Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.182
- Поени од реакции
- 34.395
Хрватскиот генерал Анте Готовина ноќеска е уапсен на Канарските острови, соопшти главната тужителка на Хашкиот Трибунал Карла Дел Понте.
За акцијата таа и заблагодари на шпанската полиција но и на хрватските структури за нивната соработка при апсењето на еден од главните хашки бегалци по Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.
Хрватската интеграција во ЕУ долго време беше условувана со апсење и предавања на генералот а во неговата улога во одбранбената војна се уште е контроверзно прашање.
Готовина беше водач на пресудните воени операции со кои беше окончан сецесионистичкиот бунт на српското малцинство во Хрватска во 1995 година.
Се наоѓа во бегство од 2001 година кога против него беше подигнато обвинение за злосторства против цивилното население. Се товари по индивидуална и командна одговорност.
Готовина е поранешен член на француските легионери, бил припадник на паравоени формации во Аргентина и Гватемала а во татковината се враќа непосредно пред започнување на војната.
Роден е во 1955 година на островот Пашман во близина на Задар.