Учење и видови учење

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.849
Секојдневно ние чоециве учиме, сакале или не многу работи. Но речиси никогаш не сме се запрашале или не сме се судриле со некои информации околу начините на кои учиме и се надоградуваме како личности. Со оваа тема сакам колку толку, да шибнам по некој збор за видовите учење, облиците на учење како и нивна реализација со цел сите оние кои се заинтересирани да дознаат нешто повеќе, да научат нешто повеќе па и да додадат мислења :D Ако ве мрзи се да исчитате, насочете се само на теориите на класично условување и на инструментално учење (тие така лично мене најинтересни ми беа), пошто истите кажуваат околу два интересни начини на учење, и преку примери поилустративно ќе можете да ја согледате разликата меѓу овие две теории.

Според традиционалното сфаќање, поимот учење ги содржи следниве карактеристики:
- тоа е свесно,намерна активност;
- целта му е стекнување на знаење или вештини;
- најчесто е врзано со намерно повторување.

Класификација на обликот на учење

Некои класични обиди за класификација на обликот на учењето,учењето го класифицираат во два вида на учење:
Едноставно учење
Сложено учење
Едноставното учење ги вбројува: класичното условување (условен рефлекс) и инструменталното учење (учење по пат на проба и грешка)
Сложеното учење ги вбројува : моторното учење, вербалното учење и учењето по пат на решавање на проблеми (учење со увидување)

Една од подобрите истакнати класификации е класификацијата извршена според овие два принципа:
Поделба врз основа на начинот на учење
Поделба врз основа на материјалот што се учи.
Првата поделба врз основа на начинот на учење разликува:
1. Едноставни облици:
условување
механичко учење
2. Сложени облици
учење по пат на проби и грешки
учење по пат на проби на увидување

Втората поделба врз основа на материјалот што се учи разликува:
1. Моторно учење
2. Вербално учење

Е сега следува поинтересното (барем за мене).
Класичното учење кој го расчепкал Иван Павлов. Тој смета дела сите човекови реакции се научени со овој најпрост облик на учење. При класичното учење се разгледуваат поимите природна дразба, природен рефлекс, условна дразба, условен рефлекс.Значи со често емитување на условната дразба во краток временски период пред природната, по некое време организмот рефлексно ја извршува реакцијата што е иста со онаа при природната дразба. Пример со кучето на кое Павлов вршел експеримент. Кучето нормално при насетување на храната што Павлов му ја давал лачело плунка. Пред да му даде храна Павлов му свирел на кучето со метроном. По повеќе повторувања кучето почнало да лачи плунка кога ќе го слушнело ѕвукот, иако храната не му била дадена. Храната во устата на безусловен начин предизвикува лачење на плунка. Затоа Павлов храната ја нарекол безусловна дразба, а лачењето на плунката безусловна реакција. При посебни услови неутралната дразба почнува и самата да предизвикува лачење на плунка. Затоа, неутралната дразба Павлов ја нарекол условна дразба, а лачењето на плунката предизвикано од условната дразба, го нарекол условна реакција. Според сфаќањето на Павлов, основен услов за создавање на условна реакција е временскиот допир на две дразби. Оттаму, ова сфаќање е наречено теорија на допирот.
Би можеле да речеме дека условната реакција ние не ја вршиме, туку повеќе,, присуствуваме,, на нејзиното автоматско извршување. Од бројните огледи кои тоа ни го покажуваат ќе наведеме само еден. Пр.:,, Вдиши,, На испитаникот му се вели на зборот,, вдиши,, длабоко да вдише воздух. Оваа активност рефлексно предизвикува собирање на крвните садови. По извесен број на обиди од овој вид, од испитаникот се бара да не вдишува воздух кога ќе му се рече,, вдиши,,. Апаратите покажуваат дека тој навистина не вдишува, но на зборот,, вдиши,, неговите крвни садови почнуваат да се собираат. Неутралната дразба стекнала контрола над една внатрешна, автономна реакција. Самиот човек не е свесен дека неговите крвни садови се шират, тој не може намерно да влијае на таа реакција; реакцијата се одвива автоматски, без оглед на неговата намера.
Класичното условување е како форма на учење е значајно и од аспект на емоционалното условување. Еден од најпознатите експериментални истражувања на емоционалното условување е огледот што во 1920 година го извршиле Вотсон и Рајнерова. Испитаник бил малиот Алберт, единаесет месечно домско дете. Испитувачите најнапред утврдиле дека Алберт не се плаши од животни како што се; глушец, зајак, куче, мајмун итн. Потоа го извршиле следниот оглед : на детето му се покажува бел глушец кого тоа љубопитно го набљудува; одненадеж зад грбот на детето се произведува многу силен звук којшто на вроден, безусловен начин предизвикува силна емоција на страв. По се на се 3 до 4 сеанси на повторувања на оваа ситуација детето почнува да покажува страв при појавувањето само на белиот глушец.
Условно стекнатата емоција лесно се шири, се генерализира. Малиот Алберт почнал да се плаши не само од белиот глушец, туку од белата боја воопшто, и од крзнените предмети воопшто;

Инструментално учење

Главно својство на овој облик на учење е што активноста која се превзема представува инструмент да се стигне до целта т.е. до наградата. Во суштина представува принцип на подкрепување. Според ова сваќање психологот Хал ја изградил теоријата на подкрепувањето. Инструменталното учење ќе го запознаеме преку примерот на Торндајк со неговата мачка. Имено пред крајот на минатиот век прочуениот американски психолог Торндајк различни животни ставал пред различни проблеми и го набљудувал начинот на кој тие ги решавале проблемите. Во еден од своите огледи Торндајк затворал гладна мачка во еден специјален кафез, а пред кафезот ставал привлечно парче од риба. Вратата на кафезот била затворена со резе.Со повлекување на една јамка од јаже, којашто висела во кафезот, резето се кревало и вратата се отворала. Торндајковите животни, обично, правеле безброј неуспешни обиди. На пример, мачката се обидувала со стапот да го привлече парчето од риба, а што не било можно, или да се протне меѓу летвите на кафезот што, исто така, било уште помалку можно. Во низата од слепи и неуспешни обиди, мачката случајно ја повлекува јамката и вратата се отвара. Се случува мачката тоа и да не го забележува. Опишаното однесување Трондајк го сфаќал како низа на слепи обиди која се завршува со случаен успех. Дека во ваквото учење на учествува интелигенцијата, најдобро се гледа од постапноста во учењето: кога животното повторно ќе се стави во иста ситуација,откако еднаш излегло од кафезот, тоа ја повторува претходната низа на неуспешни реакции и пак само случајно ја постигнува целта. Меѓутоа, кога огледот ќе се повтори повеќе пати, бројот на погрешни реакции постепено се намалува, а точната реакција се изведува се порано и се побрзо. Најпосле, животното научува да ја повлече јамката штом ќе се стави во кафезот.Сите неуспешни реакции со време се елиминираат, додека реакцијата која непосредно доведува до награда се зацврстува. Наоѓајки се пред тој факт, Торндајк заклучил дека операциите коишто доведуваат до задоволување на постојниот мотив автоматски се,, втиснуваат,,, се зацврстуваат, додека оние операции кои тоа не го прават, или, пак, доведуваат до непријатна казна, се елиминираат. Токму опишаната законитост на учењето Трондајк ја нарекол закон за ефектот. Зошто токму тоа име го дал,се гледа од следнава посодржајна формулација на тој закон: операциите се зацврстуваат или се елиминираат зависно од ефектите(последиците) до кои довидуваат. Оваа форма на учење ја потврдува теоријата на поткрепување. Поентата,, на инструменталното учење во основа е сосем проста.Однесувањето кое сакаме да го зацврстиме треба доследно да го наградуваме(поткрепуваме), а однесувањето кое сакаме да го ослабиме или елиминираме не треба да го наградуваме, туку да го казнуваме..
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.849
Учење на лавиринт

Мошне слично со инструменталното учење е и учењето на лавиринт. Ова учење најмногу одговара во експериментите со глувци при што глувчето треба да го најде најлесниот пат да излезе од лавиринтот за да стигне до храна. Основната разлика од инструменталното учење е што организмот мора да избере помеѓу повеќе можности и при тоа по одреден редослед да стигне до целта. Со ова учење го споредуваат учењето на луѓето на серија на бесмислени зборови.

Учење на разлики или дискриминационо учење

И во овој облик на учење за успешно решен проблем следува награда со таа разлика што организмот мора да ги научи и разликува точните од лажните реакции и дразби. Може да се каже дека овој процес е всушност присутен во сите облици на учење.


Учење по пат на увидување

Учењето по пат на увидување представува највисок облик на учење кај луѓето. Најмногу во врска со овој опблик на учење се занимаваат Гешталт психолозите од кои се издвојува Келер. Увидувањето се однесува на разбирањето на односот помеѓу објектите, а сфаќањето на односите е по многумина одлика на работата на интелигенцијата. На пример: мајмунот е затворен гладен во кафез во кој има и неколку стапа. Пред кафезот има банана која мајмунот ја дофаќа само со помош на стап. По неколку залудни движења (со цел да ја дофати бананата) тој се ' позамислува “ и се снаоѓа со стапот да ја дофати. По повеќе повторувања тој тоа го научучува. Овој вид на учење често поцелосно се нарекува,, решавање на проблеми со увидување,,. Проблем постои тогаш, кога расположливите,, средства,, не се доволни за остварување на некоја цел. Она што го знаеме и што умееме не е доволно за постигнување на она што го сакаме. Сегашната ситуација го надминува нашето минато искуство. За да го реши проблемот, човекот мора да ги надмине своите установени начини на однесување, мора да ги надмине своите установени начини на однесување, мора да оствари новина во своето однесување, мора да открие нови средства за постигнување на саканата цел. Значи решавањето на проблем е поширок поим,, решавање на проблем со увидување,,. Проблем постои тогаш кога расположивите,, сретства,, не се доволни за остварувања на некоја цел. Она што го знаеме и што умееме не е доволно за постигнување на она што го сакаме.Сегашната ситуација го надминува нашето минато искуство.За да го реши проблемот,човекот мора да ги надмине своите установени начини на однесување, односно мора да открие нови средства за постигнување на саканта цел. Поимот,, увидување,, или,, увид,, преземен е од секојдневниот говор, но психолозите му дале прецизно научно значење..Овој поим во психологијата го вовел познатиот германски психолог Волфанг Келер за со него да го опише решавањето на проблеми од страна на антропоидните мајмуни. Како што ќе видиме подоцна, увидувањето на односите, претставува основна карактеристика на мислењето и на интелигенцијата. Оттаму,, секое решавање на проблем со увидување,,, всушност, е решавање на проблем со мислење, односно интелегентно решавање на проблемот.


Учење по модел

Особено значајно при развојот на детето е учењето по модел. Имено уште од мало детето свесно и несвесно ги прифаќа и постапките на возрасните. На тој начин стекнува одредена форма на социјално однесување. Согледувајќи го тоа возрасните намерно им сугерираат на децата да ги прифатат добрите модели,а одфрлат спрема нив лошите и непожелни модели и однесувања.

Никола Рот разликува три вида на учење по модел : идентификација, имитација и учење по улоги.

Теорија на двата фактора

БИТНО: Поврзано со двата главни облика од првиот пост, се појавува оваа теорија. Оваа теорија истакнува : принципот на допир и класичното условување (ПАВЛОВ) важат за автономните реакции, додека законите на инструменталното учење и принципот на поткрепа за работата (Торндајк) за однесувањето на скелетната мускулатура

Уште би ја спомнал когнитивната теорија, во која основната идеја на конгнитивната теорија е дека човечкиот дух не може да се објасни преку механизмот на асоцијација, што повлекува дека сите облици на учење не можат да се објаснат исклучиво со асоцијативните процеси. Сепак одредени конгнитивни теоретичари како Толман дозволуваат дека покрај конгнитивните да постојат и асоцијативни процеси при што поедини едноставни облици на учење се објаснуваат со асоцијативни, а сложените облици на учење преку конгнитивните процеси. Значајна е и следната теорија од Маерс и Данкер која вели :” двата принципа асоцијација и конгниција независни една на друга некогаш делуваат претежно изолирани, но често и комбинирајќи ги своите дејства”. Зборот конгниција е латински збор што значи знаење, сознавање. Поширокото значење на конгницијата се доближува до класичното и вели : Конгнитивни процеси се сите оние процеси кои доведуваат до сознавање на светот околу нас. Во нив спаѓаат : забележувањето, помнењето и прикажувањето, јазикот, мислењето и создавањето поими. Овие процеси ги проучува конгнитивната психологија. Сепак ние треба да ги разликуваме конгнитивната психологија од конгнитивните теории на учење. Според Радоњиќ ова значење е многу општо и не ги означува основните теории на учењето. Потесно значење на конгницијата се поврзува со процесот на мислење. Процесот што кај луѓето има барем две значења:
a) Користење на симболи. Човекот се вели дека мисли кога се повлекува од надворешниот свет во ' своите мисли “ и размислува за минатото, сегашноста, иднината, работејќи со представите, а не со надворешните предмети.
b) Забележување и увидување на односи. Представува увидување да односот и сложеноста на новите кореланти со веќе научените и познати.
Во групата на конгнитивни процеси психолозите го ставаат и процесот на разбирање како и процесот на представување.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
А како да учам од глупите презентации шо се состојат од копирани расфрлани слајдови без никаков ред од презентациите на претходниот професор и од лошо преведени презентации од странски кој ти знае какви факултети?
А притоа ако учиш од книга други вредности и друг начин на раскажување, и после идеш на испит и глупачата те бута оти не си и издиктирал шо пише на слајдот додека таа го гледа од лаптопот?
 

MikioBo

Учител на машини
Член од
22 ноември 2009
Мислења
256
Поени од реакции
174
Oваа тема е интересна за мене затоа што во последниве неколку години поинтензивно се занимавам со машинско учење.
Во машинското учење најчесто присутни се инструменталното учење (што според твојот опис ми наликува на reinforcement learning), дискриминационото учење и учењето по модел. За сите овие начини на учење има солидни математички основи и модели (особено за дискриминационото учење), и за многу видови проблеми машините веќе учат многу побрзо и поуспешно (со помалку грешки) во однос на човекот.

Моментално најголемата препрека за машинското се наоѓа кај од тебе наведеното учење по пат на увидување. За ваквиот тип на учење, не се доволни само математички модели и методи на оптимизација, туку е и потребен некој вид на логика заедно со база на знаење (тука се содржи се она што машината го знае за светот). За да се спроведуваат потребните логички инференции со цел да се дојде до некое ново знаење (увидување), потребен е голем број на податоци во базата на знаење. За жал, бројот на логички операции потребни за да се пресметаат сите овие инференции е премногу голем за денешните компјутери (особено со големи бази на знаење) и токму затоа ваквиот тип на учење ќе остане практично невозможен за машините, барем се додека не добиеме многу помоќни компјутери.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Одлична тема, треба да се прочита и да се научи нешто.
Со текот на моето учење сознав како да учам а тоа се базира на теоријата:
Да знаеш како да знаеш , да знаеш како да учиш.
Едноставно е, читај се од почеток до крај и не оставај нејасен збор.
Нејасните зборови всушност ни прават да ја не знаеме цела реченица поради еден нејасен збор.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.304
Поени од реакции
5.909
Учење со сликовно (визуелно) помнење, врвен начин дефинитивно и најздрав и најдобар за умот и мозокот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom