Ок значи пак со таа теза. Израел имаат „супериорно разузнавање“ во Либан ама немаат „супериорно разузнавање“ во Израел. Логично.
Да. На пеоните не мора да им кажеш што планираш, ама на заповедниците мораш. И не може да не знаеш дека ти спремаат напад кога ги надгледуваш сите комуникации од мобилна телефонија до интернет, па до дронови и камери и телефони од минувачи (сите со бекдор за слушање микровон). И што со снимките после што излегоа дека ги гледале како вежбаат уништување ограда со експлозиви. Сведочања од војници и други дека пријавувале припреми? Итн, итн. Целата работа смрди, ама и ти и други никако не признавате дека не е можно да имаат супериорно разузнавање и да не го знаеле она што им се спрема.
Најпосле прилично спремни беа за геноцидов и етничково чистење што сега го прават со тој касус бели зараду нападот од Хамас.
Не читаш а?
Пишувам дека не ни помислиле на мобилна телефонија и интернет.
Се што правеле правеле под земја преку жичана комуникација, изолирана од остатокот од светот. Затворена мрежа.
И на крајот, година дена после нападот, кој е од корист од нападот на 7ми Октомври?
Главната оска, Турција-Катар, која имаше најголема штета од приближувањето на односите Израел-С. Арабија, плус истите тие кои им даваат засолниште, тренинг и борци на Хамас, се тие што се на корист, бидејќи не се оствари "помирувањето" на Израел со главниот водач на сунитите С. Арабија.
И кажи ми, каде е етничкото чистење што го верглаше цела година?
Палестинците си се повторно во Газа, ниту еден не е заминат.
Бројот на жртви не е ни 3% од вкупното население на Газа, кои со нивниот природен прираст ќе го надокнадат за година-две-три.
Како тогаш 80+ % од енергетска инфраструктура им е уништена? Повеќето термоцентрали, мрежата, итн? Сите поважни индустриски објекти кои имаат и воена намена?
Секако дека не.
Мрежата ја средуваа прилично брзо, а освен неколку термоцентрали што не им се во погон, ништо друго не им е чепнато.
Патем, ете самото тоа е доказ дека со балистички ракети не се уништува инфраструктура.
Движењето на војската, одржувањето, логистиката им оди без проблем на Украинците.
Во тоа сценарио, што ќе ги спречи Иран да направат р`шум во Израел па дури и да гаѓаат со проектили со прљави боеви глави?
И што ќе се деси со меѓународната подршка која сеуште (донекаде) ја ужуваат? Ако ништо друго барем нема активни меѓународни санкции против нив. Нетанјаху од самит на ОН јавно пренесувано наредува напади во кои гинат куп цивили во Либан. Итн.
Сценарио во кое САД влегуваат во игра.
2 сати пред да се случи нападот со балистички ракети, САД знаеја за тоа. Доволно време да испратат авиони за да ги средат лансерите, исто како што Израел направи 2 пати со Хезболах.
Сценарио во кое Иран претрпува нуклеарен напад од Израел.
Сценарио во кое САД извршуваат преемптивен напад.
Сценарио во кое dirty бомби не се тоа што ти го замислуваш.
Нема шанса за напад со конвенционално оружје од далеку да се загрози опстанок на држава, и Македонија да ја нападнат нема да ја загрозат. Нема шанса да бараат такво оправдување за лансираат нуклеарки, нема ниту САД, ниту пак Русија да дозволи таков преседан. Само копнено ако се загрозени може да се лансираат, а тоа не гледам како ќе се деси.
Генрално со Иран мислам дека ќе заврши на ова, а со Либан, ќе заглават.
Ќе се согласам, затоа реков, постои мала веројатност.
И оправдувањето би било дека гаѓаат нуклеарна постројка, која и онака ќе има радиоактивни последици.