Уценување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Што мислите за уценувањето? Начин човек да се снајде или најдолен чин?

Дали сте биле уценувани за нешто и како сте изреагирале? Какво е вашето мислење за уценувачите? Зарем се толку очајни па мора да бараат начин со уцени да го постигнат тоа што го сакаат?

Дали вие сте уценувале? Дали сте сметале дека тоа е единствениот начин?

Дали уцената претставува единствен излез за некои решенија или...?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Лично јас никогаш не би уценувал некако зашто убаво знам како мене на моменти ми било да бидам уценет иако се работи за мали работи но чуството е доволно одвратно. Ги презирам сите луѓе кои уценуваат и за мене тие не се луѓе зашто секогаш може да се најде подобар и почовечки начин за решавање на проблемите.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.663
Хохохо, колку да, претставува единствен излез од ситуација.
Не е очајно, снајди се да преживееш ситуација.
Практикувам да дојдам до одредена цел, но не некои екстремни ситуации.
Гад сум, арогантен и без свест.

:pipi:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Уценувањето го сметам како еден нормален начин на секојдневно функционирање или најдолен и најочаен потег за добивање на тоа што се сака. Најдолен чин е кога се работи за уценување од кое задоволна излегува само едната страна, а другата најчесто покрај тоа што нема корист, останува навредена и повредена. Но, кога се уценува за нешто од што корист имаат двете страни, тоа е веќе нормално. Пример, уценети сме да учиме за да добиеме повисока оцена, уценети сме добро да работиме за да бидеме платени, уценети сме да се однесуваме пристојно за да бидеме прифатени и сл.
Инаку, од тие првите подмолни уцени, сум добила неколку и сум ги прифатила. Иако ми се превртиле сите органи во мене, биле такви да не можам да им се спротивставам. Јас не сум уценувала (барем не за моја себична потреба) и се надевам дека никогаш нема да.
А дека уцената е единствен излез од некои ситуации или проблеми... не би рекла. Секогаш има почовечки начин да се реши се` што треба или мора.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Во последно време честа појава :toe: сум бил уценуван но во зависност од ситуацијата сум прифаќал или не...некогаш се очајни да и ја користат таа твоја слаба точка за да добијат нешто :tapp:
 

Пуци

Somewhere in time
Член од
16 август 2008
Мислења
571
Поени од реакции
13
Да сум бил уценувам и тоа многу пати од мојата СЕСТРА.И да во секој миг кога ме уценува знае дека нема друг начин за постигнување на нејзината цел,освен уценувањето.

Од друга страна пак јас многу мразам такви луѓе и не уценувам(не дека ги мразам,ама ако толку сакаат да постигнат нешто зашто на таков кукавички налин да го постигнат...)

Никако...уцената не претставува единствен излез за некој решенија
 

Potato

Cold hearted
Член од
18 мај 2007
Мислења
4.924
Поени од реакции
86
Интересно е, на пример ти треба некоја работа брзо, а немаш време да го убедуваш и му велиш, напиши ми домашното оти ќе и кажам на девојка ти со кого беше во саботата. Откако ќе ти го напише, ќе и пишеш анонимно писмо на девојката, со слика . )
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Сите се така бе, шо некој не е така и не ти знам што. Па секој уценува, не секогаш ама му се наогало ситуација да уценува. Па се случувало и кај мене така кога немаш излез од ситуација мора да му кажеш тоа или тоа, мора да одлучи. Не секогаш ама ми се наваѓало вакви ситуации.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Што мислите за уценувањето? Начин човек да се снајде или најдолен чин?

Дали сте биле уценувани за нешто и како сте изреагирале? Какво е вашето мислење за уценувачите? Зарем се толку очајни па мора да бараат начин со уцени да го постигнат тоа што го сакаат?

Дали вие сте уценувале? Дали сте сметале дека тоа е единствениот начин?

Дали уцената претставува единствен излез за некои решенија или...?
Што би можел да мислам за најподлата човекова особина. Нажалост се’ повече и повеќе уценувањето станува дел од секојдневието на луѓето. Тоа е постапка која се јавува како последица на свесноста дека сме немоќни да направиме нешто со наш труд, па она што го знаеме за другите го користиме како алат за да го добиеме тоа што го сакаме.
Сум бил уценуван многу пати, и секогаш сум го игнорирал тоа затоа што многу малку луѓе знаат да ја најдат вистинската работа за која можат да уценуваат.
Повеќе е завидливоста, отколку очајноста која ги тера да уценуваат. Или ќе успеат само они во својата цел, или ќе направат се’ за да пропаднат сите останати околу нив.
За среќа до сега не сум уценувал никого, и многу ми е мило поради тоа. Сметам дека никогаш уценувањето не е најдобар начин за остварување на некоја цел. Сепак секој сака да биде човечен, и цели да ги достигне своите потреби без притоа да ги повреди другите.
Се’ останато е нечовечност и безморалност.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Уценувањето не е начин човек да се снајде, туку начин да го добие она што го сака,а при тоа да падни премногу ниско. Сака преку леб, погача, што би се рекло.
Не се сеќавам некогаш да имам уценувано, не сум имала ни потреба. А иначе ме имаат уценувано,а за таквите не ни вреди да имам мислење, освен дека се лицемерни.
Зарем се толку очајни па мора да бараат начин со уцени да го постигнат тоа што го сакаат?
Па очигледно не знаат дека ако се потрудат можеби ќе успеат и без уцена.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
ucenata e slabost...psihoticna rabota..ne praktikuvam taka nesto ne cini:nenene::nenene:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Уцената може да биде и слабост и доблест. Доблест е во некои ситуации кога стварно нема што да рпавиш па мораш да уцениш за да испадне најдобро што може, ама може да прерасне во слабост ако уценувањето го користиме во сите ситуации. Тогаш веќе прераснуваме во идиоти и гадови.
Јас имам уценувано и исто така ме имаат уценувано но не којзнае колку. Сепак мора на се да се има некоја граница.
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
119
Најдолен чин е кога се работи за уценување од кое задоволна излегува само едната страна, а другата најчесто покрај тоа што нема корист, останува навредена и повредена. Но, кога се уценува за нешто од што корист имаат двете страни, тоа е веќе нормално.


"Или остај ми ја црната блуза за вечер, или кажана си на мама дека не спиеше кај другарки викендов"

Сестринска уцена!:nesvest:
Сега се поретко ги има! Научивме како да соработуваме и да се прикриваме кога има потреба!

Нејсе, јас сум малку збунета со цитираново, не дека не се сложувам! Може мешам термини, не знам!
Болдираното е прво нешто што ми паѓа на памет кога ќе се спомне уцена! Зар има заемна уцена кога и двете страни би биле задоволни? Не е тоа договор?
Тогаш кој е уценувач а кој уценет во таква ситуација кога и двете страни имаат некаков бенефит?



Пример, уценети сме да учиме за да добиеме повисока оцена, уценети сме добро да работиме за да бидеме платени, уценети сме да се однесуваме пристојно за да бидеме прифатени и сл.
Ова пак на кај мотивација ми оди а не уцена од професорите и работодавците. Повисоката оценка ни е мотив за посериозно учење, повисоката плата исто мотив за посериозно ангажирање во работата, лична сатисфакција и успех.
Може измешав термини и дефиниции, да си ибам векот! :icon_eek:
Ако е така, просветлете ме!
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Многу ретко може некој да ме уцени,не знам зошто можеби затоа што им ги знам слабите страни па одма на уцената и јас правам уцена,така да тешко оди тоа кај мене.
А ако ме уценат и нема кај да бегам,тогаш се правам дека и тоа и толку и не ми е важно па се откажуваат.
Ова се` е за уценувањето за обични нешта,за нешто поголемо пу,пу не ме уценувале а и не сакам,таквото уценувње е лошо,не треба да се уценува за да се добие тоа што се сака...
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Losa i mizerna rabota,ne ucenuvam i kolku sto se sekavam ne sum bila vo takva situacija nekoj da me ucenuva...:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom