Туристички рекорд стар 27 години: 1,2 мил. туристи далечната 1987 уживаа во убавините на Македонија

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
уристички рекорд стар 27 години:1,2 милиони туристи далечната 1987 уживаа во убавините на Македонија
7 јануари 2015 - 15:08
Македонија во период од 55 години имала различни флуктуациски движења на полето на туризмот. Рекордна е 1987 година кога Македонија ја посетиле милион и двеста илјади туристи, кои реализирале скоро 4 милиони ноќевања. Најслаба туристичка година е 2001 година кога во земјава не пристигнале ниту 100.000 странски гости.


Природните убавини, богатото културно-историско наследство на Македонија, пријатната клима, храната, виното и гостопримството се основите на кои се темели туризмот во земјава изминативе 50 години. Речиси половина век вратите подеднакво се отворени и за домашните и за странските туристи, но времепловот покажува дека во некои периоди нашата земја била повеќе во фокусот на интересот на странските туристи.

Статистичките анализи покажуваат дека во осумдесеттите години сме имале туристичка ренесанса. Така во 1980 година за прв пат е реализирана бројката од милион туристи и двојно повеќе односно два милиони ноќевања.

Во оваа рекордна година имало 407.093 домашни и 578.327 странски туристи, а кај ноќевањата 60% биле реализирани од страна на оние што допатувале од некоја подалечна дестинација.
Тоа е годината како што упатуваат познавачите на состојбите, кога е забележан првиот рекорд. Тоа е годината кога почина тогашниот претседателот Јосип Броз-Тито, кога Македонија беше самостојна Република во составот на поранешната СФРЈ.


Златни години со многу рекорди


Но токму златните туристички години почнуваат од 1982 година и траат до 1990 година. Во овој временски период се повеќе расте бројот на туристите, а рекордната бојка е достигната во 1987 година кога Македонија ја посетиле скоро милион и двеста илјади туристи. Тие направиле скоро 4 милиони ноќевања односно 3.970.280. Позитивниот раст продолжил и во следната 1988 година при што статистичарите укажуваат дека 2,5 милиони ноќевања биле направени од домашни гости, а 1,5 милиони биле странски ноќевања.

Но политичките случувања, донеле пресвртница токму во 1991 година, кога и почнува распаѓањето на СФРЈ. Тоа е период кој веќе навестува дека ќе се случува негативен тренд. Многу туристички аранжмани се откажуваат и се повеќе туристи сметаат дека не треба да не посетат, пред се од безбедносни причини.

Токму оваа клучна година имало 710.278 туристи, а веќе од следната бројката постепено се намалува. Таа варира во интервалот од 400.000 гости до 700.000 гости. Додека кај бројот на ноќевањата е меѓу два и 2,5 милиони.

Повторна нова пресвртница статистичарите утврдиле во 2001 година, кога во земјава се случува воениот конфликт. Ова е најсиромашната година во историјата на македонскиот туризам, бидејќи во земјава тогаш не пристигнале ниту 100.000 странски гости, а домашните биле само околу 230.000.

Надолната линија и затишјето во туризмот има и во следните неколку години, а порастот почнува дури од 2008 година кога се евидентирани повеќе од половина милион, односно 605.320 туристи од кои 350.363 се домашни и 254.957 странски гости. Тие направиле над 2,1 милион ноќевања од кои 1.275.800 се домашни и 881.375 странски.



По многу години повторно милион туристи

Туризмот живна изминативе 5 години, при што минатата 2013 година за прв пат имало 701.794 гости од кои 302.114 домашни и 399.680 странски. Тие направиле 2.157.175 ноќевања од кои 1,2 милиони биле од страна на домашните, а 881.375 од страна на странските туристи.

Годинава која изминува се очекува по повеќе од 30 години да се достигне бројка од милион туристи.

Споредено со изминативе 55 години слични бројки имало во далечната 1976 година кога во земјава туристи се изброени и достигнале бројка од 715,629 лица, но тогаш речиси изедначена била бројката меѓи домашните и странските и тогаш бројката на ноќевања била околу два милиони.

Додека се анализира бројот на туристите по месеци, може да се согледа дека во ударната летна сезона, односно во јули и август се двата месеци во годината кои најмногу има турист во земјава. Во последните 5 години од 2009 до 2013 година најмногу туристи и тоа од 45 до 50% во зависност од годината летувале покрај нашите езера. На второ место е посетеноста на главниот град Скопје каде пристигнуваат над 35% од туристите, а останатите се на бањскиот, планинскиот, руралниот, винскиот, манастирскиот...

Гостите ги претпочитаат хотелите со 4 ѕвезди

Од аспект каде ноќевале најголемиот број од туристите, особено странските сметаат дека македонските езера се најпривлечни, но со изградбата на голем број на споменици и атрактивни објекти се повеќе се одлучуваат да ги искористат своите слободни денови во Скопје.
Најголем дел од туристите се гости на хотелите, за што зборува ланската бројката кога од 701.794 гости, 482.942 биле сместени во хотелите од различни категории. Од нив пак скоро 400.000 биле гости на хотелите со 5, 4 и 3 ѕвезди. Профилот на гости кои што доаѓаат во земја најмногу претпочитале посета на хотели со 4 ѕвезди и тоа 176.365 гости. Речиси 75% од оние што се сместуваат во хотелите се странски гости, а останатите се домашни.
Покрај хотелите интерес има и за бањското сметување, камповите, како и за објектите кои се уште не се категоризирани.
Слична анализа е направена за лани и кај бројот на ноќевањата кои достигнале нешто над два милиони. Половината се сместувања во хотели, 30% се во куќи и станови, а интересен е податокот што скоро 6.000 ноќевање имало и во сопствените автомобили.

Најголемиот дел од гостите се од регионов и тоа од Турција, Србија, Грција, Бугарија и Холандија, Од далечните земјите најмногу се има гости од САД, Израел, Кина и Јапонија.

Југоисточниот и југозападниот дел од државата се најпосетени каде пристигнуваат гости и се сместуваат во хотели со 4 ѕвезди. Покрај хотелите интерес има и за бањското сметување, камповите, како и за објектите кои се уште не се категоризирани.


Туризмот пред 55 години


Државниот завод за статистика почнува да ги следи податоците за туризмот од далечната 1958 година, кога во земјава имало скромни 255.380 туристи од кои 149.54 се домашни, а 106.326 странски туристи. Бројките кај ноќевањата се 729.394 и тоа речиси половина милион се ноќевањата кај домашните гости, а само 238.165.

Веќе во 1962 година се забележуваат првите знаци на пораст на туристите и тогаш се регистрирани 340.000 туристи кои направиле над еден милион ноќевања или поточно1.183.384. Кај странските и домашните туристи не се забележува драстична разлика, бидејќи регистрирани се 188.474 домашни гости и 152.111 странски.

Забележителен раст почнува веќе од 1970 година кога за прв пат во Македонија имало половина милион туристи од кои повеќето биле странци, а помалку домашни. Што се однесува за ноќевањата тие исто така се рекордни и достигнале скоро милион и пол ноќевања, но повеќе од домашни гости.

Валентина МАРЈАНОВИЌ

http://vecer.mk/ekonomija/turistichki-rekord-star-27-godini12-milioni-turisti-dalechnata-1987-uzhivaa-vo-ubavinite
 

Kajgana Shop

На врв Bottom