Туристички Реклами

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

Дали еден спот би ве мотивирал за посета на едно туристичко место?

  • Да..

    Гласови: 9 45,0%
  • Не!

    Гласови: 8 40,0%
  • Можеби... / Ќе одговорам во темата.

    Гласови: 3 15,0%

  • Вкупно гласачи
    20

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
За летно време Охрид е добар не викам не, ама зимоска е пустош, неможеш човек да најдеш, и затоа постојат многу поубави места во кои што треба да се инвестира.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704

Точно е дека Охрид е пуст во зима, за жал, но тоа е токму поради тоа што и во Охрид ама баш ништо не се инвестира ниту од државата ниту пак од локалната власт.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Точно е дека Охрид е пуст во зима, за жал, но тоа е токму поради тоа што и во Охрид ама баш ништо не се инвестира ниту од државата ниту пак од локалната власт.
Не е темава за инвестирање, ако мислиш за инвестирање во рекламите тогаш во ред, иначе се знае дека Охрид е најпромовиран град со туристичките реклами, а има многу места што треба да се видат ама за жал никој не знае за нив надвор од државава.​
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Не е темава за инвестирање, ако мислиш за инвестирање во рекламите тогаш во ред, иначе се знае дека Охрид е најпромовиран град со туристичките реклами, а има многу места што треба да се видат ама за жал никој не знае за нив надвор од државава.​
А кој град во Македонија треба да биде повеќе промовиран од Охрид??? Сите места кои треба да се видат во Македонија (а навистина има многу) не може да го задржат вниманието на посетителот повеќе од неколку часа, само Охрид може да одговори на барањата на современиот турист - активен одмор, плажи, културни настани, архитектура, музеи, историски споменици, ноќен живот, туристички капацитети....Се друго што вреди да се види може само да ја збогати туристичката понуда, но во никој случај не може да се промовира и продава изолирано.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146

Шо го напраи ти Охрид бре? Оди Берово нема да сакаш да се вратиш. Има толку места за посета шо дури и ти како охриѓанец би посакал да се преселиш таму. Исто и со останатите места во Македонија. Ти треба само добро истражување за места за посета и ќе се изнауживаш во убавините на Македонија. Не е Охрид единствено туристичко место во Македонија, за плажите да непраам муабет. Седиш на лежалка а тој позади тебе ти ги стаил нозете на ушка. Тоа ли се плажи? Тоа е само желба за поголем профит. Ја не знам зашо не стаат охриѓани лежалки и у чаршија, па да ги наплаќаат. Коа можат на донирани понтонски пристаништа да стаат лежалки и да профитираат зш да не и сред чаршија? Не бркај поими и не забегувајте од тема која е убаво поставена. Зошто се праат реклами само за Охрид а не и за другите македонски убавини со цел да се привлечат туристи...
 
Јас, веќе одамна сакам да избегам од Охрид (ама само летно време) кога се гужвите и Охрид се претвора во прав панаѓур, центар на кичот и лошиот вкус. Гужви, турбо фолк, скари, тезги, боксови ... Меѓутоа, тоа е нешто што многу лесно може да се реши и повторно да му се врати стариот сјај на Охрид и колку и да не го сакате Охрид е убедливо најубавиот град во Македонија. И Берово е убаво, само што како што реков и погоре нема доволно (ако не и воопшто) активности кои ги нуди, само одмор, мир и тишина, токму она за што јас копнеам, но тоа не е доволно за вистински развиен туризам од кој ќе имаат профит и хотелиерите и угостителите и државата.
П.С.
Следниот пат кога ќе одиш во Охрид прашај некој Охриѓанец да ти покаже плажи (мислам на оние диви плажи каде освен штурчиња и бранчиња никаква друга галама нема да слушниш и освен галеби и понекое рипче нема жива душа да видиш).
 
Член од
3 март 2011
Мислења
22
Поени од реакции
4
Има и илјада причини за да се тргне од УНЕСКО. И така таму ве примија колку од сожалување, ама сега ќе ве тргнат ќе видиш.
Има и многу многу други места кој заслужуваат да бидат на таа листа од Македонија. Ти реков, јас во Охрид еднаш бев и никогаш повеќе. Златна Струга!

Него немам намера да се замарам сега со Охрид, не ми е дури ни тоа темата. Факт е дека се промовира премногу.

LJUBOMORA aaaaaaaaaaaaaaaaaaaa :D koe sozaluvanje more, prvo ne ni znajs ti koga i kako ne primile, vtoro Ohrid ispolnvit najmnogu uslovi od site clenki za da e clen na UNESKO.... treto nikogas nemat da go isfrlet pa i zgrada na sred ezero da krenet

neznajte so zborvite pola od ovde - ljubomora 100ka
 
Kajgana Shop

На врв Bottom