http://rapidshare.com/files/446024247/MG2010finalcorekt.pdf
Ете што е земено од бугарската ДАНС. Јас во него не гледам да има нешто што да навредува државата Бугарија, да се навредуваат бугарски граѓани било од која етничка група. Нема ни пароли за сепаратизам и што било. Нема ни збор кој да крши некој бугарски закон. Значи на Бугарија и смета самото постоење на македонска национална свест во окупираниот од неа дел и неговото презентирање. Инаку и досега не е објаснето зошто е уапсен газдата на печатницата. Може и да имало причина, некој криминал, но за крадењето на “Македонски глас“ причина нема. Барем нема официјална, што само покажува како бугарската полиција ги крши бугарските закони и тоа и се дозволува од суд и прокуратура зашто се прави против Македонците. Всушност судот веќе покажа дека да бидеш Македонец во Бугарија се смета за антибугарско. И нека форумџиите бугари со сечени јазици да не бидат адвокати на ѓаволот, зашто во пописите 1991 и 2001 имаше доволно луѓе што се изјаснија за Македонци, лагите дојдоа со објавените резултати кои не се веродстојни, апсолутни лаѓи. Целата причина според мене за апсењето на газдата, е за да може покрај тоа да се украде “Македонски глас“, што и се случи. Тоа пак има за цел да покаже на луѓето во Пиринска Македонија, дека освен што бугарскиот суд ги понижува и демонстративно им вели дека за нив правда нема, но и дека бугарската полиција постојано ги следи и секогаш е готова да ги гази. Бугарите се свесни дека не можаат да контолираат секој поединец како ќе се попише, но и се свесни дека од рано е подготвена манипулација на резултатите од пописот и сакаат што помалку луѓе да се запишат како Македонци. Тоа им се случи веќе, кога на претходниот попис беа објавени нешто 5000 Македонци, а неколку години по тоа ОМО Илинден-ПИРИН собра 6000 членови со што им блесна грдата лага.
http://viewpoint.actualno.com/news_334519.html А видете го ова. Што е тоа - говор на омраза или нешто друго? Бугарите уште од комунистичко време се навикнати да обвинуваат во сопствените гревови, стара тактика, но не сфатели дека е и мошне глупа. Всушност Бугарија сега е зафатена од нов бран на антимакедонска хистерија, што покажува само дека 20 години бугарите одбиваат да се соочат со реалността и развиле шизофренија. Тоа им е генералниот проблем според мене, премногу ненормални луѓе има во Бугарија.