T
Tetro
Гостин
Постојат голем број разни заболувања, девијации и пореметувања во психијатријата. Еве кои се издвоени како најинтересни и најчудни од психијатриската практика:
1. Синдром на "вонземјанска" рака (Др. Стрејнџлав синдром)
Синромот на "вонземјанска рака" е невролошко пореметување во кое едната рака на пациентот како да добива свој живот, независно од неговата волја. Понекогаш личноста која страда од овој синдром може да не биде свесна за тоа што прави "отуѓената" рака, се додека не и се обрне внимание. "Вонземјанската рака" е способна дури да извршува и сложени дејствија како што се откопчување или отстранување на облека.
2. Синдром на странски акцент
Овој синдром ги тера луѓето да го говорат својот сопствен јазик со странски акцент; на пример Американец зборува англиски со Француски акцент. Ова пореметување се јавува како последица на тешка мозочна повреда, на пример инфаркт.
3. Капграс синдром
Капграс синдромот е ретко пореметување при кое пациентот има илузорна претстава дека некоја негова позната личност, обично близок член на семејството или брачен другар, е заменет со натрапник кој изгледа идентично.
4. Страв од бројот 13 (Трискаидекафобија)
Адолф Хитлер беше трискаидекафобичен. Посебен страв од Петок 13-ти се нарекува параскевадекатриафобија или фригатрискаидекафобија. Тетрафобија е страв од бројот 4 (широко распространет во Кина, Јапонија и Кореја).
5. Преинтензивно вежбање (Бигорексија)
Бигорексија или мускулна дисморфија е пореметување при кое пациентот станува опседнат дека не е доволно мускулест. Понекогаш познат под името бигорексија, или обратна анорексија нервоза, ова е многу специфичен случај на телесно дисморфично пореметување (ТДП) .
Мускулната дисморфија може да ги наведе луѓето да:
- Постојано се гледаат во огледало.
- Се растажат доколку пропуштат еден тренинг во теретана.
- Земаат потенцијално опасни дроги (стероиди).
- Ги запостават семејството, работата и врските поради вежбање.
6. Опсесивно собирање книги (Библиоманија)
Библиоманијата е опсесивно-компулсивно пореметување на собирање книги до тој степен што пациентот веќе си ги нарушил здравјето и социјалните односи. Купување на неколку примероци од истата книга и собирање книги вон разумните граници и можности се чести симптоми на библиоманија.
7. Синдром на експлозија во главата
Оние кои страдаат од овој синдром велат дека повремено слушаат исклучително силен звук во вид на експлозија или рикање кој како да доаѓа од внатрешноста на нивната глава. Ова обично се случува час-два откако ќе заспијат, но не е последица на сонот.
8. Трихотиломанија
Трихотиломанија е пореметување на контролата на импулсите, и се манифестира со непрекината потреба да се скубат влакна од косата, трепките, брадата, носот, веѓите, пубичните влакна, како и сите други влакнести места на телото. Трихотиломанијата може делумно да се поврзе и со опсесивно-компулсивно пореметување, со кое споделува сличности, но и разлики.
9. Страв од мажи (Андрофобија)
Андрофобијата е абнормален и постојан страв од мажите. Оние кои страдаат од ова пореметување се чувствуваат анксиозно дури и кога се свесни дека не им се заканува никаква опасност. Андрофобијата е една од бескрајнo можните фобии, и може да се јави како последица од одреден настан, обично трауматично доживување во детството.
10. Глумење болест за да се привлече внимание (Минхаузен синдром)
Кај Минхаузен синдромот, страдалникот се преправа, претерува, или си предизвикува симптоми на одредена болест со цел да добие внимание, симпатија и утеха од страна на медицинскиот персонал. Улогата на "пациент" е позната и пријатна, и ги задоволува психолошките потреби на луѓето со Минхаузенов синдром.