Тумор на мал мозок

  • Креатор на темата cige
  • Време на започнување
C

cige

Гостин
На дедо ми му констатираше рак на мал мозок проф. др. Методи Чепреганов од Неуромедика. Невропсихијатар и епилептолог, единствениот автор од овдешните простори застапен со свој труд во репрезентативната француска енциклопедија за дијагностицирање со магнетна резонанца.

Рече дека единствено со хирушка интервенција може да се надмине проблемот, во спротивно сигурна смрт. Домашниве неврохирурзи не биле спремни за таков потег, па сега треба да го бараме лекот надвор од границите на Македонија.

Па ајде ако знаете некои случаеви каде што човек бил успешно интервениран, дајте ми податоци за клиниката каде што е тоа извршено.
Или барем кажете дали вреди да отидеме во Филип Втори или Систина да видиме таму што ќе кажат докторите.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Имам слушнато дека во Турција ги носат.таму биле најдобрите доктори и опрема.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Еден колега мој од факултет, со кој за жал не сме се ни виделе ни слушнале од дипломирање па наваму, ми беше кажано дека некое време после факултетот успешно бил опериран од тумор на мозокот во Љубљана, Словенија.

Но едно е тумор, а друго е рак, па не знам дали во Словенија се вршат интервенции и за луѓе кои боледуваат од рак на малиот мозок.

Се надевам дека ќе успееш да се информираш повеќе околу ова и дека ќе заврши успешно интервенцијата за спасување на твојот дедо. (y)
 
C

cige

Гостин
Од Неуромедика не упатуваат во некоја германска клиника во Солун, таму до сега испратиле 2 пациенти со истата дијагноза и операциите биле успешни, меѓутоа цената е 15.000 евра.

Се јавив во Систина за да ми кажат таму цените како се движат, но несакаат ни приближно да кажат додека доктор не го прегледал кај нив.
 
3

321456

Гостин
cige
Близок член од моето семејство, после неколку години од отстранување на рак на града беше дијагностициран со метастази на мал мозок. Состојбата за кратко време драстично се влоши, рамнотежата прогресивно се влошуваше, и во рок од неколку месеци после дијагнозата целосно се изгубија менталните и физичките способности.
Хоспитализација, повторна хемо и радиотерапија, или операција ни беше советувано дека се контраиндицирани и пациентот почина, официјално заради метастазите во белите дробови.
Се работеше за агресивен тип на рак, и операција не доаѓаше во предвид затоа што имаше и други метастази. Ако во случајот не е метастаза, можеби може да размислувате за операција.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935

Чекај, па нели сега нешто направија ако не може тука да се лечи, фондот плаќа за надвор? 15000 евра се големи пари...

Мој дедо, на дедо ми брат имал тумор на мозок пред 20 години го оперирале во Скопје и еве го и ден денес си живее најнормално.
 
Нашиот случај е тумор, а ти кажуваш за рак. Мислам дека тоа се два различни поими, или грешам?
 
Дали е бенигно или малигно се дознава по патохистолошка анализа. Но, пример бенигните лезии кога се снимаат на CT, магнет се фино ограничени со остри ивици, без чудна инфилтрација во околното ткиво, во текот на времето остануваат исти или незначително се зголемуваат. Така најчесто тие лезии ги сметаат за бенигни.

Ама дефинитивно секоја дијагноза се поставува строго со патохистолошка анализа на ткивото.
 
C

cige

Гостин
Чекај, па нели сега нешто направија ако не може тука да се лечи, фондот плаќа за надвор? 15000 евра се големи пари...

Мој дедо, на дедо ми брат имал тумор на мозок пред 20 години го оперирале во Скопје и еве го и ден денес си живее најнормално.
Мислам дека тоа важи само ако констатираат во државна болница, а ние бевме во приватна.
 
C

cige

Гостин
Оној Др.Угриновски добар ли е? Имам слушнато демек правел многу грешки, а исто така дека и тој го оперирал Киро Глигоров како демек најдобар кај нас.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Добро, однесете го на преглед и во државна, и во Систина, и откако ќе се потрошат сите можни опции за тука, барајте чаре надвор.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Оној Др.Угриновски добар ли е? Имам слушнато демек правел многу грешки, а исто така дека и тој го оперирал Киро Глигоров како демек најдобар кај нас.
Не ме сфаќај буквално,ама Угриновски добар ден не ти кажува без 1000 евра.

Значи види пријателе,никој не ти отвара глава за плата од државна,мораш да подмачкаш малце.Угриновски е докториште за тие работи.
--- надополнето: 26 март 2013 во 15:07 ---
Од Неуромедика не упатуваат во некоја германска клиника во Солун, таму до сега испратиле 2 пациенти со истата дијагноза и операциите биле успешни, меѓутоа цената е 15.000 евра.

Се јавив во Систина за да ми кажат таму цените како се движат, но несакаат ни приближно да кажат додека доктор не го прегледал кај нив.
Ако имате да дадете 15 000 евра слободно одете во Солун,најмалце што сакаш е да се мавташ по нашево корумпирано здравство.Проблеми,нервози и 300 други глупости.

Јас можам исто да ти помогнам со информации во врска со турските доктори што доаѓаат тука,имаат некоја врска со Ремедика,мислам дека прават операции.
 
C

cige

Гостин
Дали е бенигно или малигно се дознава по патохистолошка анализа. Но, пример бенигните лезии кога се снимаат на CT, магнет се фино ограничени со остри ивици, без чудна инфилтрација во околното ткиво, во текот на времето остануваат исти или незначително се зголемуваат. Така најчесто тие лезии ги сметаат за бенигни.

Ама дефинитивно секоја дијагноза се поставува строго со патохистолошка анализа на ткивото.
За тоа ни рече проф.Чепреганов дека неврохирургот ќе откриел после операцијата, не се знаело тоа од томографија.
--- надополнето: 26 март 2013 во 16:51 ---
Добро, однесете го на преглед и во државна, и во Систина, и откако ќе се потрошат сите можни опции за тука, барајте чаре надвор.
Се мислиме дали да дозволиме таков потег во Македонија, ама нема многу време за мислење, проблемот е сериозен, а во Систина долги се редиците.
 
C

cige

Гостин
Денес бевме кај проф.др. Владо Столевски во Ремедика со снимките од Неуромедика и ни кажа дека таа операција кај нив чини 4.000 евра и дека треба да се направи ако не оваа барем наредна недела, затоа што тумурот расте и можело да го затне каналчето што ја испумпува водата од мозокот па после ќе требало да се буши черепот па со пумпици да се вади вода итн....Му спомнав за Чепреганов и само во смеа искоментира "во грција ли ве праќа?...."

Потоа отидовме кај проф.др. Кирил Лозанче во Систина и тој истото го кажа, значи како од лист да читаа и двајцата ни дадоа исто објаснување за проблемот. Во Систина операцијата чини 2.000 евра + 100 евра од ден за лежење + некои дополнителни испитувања вкупно не повеќе од 3.000 евра. Меѓутоа Лозанче наредна недела заминувал за Турција па ни рече ако сакаме во понеделник на 7ми април, а ако ни било тоа касно да не преупати кај Угриновски.

Вие форумџии што мислите?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574

Столевски е подобар од Лозанче. Мислам дека на тоа не треба да се штеди, разликата не е мала, но не е ситуацијата за штедење.
Би ти препорачала ако можете некако да стигнете до Др Дано Дамјановски во Државна, тој е моментално најдобар неврохирург во Македонија, многу подобар и од Столевски и од Лозанче, без разлика што работи во Државна болница.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom