Украински ЛАЗ го сака и скопскиот трамвај

Дали сакате да има Транвај во Скопје?

  • Да

    Гласови: 29 56,9%
  • Не

    Гласови: 22 43,1%

  • Вкупно гласачи
    51

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.771
Поени од реакции
30.442
... нека казнуваат џандариве без пардон па да видиш како ке им дојде ред... и нека дојдат накај бутел чаир север битпазар... нека шлапаат таму казни редовно па да видиш како се оправа сообраќај.
Ништо како метро. Нема гужви и каснења во тунелите под земја (иако не се сомневам дека и таму ќе успее да касни ЈСП :)). Ќе го препороди градов и кола за низ град нема да ти треба во 90% од случаите.

За казните си во право, само треба на плавците да им набават таблет компјутери со постојана бежична врска со централата... и казните да одат право во системот кој пак и јавно ќе ги објавува. И нема повеќе „кинење„ казни. Сето ова со закон регулирано, нормално.
Може и таа опремата што одамна ја купија за снимање/мерење на брзина да ја пуштат во употреба наместо да р'ѓосува. Автоматски казни за прекорачена брзина и други прекршоци низ градовите, насмејте само што ве сликаа.

Офтпик, ама темата е и онака без врска.. :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Ништо како метро. Нема гужви и каснења во тунелите под земја (иако не се сомневам дека и таму ќе успее да касни ЈСП :)). Ќе го препороди градов и кола за низ град нема да ти треба во 90% од случаите.

За казните си во право, само треба на плавците да им набават таблет компјутери со постојана бежична врска со централата... и казните да одат право во системот кој пак и јавно ќе ги објавува. И нема повеќе „кинење„ казни. Сето ова со закон регулирано, нормално.
Може и таа опремата што одамна ја купија за снимање/мерење на брзина да ја пуштат во употреба наместо да р'ѓосува. Автоматски казни за прекорачена брзина и други прекршоци низ градовите, насмејте само што ве сликаа.

Офтпик, ама темата е и онака без врска.. :)
немора таблети да им даваат може и со обичен лап топ да се регулира тоа и да ти кажам гледано од информатичка гледна точне не е воопшто сложено.

опремата за снимање што ја поставија.. хех види оваа опрема нема да скапува како и да е и ке се врати инвестицијата за неа само што ке почне да работи веруј. проблемот со опремата е што сензорите за камерите се многу скапи и затоа не е уште пуштена во употреба. праев муабет со еден комшија кој патем е полицаец и е со тие опреми и ми кажа дека опремата е тестирана и работи нормално т.е функционира а сензорите се мн скапи па планираат парцијално да поставуваат сензори на пример ке одвојат еден дел од финансиски сретства само за во центар па ке работи така едно 3 месеца па од казните ке се надополнува за сензори на др место пример аеродром па ке имаш 2 општини со комплетна опрема и така натака. тоа би требало за годна дена цел град да го покрие само прашање на време е кога ке почне...
 
D

D_NazGUL

Гостин
Значи прво да расчистиме неколку работи. Трамвајот како јавно превозно средство има неколку предности: нема бучава како автобус, постабилно е и нема возење компири и најважното од се НЕ ЗАГАДУВА бидејки оди на струја. Ова последново е многу важно бидејки во последно време Скопје поради неодговорното градење ги затвори скоро сите приоди на ветар и нема никакво придвижување на воздухот во поширокото централно подрачје. Самата изведба на овој проект исто така не е толку страшна, годините си врват и полека полека веќе и нашите градежни компании сватија дека неможат да се однесуваат така неодговорно. Ако ништо друго доаѓа странска компанија со рокови и пенали за неисполнување на роковите и крај. Во градежниот сектор сум и верувајте како брзо само се гради кога некој ти пресметува пенали за секој ден доцнење.
Мене друго ме буни т.е. трамваите одат на струја. Од каде таа пуста струја леба ти? Та ние пред неполн месец имавме јавна расправа каде компаниите се жалеа дека треба да се зголеми увозот на струја и да се инвестираат средства во нови копови. Ќе ни откаже целиот систем ако и во него не вложат капитални инвестиции, а како што знаеме овој сектор сеуште не е во план за реинвестирање.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.771
Поени од реакции
30.442
немора таблети да им даваат може и со обичен лап топ да се регулира тоа и да ти кажам гледано од информатичка гледна точне не е воопшто сложено.
Идејата е секако добра нели? :)
За на терен не може било каква опрема, мора поробусна да биде и поотпорна на удари и надворешни влијанија... како воените ствари, затоа претпоставувам најевтино би било да биде вградена во возилата.
Но секако од технички аспект не збориме за нешто претарано тешко изведливо. Скапо да, но верувам дека цената на трошокот ќе се врати од казните... и што е најважно за сите нас, ќе резултира со побезбедна животна околина за сите нас. И не најмалку важно, ќе има помалку корупција во тој сегмент од општеството.


опремата за снимање што ја поставија.. хех види оваа опрема нема да скапува како и да е ...проблемот со опремата е што сензорите за камерите се многу скапи и затоа не е уште пуштена во употреба...
Чиста глупост.
Треба да одговара за ова тој одговорниот на таа одлука за набавка. Каква економска или било каква логика има парцијалното купување на опрема, со толкави размаци од неколку години помеѓу одделните делови?
Па гаранцијата на она што е досега земено веќе е истечена а уште воопшто не сме ја ни употребиле опремата?

Секако не е исто, ама да ја илустрирам поентата. Домаќински ли е купиш кола без тркала, зошто скапи биле тркалата? Па така колата да ја чуваш надвор на секакви временски услови, и да чекаш да и истече гаранцијата... тркала ќе купуваш постепено, едно по едно! ;)

Ти велам од менаџерска и од економска гледна страна, за ова треба да одговара некој. Дури и на лаик му е јасно дека од економска гледна точка секогаш е најисплатливо да земаш се на големо и наеднаш. Тоа дека ќе работеле улица по улица е небезбедно, како ќе се слуша дека некоја улица е покриена со камери и снезори така идиотите ќе ги избегнуваат тие места и ќе се насочуваат по неконтролираните улици, правејќи ги додатно небезбедни. Кој ќе биде одговорен за тоа?
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Одлучно НЕ за трамвај или тролејбус на и онака тесните улици уште толкав метеж ќе се створи. Метрото е окромна и скапа инвестиција и не верувам дека би била изводлива за Скопје највеќе од поставеноста на подземната мрежа на цефки, кабли итн.
Кај и онака слабиот напон и постојано сецкање на струјата уште вакво нешто треба и тотален колапс ќе има на електричната мрежа.
Се сложувам со неколку поста претходно неопходно е проширување на главните сообраќајници па и оние споредни за растеретување на сообраќајот низ градот, преместување на голем дел од државните институции низ другите градови за да од сегашните неофицијални 1 милион жители во Скопје да се дојде до бројка од околу 800 000 и полесно се дише.
Плус, Скопје трамвај? Па трамваите помалце луѓе прибираат од автобусите, гледано со тоа колку простор зафаќаат и колку гужва може да направат. За Скопје треба она железницата на столбовите што иде, над улиците. Тоа е лек.
Или тоа или веќе постоечката железница да се среди за да може оние од соседните градови да патуваат со воз а не со автомобил со што економски многу поисплатливо би било.

Да, но дечките убаво ја објаснија неисплатливоста на проектот кој чини многу пари. Освен ако цела земја не се поврзе со метро, постои ли ваква можност?
Не постои таква можност заради;
1.Многу финансии
2.Нема влада која националните интереси ќе ги стави над партиските
3.Затоа што за ваков проект потребно е континуитет една влада да почне следната да го доврши а сите да кажат заедно успеавме.
Да речеме дека финансиите ќе се решат на еден или друг начин многу поголем проблем е точка 2 и 3 што во недоглед гледано изгледа како премин од една во друга галаксија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom