Топ 10 Ментални Пореметувања

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Постојат голем број разни заболувања, девијации и пореметувања во психијатријата. Еве кои се издвоени како најинтересни и најчудни од психијатриската практика:​

1. Синдром на "вонземјанска" рака (Др. Стрејнџлав синдром)

Синромот на "вонземјанска рака" е невролошко пореметување во кое едната рака на пациентот како да добива свој живот, независно од неговата волја. Понекогаш личноста која страда од овој синдром може да не биде свесна за тоа што прави "отуѓената" рака, се додека не и се обрне внимание. "Вонземјанската рака" е способна дури да извршува и сложени дејствија како што се откопчување или отстранување на облека.​

2. Синдром на странски акцент
Овој синдром ги тера луѓето да го говорат својот сопствен јазик со странски акцент; на пример Американец зборува англиски со Француски акцент. Ова пореметување се јавува како последица на тешка мозочна повреда, на пример инфаркт.​

3. Капграс синдром
Капграс синдромот е ретко пореметување при кое пациентот има илузорна претстава дека некоја негова позната личност, обично близок член на семејството или брачен другар, е заменет со натрапник кој изгледа идентично.​

4. Страв од бројот 13 (Трискаидекафобија)

Адолф Хитлер беше трискаидекафобичен. Посебен страв од Петок 13-ти се нарекува параскевадекатриафобија или фригатрискаидекафобија. Тетрафобија е страв од бројот 4 (широко распространет во Кина, Јапонија и Кореја).​

5. Преинтензивно вежбање (Бигорексија)

Бигорексија или мускулна дисморфија е пореметување при кое пациентот станува опседнат дека не е доволно мускулест. Понекогаш познат под името бигорексија, или обратна анорексија нервоза, ова е многу специфичен случај на телесно дисморфично пореметување (ТДП) .​
Мускулната дисморфија може да ги наведе луѓето да:​
- Постојано се гледаат во огледало.​
- Се растажат доколку пропуштат еден тренинг во теретана.​
- Земаат потенцијално опасни дроги (стероиди).​
- Ги запостават семејството, работата и врските поради вежбање.​

6. Опсесивно собирање книги (Библиоманија)

Библиоманијата е опсесивно-компулсивно пореметување на собирање книги до тој степен што пациентот веќе си ги нарушил здравјето и социјалните односи. Купување на неколку примероци од истата книга и собирање книги вон разумните граници и можности се чести симптоми на библиоманија.​

7. Синдром на експлозија во главата

Оние кои страдаат од овој синдром велат дека повремено слушаат исклучително силен звук во вид на експлозија или рикање кој како да доаѓа од внатрешноста на нивната глава. Ова обично се случува час-два откако ќе заспијат, но не е последица на сонот.​

8. Трихотиломанија

Трихотиломанија е пореметување на контролата на импулсите, и се манифестира со непрекината потреба да се скубат влакна од косата, трепките, брадата, носот, веѓите, пубичните влакна, како и сите други влакнести места на телото. Трихотиломанијата може делумно да се поврзе и со опсесивно-компулсивно пореметување, со кое споделува сличности, но и разлики.​

9. Страв од мажи (Андрофобија)
Андрофобијата е абнормален и постојан страв од мажите. Оние кои страдаат од ова пореметување се чувствуваат анксиозно дури и кога се свесни дека не им се заканува никаква опасност. Андрофобијата е една од бескрајнo можните фобии, и може да се јави како последица од одреден настан, обично трауматично доживување во детството.​

10. Глумење болест за да се привлече внимание (Минхаузен синдром)

Кај Минхаузен синдромот, страдалникот се преправа, претерува, или си предизвикува симптоми на одредена болест со цел да добие внимание, симпатија и утеха од страна на медицинскиот персонал. Улогата на "пациент" е позната и пријатна, и ги задоволува психолошките потреби на луѓето со Минхаузенов синдром.​
 
Член од
5 јули 2011
Мислења
310
Поени од реакции
122
Опсесивно собирање книги
Глумење болест за да се привлече внимание (Минхаузен синдром) дефинитино ги имам јас хахаа
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Постојат голем број разни заболувања, девијации и пореметувања во психијатријата. Еве кои се издвоени како најинтересни и најчудни од психијатриската практика:​

2. Синдром на странски акцент
Овој синдром ги тера луѓето да го говорат својот сопствен јазик со странски акцент; на пример Американец зборува англиски со Француски акцент. Ова пореметување се јавува како последица на тешка мозочна повреда, на пример инфаркт.​
hahahahaha- Biljana Sekulovska so svoeto
ć

:pos:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Го чекам Toecutter да се изјасни на темава, пред да спомнам некој необични пореметувања што ги знам.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
2. Синдром на странски акцент
Овој синдром ги тера луѓето да го говорат својот сопствен јазик со странски акцент; на пример Американец зборува англиски со Француски акцент. Ова пореметување се јавува како последица на тешка мозочна повреда, на пример инфаркт.​
боже мили господе не е за смеење..ама :pos:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Го чекам Toecutter да се изјасни на темава, пред да спомнам некој необични пореметувања што ги знам.
Пошто мојот јузернејм беше прозван, редно е да се изјаснам на темава...;)
Наведените наводни топ10 пореметувања се гола вода во споредба со некои кои доаѓаат од најтемните комори на човечката психа и сеуште се табу дури и во психо-патологијата како наука...

На пример Синдромот на пореметување на телесниот интергитет.
Лицата кои патат од тоа сметаат дека еден или повеќе екстремитети им се сувишни и настојуваат да ги ампутираат за да можат да продолжат да живеат и функционираат како нормални (!? the mother of all pun) и среќни луѓе...
Ги перцепираат рацете или нозете како туѓински органи кои им сметаат во емоционалниот живот и им пречат во движењето и секојдневието, крајно ги иритира фактот што имаат две нозе и две раце.
Зашто е тоа така, сеуште нема одговор иако има некои претпоставки.


Типот од документарецот немајќи пари за операција и поради правни проблеми околу желбата... си ја разнел ногата со сачмарка, за конечно да му тргне во животот.

http://www.whole-documentary.com/

Еве и сајт на оние кои се борат за право на ампутација.

http://www.biid.org/

Ако мислевте дека тоа е се....think 95 times.
Има и една подгрупа која смета дека и пенисот е своевиден екстремитет и како и горенаведените лица смета дека ако си го исечат пенисот ќе бидат среќни.
На линкот на вики не е стрикно само за тоа пореметување но има инфо и за тоа, главното е за пенектомијата во разни форми низ историјата.

http://en.wikipedia.org/wiki/Penis_removal

Краен мајндфак е дали треба да им се овозможи легислатива со која нема да им се пречи да дојдат до среќа во животот и кои медицински лица би касапеле сосема здрави екстремитети без причина утврдена како болест или инфекција.

Е сега Windy, слободно изјасни се...:D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
јас имам само една забелешка. Alien Hand Syndrome не мора да се преведе како Синдром на вонземјанска рака, туку едноставно на Туѓа рака.
 
S

Sagan

Гостин
Минхаузен прокси синдром. За разлика од Минхаузен синдромот, каде лицето се преправа дека е болно или си предизвикува симптоми на болест за да добие внимание, кај Прокси синдромот, лицето предизвикува болест кај друг, за да обие пофалби и признание за грижата кон болниот.

Сличен по мотив е Синдромот на херој, каде лицето предизвикува опасна ситуација, во чие нормализирање учествува, за да добие признание, пофалба и да се почустува потребен и важен. Психопатологијата бележи бројни вакви пореметувања кај пожарникари, медицински лица, полицајци. Пр. пензиониран пожарникар подметнува пожар, за да учествува во неговото гасење, со цел да ја задоволи својата патолошка потреба да биде потребен и да добие пофалба.

И двата синдрома често биле инспирација за многубројни филмски остварувања.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
3. Капграс синдром
Капграс синдромот е ретко пореметување при кое пациентот има илузорна претстава дека некоја негова позната личност, обично близок член на семејството или брачен другар, е заменет со натрапник кој изгледа идентично.​
Многу филмови гледале овие. :cautious:
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
насловов е тотална утка.. ова ако се ментални пореметувања... повеќето се неурози.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom