Три бомби за 24 часа експлодираа во Атина

Член од
12 јануари 2010
Мислења
87
Поени од реакции
23
Уште една експлозија одекна во грчкиот главен град попладнево, трета по ред во изминатото деноноќие.
Западните агенции, јавија дека силна бомба експлодира попладнево пред Канцеларијата за странци на грчката полиција.
Нема извештаи за повредени, а од експлозијата се оштетени околните објекти.
Бомбата, според официјален претставник на полицијата, била поставена на автобуска постројка пред канцеларијата.
Пред експлозијата, анонимен јавувач ѕвонел во весникот „Елефтеротипија“, јавувајќи оти бомбата ќе експлодира за 20 минути. Експлозијата се случила во 15,00 часот по македонско време.
Јавувачот, според извори од весникот, во анонимниот повик нагласил дека полицијата мора да ја евакуира областа и да го запре сообраќајот.
Претходно во експлозијата на бомба што се случи во текот на ноќта пред домот на претседателот на здружението за Грчко-пакистанско пријателство, исто така нема повредени.
Напаѓачите 15 минути пред да одекне експлозијата, им јавиле на една грчка телевизија и весник дека ќе ја нападнат куќата, со што на полицијата и било дадено доволно време да го евакуира подрачјето.
Во Грција живеат неколку стотини Пакистанци, а последните години непријателство кон нив искажуваат екстремните десничари.
Бомбашкиот напад се случи во централното подрачје на Атина, во реонот Агиос Пантелејмонас, каде живеат многу имигранти.
Втората експлозија одекна вчера кога бомбаш ги нападна канцелариите на ултрадесничарската антиимгрантска група. Никој до сега не презеде одговорност за нападите.
Цел на бомбашки напади во Атина во последните месеци беа главно банки и владини установи, бидејќи тие се сметаат за главни виновници за тешката економска ситуација во земјата.

Извор на информацијата: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121195
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
Што не експлодирале 10 бомби.:toe:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.068
Поени од реакции
4.716
Ех, бе деца, помалку со тоа петардите...:pos2:
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Н‘ка им е наздравје...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Аирилија работа бомбаши.. машала.. 3 ко за почеток.. не е лошо.. ајмо што повеќе толку подобро!
Нека е за арно и за убаво на македонците!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom