Трилогија Милениум

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Трилогијата е дело на Шведскиот автор Стиг Ларсон,и во која се работи за големиот медиумски гигант Милениум,и кој ги следи авантурите на двајцата главни ликови, Лизбет Саландер и Микаел Блуквимист.
Трилогијата се состои од следниве книги:
1.Девојката со тетоважа на змеј(Män som hatar kvinnor) (2005)
2.Девојката што си играше со оган(Flickan som lekte med elden) (2006)
3.девојката што го урна осилото(Luftslottet som sprängdes) (2007)
Јас ги имам сите три книги,а Девојката со тетоважа на смеј ми е прочитана,а ја читам Девојката што си играше со оган.
Вие? :)
Ете ја Лизбет,кај мене на аватар :) :)
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Од кога се мислам да ги купам..ама никако да соберам пари. Баш ја видов трилогијата во космо, и не се со некоја мн висока цена.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Од кога се мислам да ги купам..ама никако да соберам пари. Баш ја видов трилогијата во космо, и не се со некоја мн висока цена.
Јас во Три платив 900 за последните две,ама едната е скоро 600 страни,а другата 660. :)
а за првата не се сеќавам,таа порано ја купив :)
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.106
Поени од реакции
5.771
А за што се работат книгите?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
А за што се работат книгите?
Не се поврзани,никоја со следната,ама во главно се се врти околу Медиумскиот гигант Милениум,и аферите,падовите успесите,ама и приватниот живот на генијалната Лизбет и Миикаел.
Во девојката со тетоважа на змеј истражуваат
така наречената ,,Афера Венештерем’’ помалку,а повеќе убиство на млада девојка
Во другата,Девојката што си играше со оган,не сум сигурен уште за што,ама си мислам дека треба д асе истражува
Убиство на двајца новинари
Земи ги,нема да се покаеш :)
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496

Е како не се поврзани книгите меѓусебе? Посебно третата и втората се ептен поврзани.
Ги имам прочитано сите три книги и сите подеднакво ми се свиѓаат.
Од филмовите, го имам изгледано шведскиот.

Иначе, еве еден филм на кој ме потсетуваше втората книга (не се воопшто слични, ама и во филмов се спомнува Теоремата на Фермат).
 
Фала ти,ја немам дочитано уште втората,на почеток сум,ќе бидиме,убаво ми стои.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
843
Поени од реакции
444
Го прочитав само првиот дел (1.Девојката со тетоважа на змеј) и не ми се допадна многу. Дејството се развива многу споро посебно во првите 100 страни и премногу ликови има. Другите два дела не планирам да ги читам за мене е преценета книга.
 
Член од
8 август 2011
Мислења
91
Поени од реакции
67
Книгиве се феноменални...после Сенка на Ветрот и Играта на Ангелот, најдобрата приказна претставена во неколку книги..ја завршувам третата книга на ebook на англиски ама ќе ги земам и на македонски да ги прочитам иако не е тоа тоа. Инаку поврзани се книгите особено 2 и 3. Штета што умрел човекот што ги пишувал, планирал да напише 10 книги за Лизбет и Микаел но не успеал.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Не сум љубител на крими-романи. Но ми се допадна сликата на шведското општество, за коешто имав сосема друга претстава.

Дека може да те бутнат во лудница и никој д ане види што се случува со тебе, да имаш скрбник, којшто може да ти прави што сака, ако сакаш да не завршуш оак во лудница... Тие се човековите права за коишто се бори Ларсон.

Исто така, сексуален живот, кој е сосема ослободен од сите конвенционалности: секој може да спие со секој, како да пие кафе.

Темната наци-страна на Шведска. ИСкрено, Шведска секогаш ми делувала доволно далеку и неутрално, а не било така.

И нешто што ми падна в очи, а некако никој ен го забележа, ликот на Драган ???(заборавив како беше презимето).
Тој е чудна балканска мешавина, а е најчовечен лик во приказната.

Дали знаете од кој јазик е преведена книгата на македонски?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom