Чека бре... ова ти што го лепиш тука е вредност на возилата според Швахе лист. На тоа се плаќа Х % царина (мислам дека 10% беше за мотори, не сум сигурен треба да се праша), а на таа сума се плаќа ддв. Пример: аерокс Р2 имаш 130 евра царина. ДДв не сум сигурен на која сума плаќаш, мада мислам дека е на проценетата (18% на 1300 евра е 234).
Е тек на добиеното имаш уште А-тест 100 евра, хомологација 100 евра, терминал + шпедитерски услуги 50 евра, превод на документи 50 евра и уште 100-тина евра за регистрација и непредвидени трошоци.
И да, сето ова да напоменам дека е изводливо само АКО ИМА ХОМОЛОГАЦИЈА ЗА МОТОРОТ. Така да пред да се увези, да се провери точно, пошто за многу модели хомологација нема. Ќе си платиш царина, ддв, тинтири минтири и толку. Моторот неможиш да го регистрираш.