"Фактот" дека сме хронично слаби ќе се побиеше од сам старт доколку ние како народ не дозволевме да отпочне панично разграбување по цел општествен имот и ненормална корупција. Економското слабеење на народот, кое кај нас не може веќе 20 години да биде стопирано, го прави секој преговарач или застапник во наше државно македонско име голтар со се покуси ракави, и оттука, слаб преговарач. Заканата и уцената на ниеден "Бусек" никогаш не е апсолутна и конечна. Ако сме јаки и уредни однатре - ништо не ни можат. Капитализмот не познава поим сожалување кон послабиот (освен ако и тука не е во прашање некаква лицемерна политика). Капитализмот познава само економска способност да се конкурира на пазарот и да се користат приликите. Оној, кој е слаб дома, не може да биде јак кон надвор, и ќе мора или ефтино да продаде до срамни цени, или пак да не продава(договара). Тој (испустениот) сигурно дека не може да купи ако прво не продаде.
Во врска со превземањето некакви сериозни политички чекори сосем е јасно дека досега не постоеше ни еден (лоша среќа?) македонски "јунак" да направи барем еден таков чекор. Оваа Влада на ВМРО се чинеше го започнува тој долгоочекуван ПРВ ЧЕКОР, но некако бргу си ја повлече ногата. Тоа е веќе секому сосем јасно. Јасно е и дека со оваа поставеност на работите тој барем еден чекор е далеку од можен до истекот или укинувањето на мандатот на овој парламент. Работите сега се така поставени што ни Брисел не може да не принуди на еден единствен добар чекор колку и да сака(ме). А нас ни требаат многу, многу самостојни сериозни политички чекори за да започне економско јакнење. Еве нека ја преземат власта вистинските луѓе, оние највредните, најспособните и најпредодредените за големи нешта и за строго чесно владеење, ако има такви нека се изборат за неа со какви било македонски средства, па ќе дојдат години на просветлување. Но никако под капата на Бранка (макар што за жал веќе почнува да изгледа дека Бранко е типот со помал и позастарен кабает овде, што значи оној кој ќе треба да дојде да владее). :nenene:Он е лошиот и виден владетел.