Довичински -
Довичински П.
- Член од
- 26 ноември 2009
- Мислења
- 1.205
- Поени од реакции
- 674
Шест метарски споменик на Александар Велики завчера беше свечено отворен во Грција. Пред неколку недели во Литохоро,помеѓу планината Олимп и Егејското море, античкиот војсководец дојава и во Грција, подарок од претседателот на ултра десничарската партија ЛАОС.
На свеченоста на која присуствуваа националистички ориентирани политичари и организации и над 2000 граѓани не изостанаа ни пораките до Македонија.
“Да почнат скопјаните конечно логички да размислуваат и да соработуваат со Грција за доброто и на двете земји –побара солунскиот митрополит Антимос. Караѕаферис пак кој лани најави дека споменикот ќе се постави во Атина, но подоцна реши да го подари на фондацијата Александар Велики,македонскиот премиер го нарече “бучниот тип“, а поранешниот префект на северна Грција побара да нема никакви отстапки од грчка страна во разговорите за името.
Александар Велики пак ,ќе биде централната фигура на изложбата во Лувр. На 2 и пол месеци пред стартот францускиот музеј започна со реклама, поставувајќи огромни плакати за изложбата со наслов “Античка Македонија - во царството на Александар Велики“, со која според најавите од јануари годинава, Французите но и посетителите на парискиот музеј ќе имаат можност да видат експонати за Александар Велики, но и да научат дека тој потекнува од Македонија што денеска е дел од Грција.
Ќе бидат изложени вкупно 668 експонати, позајмени од 11 грчки музеи. Намерно или случајно во изложбата ќе бидат вклучени само артефакти од Грција, без ниту еден предмет од Република Македонија.
![](http://kanal5.com.mk/getImageThumbnail.axd?imgPath=upload/31072011ace.jpg&imgSize=600&cropH=400)