што имаат склучено договори со SCNET се купува со попуст.
Пример: Купувате во тедико за 1000 денари, со оваа фирма добивате 4% попуст на тие производи и разликата ви доаѓа кај вас на сметкаповрат на пари и во сметка на акумулации. Подетално можете и сами да си видите на страната на Scnet.
- Втор начин на заработка е со купување на профитно право т.е. капарисување на профитно право кое чини 3100 денари или 50 евра. Можете да купувате во сите фирми кои имаат склучено договор со Scnet меѓутоа за да добиете профитно право ќе ви требаат 830 евра за да исполните едно профитно право, а со капарисувањето се обврзувате дека ќе бидете соработник во Scnet и дека во рок од 3 години ќе ги остварите останатите 780 евра. Најбитно е тоа што секое профитно право кога ќе се исполни носи 500 евра, од кои 360 евра на ваучер и 140 евра во кеш и добивате уште 3 бонус профитни правакои можат да ви донесат уште 1500 евра затоа што секое профитно право носи по 500 евра. Тоа е системот на бинарна матрица кои треба да биде исполнет со 60 профитни права. Подетално можете да видите на страната на Scnet и за овој начин.
- Трет начин на заработка е кариера, тој ви овозможува да започнете свој бизнис со Scnet со влегување на голем модел односно капарисување на повеќе профитни права кои што можат да ви донесат и по 1000, 2000, 3000, 5000,10000 евра
Пример: Влегувате во бизнисот со 500 евра,а секое профитно право е 50 евра тоа се ваши 10 профитни права и секое од тие носи 500 евра. Друга исто може најбитна работа е тоа што тие вложени 500 евра се ваши, само вие имате пристап до нив и само вие можете пак да си ги трошите кога и да посакате само да бидат потрошени во фирмите кои што соработуваат со Scnet и така купувате со попуст кои што ви доаѓа на сметка во поврат на пари и во сметка на акумулации се таложат.
Можете ли да си замислите до сега што сте купувале да сте купувале со попусти и сите тие попусти да се таложеле на вашата сметка колку пари би имале сите ние,а се купуваат основни производи, работи кои ни требаат секојдневно; леб,млеко, месо, сувомеснати производи, ставање на бензин со попуст, купување на one ваучери или постпејд секој има мобилен во денешно време итн. Идејата е генијална и фирмата функционира легално каде што има свое преставништво во центарот на Скопје.

Ви благодарам на вниманието текстот е долг затоа што сакам подетално да ви го објаснам функционирањето на Scnet. Исто така ви стојам на располагање во секое време да се видиме и подетално да ви го објаснам функционирањето и да се уверите и сами дека се е легално функционира одлично.

Регистрирањето на страната е бесплатно и од како ќе се регистрирате имате објаснето за сево ова што јас ви пишав во овој текст.

За регистрирање на страната ви треба Id на инструктор затоа што системот работи со препорака, мојот Id број e 118825 и телефонски број на id инструктор, 076-984-493, тоа е мојот број и можете да ми се јавите на бројот и за подетални објаснувања.

Регистрирањето треба да го направите по принципот кој што е даден одма до полињата за пополнување пример: дд/мм/гг за ден, месец, година на раѓање со коси црти, како на примерот.


Ви посакувам убав ден и можете да ме побарате на телефонскиот број објавен погоре во било кое време и достапен сум ви во било кое време за да се видиме и да ви го дообјаснам принципот на работа, да отидеме до преставништвото во Скопје каде што на чело на преставништвото во Македонија е Ивица Стојановиќ кој што е директор на Scnet Македонија.

Ова е линкот од фирмата
http://scnetmakedonija.com/
Поздрав и се најдобро до вас
Во исто време, уште една порака:
Почитувани,


Ве покануваме секоја среда во хотел Порта во Аеродром, спроти Вучко
да дојдете на јавно информирање за функционирањето на Scnet и да се уверите дека
фирмата функционира генијално. Може да ме побарате и на мојот телефон 076-984-493 и да се видиме и пред информирањето.
Регистрирањето на страната е бесплатно и работи по принцип на препорака. Потребен ви е id на инструктор, мојот ид број е 118825 и телефонот погоре објавен. Откако ќе се регистрирате добивате ваша web канцеларија и ваш id број со кој и вие можете да бидете членови во scnet, да купувате производи со попуст, да заработите минимум 500 евра, да ја проширувате мрежата, преку ваши пријатели, познаници, роднини итн.

Напомена: Работата е тимска, може да ви донесе голема заработка, бизнисот функционира 3 месеци и се проширува од ден на ден со нови фирми и луѓе, можете да го гледате и бројот на членови и фирми како се проширува секојдневно.

Поздрав и се најдобро до вас, имајте убав ден!
И третата порака...

Трошокот е 50 евра, тоа е за мал бизнис, инаку можат да се купат најмногу 28 ПП права тоа се 1400 евра,
секое ПП право е по 50 евра и пак тоа се ваши пари кои може да си ги трошите али пример се одлучите за 50 евра
купувате Профитно право(ПП) и веќе сте соработник во Scnet и од секој нареден после вас пример ставил бензин во
Макпетрол, купувал во Тедико или Промес, купил ваучер од One,уплатил некој за животно осигурување во Еуролинк
и во сите парнери фирми со Scnet вие добивате пари од тоа( во поврат на пари) вие исто купувате негде во фирмите партнери
ви доаѓаат пари во Ваши купувања и во поврат на пари. Тоа е еден начин, другиот начин на заработка е тоа што секој нареден после
вас што ќе уплати ПП право ви го прикажува и кај вас на бинарна матрица и се е во зависност од тоа колку профитни права ќе купат
за да го работат тоа.На секој 8 купени профитни права добивате едно бонус ПП, на 16 ПП права добивате бонус ПП право итн на и кога ќе се наполни бинарната матрица до 60 ПП
права добивате 140 евра во кеш и 360 евра на ваучер и три бонус профитни права, ова е добивката од уплата на 50 евра, уплата на
100 евра или 150 евра ќе ви донесат 260 евра кеш и 720 евра ваучер, 150 евра- 400 евра кеш и околу 1000 евра ваучер итн.
Трет начин на заработка вие кариера, ова е начин за заработка за луѓе сто ќе се решат ова да го работат како основна работа и се одлучуваат за голем модел од 10 ПП права, 15, 20 или 28(најголем модел)
ова е најпрофитабилен начин и во рок од месец два парите си ги враќаат и имаат најголем профит тие што почнуваат со овој модел.
Четрвт начин на заработка е тоа што од вашите вложени пари(ПП право-50 евра) можете да си ги трошите и тие пари пак ви стигнуваат во ваши купувања и во поврат на пари.
Ве разбирам и вас што мислите дека некој сака да ви ги земе парите таква е за жал реалноста во Македонија али не е така еве ви објаснив како функционира системот и си функционира се.
Има и уште, ама ова доволно е сега за сега.


сајтот
http://scnetmakedonija.com/



Ај, коментирајте сега.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Овој сум го видел во некој оглас уште минатата година. Уште одма приметив дека е некоја далавера.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Имаше оглас во стилот "дополнителна работа од дома, бла бла бла ...."




Ај, коментирајте сега.
И што да коментираме.... се е видено..
... со стари финти се бараат нови будали!
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
И што да коментираме.... се е видено..
... со стари финти се бараат нови будали!
Додека има овци ќе има и волна.
Дури и најмутавиот човек кој има интелегенција како зимска температура во Сибир ќе свати дека овде нешто смрди, фирма со адреса на Hotmail.com и директор кој има pre-pay мобилен. Г-дине директоре на оваа фирма, оди фрли се во Вардар или напиј се солна киселина, немој да лажеш наивен народ.

Sent from my HTC One X using Tapatalk 2
 

bongo

ЛИВЕРПУЛ
Член од
14 октомври 2008
Мислења
87
Поени од реакции
8
Во оваа работа се вклучив неодамна и не е точно дека некој бара од вас да уплаќате парино доколку вие сакате а не сте обврзани,може да уплатите капар (но овие пари и да ги уплатите не се изгубени и може веднаш одкако ќе ги уплатите да почнете да ги користите за плаќање во фирмите партнери) за побрзо да започнете со заработка но може и да ги собирате овие права на профит со попустите во фирмите партнери каде пазарувате и сето ова функционира беспрекорно.Немате никакви обврски ниту да зачленувате други, ниту да уплаќате некакви парични средства, може само да ја користите вашата картичка и да пазарувате во фирмите партнери не сте обврзани со ништо. Не е се што ќе прочитате измама,но покрај многуте измами што се појавија ве разбирам зошто не верувате во оваа работа но верувајте ова навистина функционира.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
„Трошокот е 50 евра, тоа е за мал бизнис, инаку можат да се купат најмногу 28 ПП права тоа се 1400 евра,
секое ПП право е по 50 евра и пак тоа се ваши пари кои може да си ги трошите али пример се одлучите за 50 евра
купувате Профитно право(ПП) и веќе сте соработник во Scnet и од секој нареден после вас пример ставил бензин во
Макпетрол, купувал во Тедико или Промес, купил ваучер од One,уплатил некој за животно осигурување во Еуролинк
и во сите парнери фирми со Scnet вие добивате пари од тоа( во поврат на пари) вие исто купувате негде во фирмите партнери
ви доаѓаат пари во Ваши купувања и во поврат на пари.“

Типична Пирамида.
Јавете се во Макпетрол, Тедико итн Да прашате дали навистина оваа фирма има договор со нив и решен проблем.

Иако ова мене ми смрди на Гекам ТАТ итн.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 15:04 ---
Во оваа работа се вклучив неодамна и не е точно дека некој бара од вас да уплаќате парино доколку вие сакате а не сте обврзани,може да уплатите капар (но овие пари и да ги уплатите не се изгубени и може веднаш одкако ќе ги уплатите да почнете да ги користите за плаќање во фирмите партнери) за побрзо да започнете со заработка но може и да ги собирате овие права на профит со попустите во фирмите партнери каде пазарувате и сето ова функционира беспрекорно.Немате никакви обврски ниту да зачленувате други, ниту да уплаќате некакви парични средства, може само да ја користите вашата картичка и да пазарувате во фирмите партнери не сте обврзани со ништо. Не е се што ќе прочитате измама,но покрај многуте измами што се појавија ве разбирам зошто не верувате во оваа работа но верувајте ова навистина функционира.
1. Сомнително е што има можност за капар. Може да си кидне со парите.
2. Тоа со Профитните права ми е многу сомнително бидејќи добиваш процент од туѓо трошење
3. Не ми е јасно како прави фирмата профит
4. Има една изрека "too good to be true".
5. Тие што беа први во ТАТ и заработија пари...ти што се последни се ебаната страна.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Добро бе уште ли има будалетинки во Македонија???.После сите оние пирамиди и сијасет други волшебни бизниси??????
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Добро бе уште ли има будалетинки во Македонија???.После сите оние пирамиди и сијасет други волшебни бизниси??????
1. Даваат некој мали попусти од неколку фирми овде мислам дека директно исплаќаат што не остава многу постор за превара. Ама и нема да се офајдиш многу. 3-4% имаш попуст од неколку јаки Македонски фирми.

2. Нешто ѕирнав на нивниот сајт во основа е како оние продавачи на Орифлејм и Цептер. Само што наводно имале склучено договор со јаки фирми Како Макпетрол, Оне, Тедико итн. И треба да замараш луѓе да купуват од тие фирми. За да земаш процент од нивните трошења.

3. Но, има еден многу сомнителен твист може аконтација да даваш за идни купувања. Те да им префрлиш пари на фирмата со кој ќе гарантираш идни купувања од фирмите со кој имаат договор е овде наводно може многу пари бидејќи се земаат проценти од парите кој им се депонирани. Но, има многу место за превара. Може во секој момент газдата да си ги собере парите и да здувне за Кајмански Острови.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Редовно одржуваат состаноци онаму кај што јас работам, ми беше понудено и мене но штом слушнав сега влозуваш 50 евра, јас реков да не е нешто како ГЕМ и ми рекоа, ништо тогаш штом не веруваш, едниот од „дечките„ верувале или не секој ден разговара со 5-6 луге за овој „профитабилен„ бизнис.
Незнам зошто но секоја сметка што ја направиле ја впишувам во тетратка оставена од нив која верувале или не ни служи само како мауспад, и да ти се најде за спортска кога пишуваме, ПС тетратките јас лично ги „менувам„ едната во корпа другата со иста намена.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Смртна казна за овие друг лек нема.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Не морам да уплаќам и да отварам кога веќе имам картичка од КБ и во тедико ми враќаат 4%од износот
 

bongo

ЛИВЕРПУЛ
Член од
14 октомври 2008
Мислења
87
Поени од реакции
8
Јас сум на почеток и немам вложено, досега на неколку пати имам пазарувано во фирмите и попустот редовно ми е вратен па за натаму ќе видеме како ќе биде
 

Kajgana Shop

На врв Bottom