Трето, па машко

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Нова македонска серија од 3-ти април на Канал 5, работена во 15 епизоди.

http://tretopamasko.mk/

Ова е серија за семејството, кое како да се загуби во трката за подобар живот, за гола егзистенција, но и за напредок во кариерата. Сакаме да испратиме порака до сите дека семејството е единствената клетка што влијае на нашето формирање како личности, вели продуцентката Жанета Наумовска




Од април македонските телевизиски гледачи ќе имаат можност да ја погледнат новата играна серија „Трето, па машко“. Станува збор за независен проект на продукцијата „Пегаз-АНС“ од 15 епизоди, а целта на екипата, составена од врвни професионалци, е на интересен и хумористичен начин да го привлече вниманието на целото семејство пред малите екрани. Сценариото го напиша Велко Неделковски, а режисер е Душан Наумовски.

- Ова е серија за семејството, кое како да се загуби во трката за подобар живот, за гола егзистенција, но и за напредок во кариерата. Сакаме да испратиме порака до сите дека семејството е единствената клетка што влијае на нашето формирање како личности - вели продуцентката Жанета Наумовска.

Татјана Гогоска, која е стручна консултантка во серијата, истакна дека за неа бил голем предизвик да учествува во реализацијата на проектот, поради тоа што евидентно е дека кај нас недостигаат ваков вид програми. Таа особено истакна дека и е драго што повторно соработува со режисерот Наумовски.

- Чувствувам голема радост, но истовремено и трема, што по пензионирањето повторно сум со глумците. Инаку, во серијата има пристоен хумор, но и драматични пресврти во сценариото, кои зборуваат за тоа како ненадејно им се менува животот на тинејџерите за кратко време - истакна Наумовски.

Сценаристот Велко Неделковски, кој деновиве ги заврши последните продолженија, рече дека од 15 епизоди, секоја е заокружена целина, но сите имаат содржинско-драматуршки континуитет.

- Се трудев да напишам семејна серија, за сите возрасти, во која особено внимание обрнав на третирањето на одредени табу теми, кои кај нас досега се заобиколуваа - нагласи тој.

Автор на шпицата, на песните и на целокупната музика за серијата е Ѓорѓи Крстевски:

- Работата на еден ваков проект за мене е вистинско освежување, бидејќи е многу различно од она што го правам, како кантавтор. Драго ми е што сум дел од оваа извонредна екипа и верувам дека за кратко време „Трето, па машко“ ќе стане многу популарен телевизиски проект - вели Крстевски.

Во реализацијата е ангажирана одлична актерска екипа. Во текот на 15 епизоди ќе другаруваме со ликовите што ги глумат: Дејан Лилиќ, Зоран Љутков, Зорица Панчиќ и Ѓорѓи Тодоровски Трупче, Настапуваат и Снежана Конеска Руси, Гораст Цветковски, Рубенс, Муратовски, Предраг Павловски, Горан Илиќ, Сашко Коцев...
Специјална гостинка ќе биде водителката Лила Филиповска, а тука се младите глумци: Петар Ефтимов, Ина Колевска, Нина Андријана Наумовска, Мила Петревска, Јована Дамовска, Ангелина Наумовска и други.
Во моментов продуцентите преговараат со македонските телевизиски куќи за правото за премиерно емитување на серијата. Тие не ја исклучуваат можноста за снимање нови продолженија на „Трето, па машко“.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
можеби ќе биде подобра од фијаското на сител што го даваа !!!
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Серијата започнува утре во 18:45 на Канал 5.
 
V

Viktor g

Гостин
Значи ако ценам по првата епизода ова не е ништо подобро од она на сител Од денес за утре! Од хуморот нема ни Х, дел од екипата местото не е ни за статисти а не пак за серии.... Сценариото е лошо
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
она на сител беше измислено за ова,според првава епизода тешка ама ТЕШКА нискобуџетна катастрофа.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
:pop::lud: подобро да застанат на 2 епизода,нема потреба од прикажување на другите
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Може ли да знам на на кој локации е снимена оваа серија?
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
искрено ова е срање.
гледав 2 епизоди и ми се плачеше едноставно, а и зажалив за изгубеното време.
што е бе ова филм снимаме или претстава за на школо???
тие децата што глумат, НЕМААТ ПОЈМА. колку поталентирани деца низ улица ќе најдеш.
како да читаат од лист, ни знаат да се внесат во улогата, ни знаат да соживеат со неа, ни знаат внимание да привлечат......копуци.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Само продолжете да плукате па кога ќе ви се насоберат сега со солење памет демек веднаш пукате на фразава што е наше не чини и туѓото е подобро, дајте и шанса и сл., мислам стварно нема смисол веќе, се обидуваат нешто во стил на хрватските кои рака на срце имаат преодна оценка, ова е тотален фејл според мене подобро ќе гледам "The Nine Lives of Chloe King" жими се.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
302
Поени од реакции
164
и јас се сложувам со горенаведените кометари серијава е повеке драма отколку комедија пред се сценариото е такво исто така пред се главните актери лошо се одбрани за наведните улоги(како да имаат врски еј имам улога за тебе сакаш да глумиш...) и покрај тоа сто ретко се снима и тоа што се снима незнаат да го направат како што треба од толку актери не успеале да склопат актерска екипа што ке соживее со улогата нависитина жалосно
 

Kajgana Shop

На врв Bottom