Убиени сопствениците на Платина Инженеринг

Статус
Затворена за нови мислења.

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Конечна разврска на случајот Платина Инженеринг. Во Аргентина каде побегнаа апашите некој им пресудил, што секако е за поздрав. Искрено се надевам ова ќе стане пракса и на сите вакви случаи ако неможе судот да им пресуди, некој од измамените да го направи тоа. Само така правдата ќе биде задоволена.
Аферата со измамени станари, каде еден стан е продаван на четворица сопственици никад не доби завршница кој и колку бил вмешан во аферата. Градоначалничката на Центар Аларова, Министерство за транспорт и врски, многу инспектори на терен, судии, фирми, сите беа замешани, но не добија соодветна казна.
Никој не им помогна на овие луѓе, како и за останатите афери кои се случија.
Судењето неколку пати беше враќано од почеток:
Наместо пресуда, претресот отпочеток

Судскиот процес против сопружниците Маријана и Рокан Атанасовски, газди на "Платина инженеринг" и Пеце Дамевски, сопственик на "Асиба МГ" и Рената Посавец, обвинети за злоупотреби во службата, перење пари и други приноси и помагање, почнува отпочеток. Судијата Вангелица Маркудова, вчера одлучи наместо пресуда, да го преотвори судењето и распраша обвинетиот Дамевски

Наместо пресуда судскиот процес против газдите на Платина инженеринг и Асиба МГ ќе започне отпочеток. Судијата Вангелица Маркудова вчера ја донесе оваа одлука за кривичниот предмет против обвинетите Маријана и Рокан Атанасовски, Пеце Дамевски и Рената Посавец. Тие се товарат за злоупотреба на службена положба и овластување, перење пари и други приноси и помагање во извршување на кривичното дело. За големата афера со кредити, за кои и се товарат обвинетите во судницата се јавува само Дамевски кој се наоѓа во притвор, додека сопружниците Атанасовски и Посавец се во бегство и ним им се суди во отсуство.
Во судските списи е наведено дека обвинетата Атанасовска, лани, поттикната од нејзиниот сопруг Рокан, во два наврати ја злоупотребила службата. Таа како вработена во Комерцијална банка, Секторот за односи со странство, со овластувањата кои ги имала без налог и покритие извршила плаќање по дознака на отворени акредитиви на две странски фирми од кои едната од Кипар а другата од Словенија, чиј сопственик е обвинетиот Дамевски. Атанасовска на сметката на кипарската фирма префрлила 157.250 евра, додека на фирмата на Дамевски "Оточец" извршила плаќање од 357 илјади евра.
Брачната двојка Атанасовски која имала финансиски проблеми, за да се "спаси" му предложила на Дамевски, тој да изврши откуп на акредитив од Словенечка односно Австриска банка. Дамевски во НЛБ, во Словенија, добил информација дека требало да бидат склучени договори откако коресподентската банка ќе го испратела свифтот за акредитивот кој можел да се откупи за 15 дена. За таа цел Атанасовска отворила акредитив на постоен број, вметнувајќи ја фирмата на Дамевски. Потоа обвинетиот Дамевски бил известен дека од НЛБ акредитивот е отворен а парите стасани. Дамевски од вкупната сума на акредитивот задржал осум посто за провизија а на Рокан Атанасовски му дал околу 50 илјади евра.
На минатото рочиште, во судот сведочеа претставници на Комерцијална банка, кои на име штета побаруваат над 514 илјади евра. За случајот е изготвено вештачење, а застапникот на обвинението и одбраната завчера ги дадоа и завршните зборови.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=04A2C81F65FF0D4A8FA3A8C034D3A446

Веста од денес за убиството:
Аргентинските медиуми објавуваат дека брачниот пар Рокан Атанасоски и Маријана Атанасоска се пронајдени убиени во нивниот стан во Аргентина, пренесува Нова ТВ.
Атанососки се сопственици на фирмата „Платина инженеринг“ и директни учесници во истоимената афера која ја потресе Македонија пред шест години. Брачниот пар Атанасоски измамија голем број граѓани при купувањето на станови и во Македонија беа осудени на по 15 години затворска казна. Тие избегаа во Аргентина, каде, според аргентинските медиуми на кои се повикува Нова ТВ, биле убиени.
Сеуште нема информации од македонското Министерство за внатрешни работи.
http://grid.mk/read/news/505221273/3359591/nekoj-im-presudil-na-izmamnicite-od-platina-inzhenering-dvojkata-atanasoski-ubieni-vo-stan-vo-argentina
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
112
Поени од реакции
26
е, вака треба да им се пресудува на сите апаши што се наполнија пари од ова глупо стадо овци во оваа државичка!!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Како бе со убиство правдата да биде задоволена па не е див запад ова... Па ни крвна одмазда не е во прашање. Треба според законот да лежат во затвор како што лечи чичко Фиком... А на добар дел од тие што купуваа станови на невидено, без документи без договори на нотар никој не им е крив...
 
Член од
15 април 2013
Мислења
44
Поени од реакции
37
Ајде аирлија. Нешто детали? Пукање во колено, вадење заби со моторцангла...? Или само попиле олово?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Како бе со убиство правдата да биде задоволена па не е див запад ова... Па ни крвна одмазда не е во прашање. Треба според законот да лежат во затвор како што лечи чичко Фиком... А на добар дел од тие што купуваа станови на невидено, без документи без договори на нотар никој не им е крив...
Сите беа со договори од нотар, бидејќи во овие афери сите се замешани, од нотар до министерство. Неможе во тој ланец никој да не види дека е измама.
Овие афери уништија животи на илјадници луѓе во земјава. Многу од нив починаа, се самоубија и до ден денес неможат да си го решат станбеното прашање. И смрт е малку за овие. Потерница издале нашиве по нив, многу тешко било да се најдат. Еве некој сам ги најде без разузнавачки податоци. Ние немаме судство, ова е најдобар суд. Зарем заслужуваат овие говеда да живеат?
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
И што ако?
Парите на изиграните пак ги нема.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И што ако?
Парите на изиграните пак ги нема.
Парите секако ги нема. Вака барем нема да се луксузираат во Аргентина или да ги раниш во затвор. Сите оние кој дале амин за градба, инспекција, нотари, градоначалници, судии сите до еден да ги подмират трошоците на оштетените. А не да се кријат од законот.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
112
Поени од реакции
26
Како бе со убиство правдата да биде задоволена па не е див запад ова... Па ни крвна одмазда не е во прашање. Треба според законот да лежат во затвор како што лечи чичко Фиком... А на добар дел од тие што купуваа станови на невидено, без документи без договори на нотар никој не им е крив...
значи, според тебе, на измамените никој не им е крив и така им треба, а на овие преваранти им треба лукзузен хотел, така ли? според кој закон бе, просветли ме, постои закон овде?? не сум знаел, мислев дека постојат само инспекции за малите дуќанчиња душа да им вадат за денар вишок во фискална и полицајци кои казнуваат дедовци по улица за опушок. за подруг закон, сеуште немам слушнато.
А не да се кријат од законот.
тие не се кријат ОД законот, туку ЗАД законот. тие се закон овде!
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Насилство ништо не решава, само може да биде инспирација некој друг вака да почне да си ги решава проблемите.

Зошто не се почне со решавање на проблемите во државава што доведуваат до вакви измами?
Зошто не се почне со спречување на овие работи пред да се случат?
Зошто не испадне нашиов глупав народ против целиот политички систем и цела таа корумпирана багра на високи фотељи? И позиција и опозиција комплетно, сите се исти. Тие се главните причинители за користење на вакви дупки во законот па дури и во поголем дел се вмешани во нив за стрижење на обичниот човек на секој можен начин. Ама ако, реално и го заслужуваме ова
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
значи, според тебе, на измамените никој не им е крив и така им треба, а на овие преваранти им треба лукзузен хотел, така ли? според кој закон бе, просветли ме, постои закон овде?? не сум знаел, мислев дека постојат само инспекции за малите дуќанчиња душа да им вадат за денар вишок во фискална и полицајци кои казнуваат дедовци по улица за опушок. за подруг закон, сеуште немам слушнато.

Не пишувај приказни сега, според вашата логика дефакто се што шета во земјава и што е на функција има некако наштетено на грото народот и што треба да се испоубие, па земи бе батка плукај по министрите и по пратениците што носеа оружје пред 10 години, или по несовесни доктори, инспектори судии митаџии... Некои бивши прецедатели и премиери што се наполнија од џебот на народот уште трчкараат и собираат народ ден денес. Ќе ги суди нив некој?? Јас не знам по која логика тоа "требало да се убие". Немојте така да зборите не е за арно. Ова примерите што ти ги давам колку да се потсетиш што се крепи во Македонија, па ако владее анархија и крвна одмазда во земјава и ти и јас ќе сме на мета утре... Не држи вода тоа што некој нема станбено прашање, ако законот не е доволно моќен тука и државата не функционира тогаш овие проблемот мора да си го барат и во самата држава од највисоките инстанци.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Тоа што некој ги убил им направил само услуга на нив. Треба нив некој да ги мачи долго време па после во самница долго време сите од прв до последен но штета таква казна нема во Македонија или пак како што прават во некоја земја Камшикување и на крај бесење на сред плоштад. Чим имало толкав ланец ти е никогаш нема да бидат осудени. Но ова кој го има направено сигурно му дошло преку глава од нив. :)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.826
Поени од реакции
21.284
Во секоја цивилизирана држава па и во најголемите демократии си постои таканаречена црна рака која ги решава проблемите онаму каде институциите и законите затајуваат, често со амин од некој горе. Нити ние нешто измисливме топла вода нити ова е ничуено ни видено во светот.
И да не мешаме право и правина. Иако се слични не се исти поими.
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
ВЕСТА ЗА УБИСТВОТО НА СОПРУЖНИЦИТЕ АТАНАСОСКИ - ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Веста што вчера проструи низ македонската јавност, поткрепена со факсимили од аргентински весници, дека се убиени брачните сопружници, сопственици на фирмата „Платина инжењеринг“ всушност била - дезинформација. Рокан Атанасоски и неговата сопруга Мирјана се живи и здрави и се наоѓаат во Аргентина. Пред шест години заради скандалот со „Платна инжењеринг“ по нив беше распишана потерница.

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=27851
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom