@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.113
Монсењор Луиџи Падовезе (роден 1947 г.), претседател на Конференцијата на католичките епископи на Турција, бил убиен во својот дом , четврток, 3 јуни, во градот Искендерун во Јужна Турција. Убиецот е неговиот личен шофер, којшто го нападнал со нож. Л. Падовезе починал во болницата.Причината непозната.
Во 2006 г. во Трабзон 16-годишен младич го застрелал италијанскиот свештеник Андреа Санторо, додека тој се молел во месната црква "Св. Марија". Тој бил осуден од турскиот суд на 18 години затвор. За време на опелото пред 4 години епископот Луиџи Падовезе рекол: "Додека телевизиските програми и новинарски статии произведуваат материјали, коишто фрлаат лоша светлина врз христијаните и ги прикажуваат како врагови на исламот и обратно, како можеме да си представиме еден мирен соживот?!" Освен тоа епископот тогаш истакнал, дека ниту убиецот на о. Андреа, ниту мајка му не изразиле жалење за извршеното убиство.
http://www.asianews.it/news-en/Mgr-Luigi-Padovese-assassinated-in-southern-Turkey-18583.html
http://www.dveri.bg/content/view/11509/33/