Трајковски и сопатниците во Кингерот биле убиени?! (Општа дискусија)

Дали мислите дека паѓањето на Кингерот е навистина само несреќен случај?

  • Да

    Гласови: 19 9,5%
  • Не

    Гласови: 182 90,5%

  • Вкупно гласачи
    201
М

Мартин`

Гостин
И не го мешајте Бранко, он е само пиун на тие фашизоидни организации кои него го наместија како пиунче после атентантот .. нема капацитет да биде он масон или пак да смисли некаква акција за атентат на претседател за да дојде он на позиција, не го преценувајте човекот :eek:
 
S

Shellshock nam67

Гостин
И мене ми изгледа така,но се чудам како никој ништо не му може...
znaes li kakva eksplozija atomska bomba ce bese ako postoea dokazi koi ce upatea na toa deka na presedatelot mu bil napraven atentat.
kade se ???
ako gi imaat sto ne gi dostavata na javnosta ???
vaka otvaraat vrata za razni spekulacii nagajganja sto i kako bilo.
i eve kako na forumov da se pravat scenarija za holivud.
najesencijalno e kako sto pogore pisav od koja pricina bi go napravile istoto !!!
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 21:45 ---
Исто како и смртта на генералот Панде Петровски е изрежирана кој јавно проговори дека конфликтот е внесен од надворешни фактори и ја издаде книгата “Сведоштва 2001“ каде што јасно кажува дека им било наредено од НАТО да ја прекинат акцијата за Арачиново а како закана на радар фатиле неколку бомбандери кои се упатиле кон Македонија зошто мислите ? за да не заплашат и евентуално да реагираат како што направија во Србија. А да и по 3 месеци по издавањето на книгата генералот почина, сумњиво зар не ..

toa e jasno kako den deka agresijata ni bese od nadvor ama da ne zaboravime na amerikancite ima zapalivme zname i ja napadnavme ambasadata toa ti e ednakvo na objavuvanje na vojna pa sega vidi ti .
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Горени со Киселина.. Имам човек кој бил таму после урнувањето, внук му загина..
Пари, оружје не изгорени/испукани.. на таа температура, на кого мачкаат очи!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
za da nekoj presedatel kral ili sto i da e da go likvidiras treba da ima pricina motiv cel koja ce ja opravda namerata .
e kazi mi koja e taa cel ???
kaj odticniot ni bivs presedatel
Gadafi , bin laden se svetski igraci a ne lidercina na zapaden balkan ima razlika sepak :cautious:
za 2001 katastrofa od politika do akcii na teren so eden zbor dobro e kaj posreduvaa amerikancite i gledaa so pobrzo da se resi toa poglavje.
Прочитај во цитираното имав напишано.Дали на авион е можно да е изгорен само внатрешно трупот, а крилата (во кои е сместен керозинот) да останат скоро здрави?
Максимално развивање на температура на керозинот е околу 500 степени целзиусови.Внатре горело со 750 - 1200 степени.

Сега достапна е веста на мкд.мк.Го пресеков делот од веста со препукувања на партиите, ве молам без политика.
Шокантно тврдење: Трајковски и сопатниците од „кингерот“ се брутално убиени

20
ФЕВ 2012​
18:08​

Претседателот Борис Трајковски и сите сопатници во „кингерот“ што се урна во 2004 година кај Мостар се брутално убиени, а доказите за атентатот се наоѓаат во Скопје.​
Ова е шокантно тврдење на Игнат Панчевски, адвокат на семејството на еден од загинатите во несреќата, кој во изјава за Мкд.мк вели дека лично ги видел доказите за атентаторот, а дел од нив и самиот поседува.​
Панчевски нагласува дека имал докази оти патниците што загинаа на 26 февруари 2004 година биле живи по падот на претседателскиот авион.
„Сите до еден биле повредени, но живи. Поседувам доказ дека еден од повредените повеќе од половина час разговарал на мобилен телефон со семејството. Му биле скршени двете нозе, но разговарал со семејството. Има докази, и аудио и видеозапис, како е извршен атентатот. Постои сателитска видеоснимка. Тој е срушен од воен авион. Потоа на снимките се гледа како на местото на настанот доаѓаат мобилни воени екипи. Преживеаните биле убиени, а потоа телата префрлени и запалени со напалм“, вели адвокатот Панчевски.

Дали уривањето на „кингерот“ беше авионска несреќа?
Toj тврди дека биле познати мотивите за атентатот, извршителите, начинот на кој бил извршен и дека одредени политички и државни структури се плашеле да ја изнесат на виделина вистината за случајот.
„Повеќе пати досега ги повикав сите надлежни институции да реагираат. Еве и сега им нагласувам дека ги имам доказите, но никој не ми се обратил. Ниту Обвинителството, ниту комисијата што го испитуваше случајот, ниту Штефан Грос, европратеникот што исто така тврди дека Трајковски е убиен“, вели Панчевски.
А еве што изјави Грос во мај 2010 година на седница на Европскиот парламент.

„Јас сум убеден дека станува збор за убиство, а тоа го темелам врз нови информации, за кои сè уште не можам да зборувам. Ова мое лично тврдење се темели и врз познавањето на неверојатните противречности што логично водат до хипотезата за убиство“, рече тој.
Тој тогаш пред европратениците изјави дека одговорите за несреќата требало да се бараат на Запад, а не на Исток, и исто така истакна дека бил сериозно исплашен за сопствената безбедност.
„Исто така сум среќен што сега не возам автомобил. Но никогаш не можеме да бидеме целосно сигурни. Тоа што зборувам отворено за сето ова, сигурно дека е најдобриот начин за да се заштитам“, рече тогаш Грос.
Според Панчевски, како докази постојат многу аудио и видеозаписи.
„Има изјави на очевидци, потоа предмети од загинатите од чија хемиска анализа е утврдено дека не се изгорени од керозин, постојат тонски докази, се слушаат гласови во моментов кога авионот бил погоден со проектил, тонски докази на три светски јазици како лица во меѓусебна комуникација си честитаат за успешно соборениот авион“, вели адвокатот и нагласува дека сите докази се во Скопје.

Ова е наводно доказ од облека на загинат
Тој најавува дека нема да се откаже од случајот и од неговото целосно обелоденување во јавноста. Панчевски вели дека деновиве ќе ги изнесе на виделина сите докази што ќе ги обелоденат мотивите за атентатот, извршителите и начинот на кој тој наводно бил извршен.

И Александар, братот близнак на претседателот, тврдеше дека тој е убиен
Осврт на случајот со падот на претседателскиот авион вчера даде и емисијата КОД на телевизијата Канал 5 според која авионската несреќа сè уште претставува мистерија. КОД се повика и на извештај од македонската воздухопловна комисија, која три години ги проучувала доказите за падот на кингерот и која доставила официјално барање од властите со препорака да отворат нова истрага за смртта на претседателот Трајковски и деветте негови сопатници.​
Една од забелешките во новиот извештај била поврзана токму со реконструкцијата. Се поставуваат повеќе дилеми, односно како воопшто била направена кога инструментите што требало да ги дадат податоците биле неисправни според извештајот на босанската комисија. Потоа, податоци за висината, брзината на авионот и растојание од пистата не можеле да се земат ниту од аеродромот во Мостар, затоа што таму немало надгледен радар. Затоа на ова реконструкција, македонските експерти гледаат како на претпоставка, а не дека е факт, наведува КОД.
Втор голем сомнеж буди потрагата по паднатиот авион. Цел ден немало сигнал од уредот ИЛТ, уред кој требало да ја покаже локацијата на падот. Според извештајот на босанската комисија, уредот ИЛТ имал проблеми со напојување со струја поради неповрзани батерии. Но оштетениот инструмент утредента на чуден начин оживеал и дал сигнал, по што биле најдени кингерот и жртвите.

Емил Зафировски
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Прочитај во цитираното имав напишано.Дали на авион е можно да е изгорен само внатрешно трупот, а крилата (во кои е сместен керозинот) да останат скоро здрави?
Максимално развивање на температура на керозинот е околу 500 степени целзиусови.Внатре горело со 750 - 1200 степени.

dobro toa e stvar na eksperti za moznite teorii ( zosto i kako izgorela samo kabinata ) sto i kako .
nas ne interesira za moznite dokazi koi gi iznesuva advokato pancevski .
zosto ne se prezentiraat. vo javnost
i drugo
ne mi odgovori zosto koja e moznata pricina za atentatot.(motivot, celta sto bi gi navelo moznite zagovornici na toj poteg )

a politikata im ja ostavame na politicarite :D
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
А кој од авионот одкако се урнал вртел дома? Ги урнале па отишле да ги докрејчат... Човекот кој даде изјава: Се слушна нешто буум и одма дојдоа Француски војници, тоа значи одма бил најден авионот, а некако што тврдеа по неколку саати. Човекот по таа изјава го снема..
 
М

Мартин`

Гостин
А кој од авионот одкако се урнал вртел дома? Ги урнале па отишле да ги докрејчат... Човекот кој даде изјава: Се слушна нешто буум и одма дојдоа Француски војници, тоа значи одма бил најден авионот, а некако што тврдеа по неколку саати. Човекот по таа изјава го снема..
Стварно и јас се сеќавам на изјави од страна на селаните во селото блиску несреќата, толку нема видео некакво останато од тоа ?
И зошто адвокатов кога има толку цврсти докази не ги објави јавно не ми е јасно .. Плус памтам дека веднаш до телото на телохранителот била најдена негова здрава банкнота а он целиот пеплосан што не е логично.

И на КОД емисијата кога се емитуваше или кога има реприза ?
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Ништо ново... цитирам, Миленко Неделковски (02:25 од видеото):

Стево Пендаровски, ова е типот кој беше советник на претседателот Трајковски и е еден од ретките ако не и единствените што откажа да се качи во авионот што падна, што не се качи и не погина. Јас лично мислам и коментирам, дека веројатно знаел дека нешто ќе се случи, бидејќи веднаш после тоа стана советник и влезе во кабинетот на Бранко Црвенковски, претпоставувам како награда.

 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Стварно и јас се сеќавам на изјави од страна на селаните во селото блиску несреќата, толку нема видео некакво останато од тоа ?
И зошто адвокатов кога има толку цврсти докази не ги објави јавно не ми е јасно .. Плус памтам дека веднаш до телото на телохранителот била најдена негова здрава банкнота а он целиот пеплосан што не е логично.

И на КОД емисијата кога се емитуваше или кога има реприза ?
Се сеќаваме повеќемина на изјавите од селаните во близина на несреќата.Дека знаеле точно кај е паднат авионот, ама им бил забранет пристап од француските Кфор-овци.Е сега не знам кај беше точно, дали во Чуму, во Код или кај Таско Хефтов.
За ова со банкнотите имаше и во Код, вчера во 19.30-40 негде почна.Ги имаше репризите од претходните епизоди на http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120 , ама чудно оваа ко да не ја гледам.

Исто имаше е дел од облека на 30 цм од авионот се одоколу изгорено, а искинатата ткаенина ни милиметар зафатена.Имаше и внатре одредени работи неизгорени како пенкала, привезоци, и сл.


И сега Легионер уште е во сомнеж.Политиката нека им е на политичарите, ама да работат за наше добро, а не играње монопол и стратегии во живо.И ако за некој не останала работа 20 години после ладната војна, хумана преквалификација или одење во некое забаталено село уживање во природа :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Претседателот е убиен.
Имаме докази.
Имаме аудио снимка.
Имаме сателитска видео снимка.
Доказите се во Скопје.

- Никогаш не ги објавува доказите.

Мастер од тролинг лвл: 99999

Мислам, дај не го потете веќе. Или објавете ги доказите и бидете херои, или најдете си друга занимација.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Што и да се десило е минато, треба да ја гледаме иднината.

Но секако тука постојат конспираси теориите, кои колку толку држат вода, јас немам некое мислење, но знам дека ако планирале некој си атентат, незнам кој, Босна би било идеалното место да се прикрие се тоа од јавноста.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Точно е тоа никогаш не ги објавија ниту ќе ги објават евентуалните докази. Едноставно е никој нема храброст ниту да потегне акција нешто слично како атентатот во 1995, така и ова, случајот се заташка после само неколку месеци... Ништо не менува, ова се случаи во кои на Македонија и се диктира иднината, од оние кои веќе одамна го кројат регионот.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Абе сите биле живи од падот :unsure: Тоа малце ми е нелогично,се срушил авион од 5-6 000 метри висина и сите преживеале само биле повредени..:unsure:
А да ..и Бранко ми е сумњив,он го има наместено ова,само психопат и он тоа го можат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom