Тома Давидов

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
Тома Давидов бил воен офицер со чин поручник во Бугарската армија и револуционер. Деец на Врховниот Македоно-Одрински Револуционерен Комитет и на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација.
Во 1902 година Давидов заминал за Македонија огорчен од внатрешните делби во комитетот се сретнал со Делчев кој го назначил за војвода на ревизиона чета на II Битолски револуционерен округ. За кратко време Давидов ја стекнал довербата на сите регионални војводи.
Како главен ревизор на четите во Битолскиот револуционерен округ Давидов ги обиколувал Битолско, Охридско и Демирхисарско. Се грижел за воената подготовка на војводите и четниците и го засилувал воениот дух со своето образование.
Пролетта 1903 година со подготовката за востанието се засилило неговото делување во Преспанско, Охридско и Ресенско. Четите воделе се почести борби со аскерот. На 14 март 1903 Давидов добива соопштение дека четата на Дејан Димитров е обиколена во село Арбиново. Давидов ја спремил својата чета за помош и заедно со останати доброволци, со околу 80 вооружени души тргнале на помош. Но четата на Дејан Димитров го пробила обрачот и успеала да се ослободи од селото. Под селото Оздолени (Охридско) четата на Давидов се судрила со башибозук, воедно со влегувањето на Давидовата чета настанала и селска буна, при своето повлекување кон дворот на црквата Св. Ѓорѓи војводата бил убиен. Веднаш после убиството избувнала Давидовата афера и биле уапсени над 150 луѓе од цела Дебарца. Давидов е закопан веднаш под дворот на селската црква, на местноста на каде што загинал. Селаните му изградиле достоен споменик за него и неговата чета, но со доаѓањето на комунистичката власт, комунистите го разрушиле споменикот, откопале моштите и ги однесле кај изворите во околната планина на Оздолени, со оправдување дека на местото од споменикот ќе поминува пат.

Вечна ти слава и благодарам Војводо!
15672717_1819299994948336_2796333752303533908_n.jpg

На ова место се наоѓал гробот на војводата Тома Давидов, на само неколку метри под селската црква, над самиот пат при влезот во с. Оздолени. Овие камења се единствената оставштина на тој гроб. Гробот е разрушен а коските закопани на незнајно место од комунистите.


Не сум од Македонија, но за нејзината слободата сум подготвен секој момент да си го дадам живот. Ќе одам таму, меѓу братскиот народ да умрам, а не тука да ја трујам душата своја за Македонија. -Тома Давидов.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Се прашувам зошто би нѐ нарекол "братски народ" доколку сме биле всушност бугари? Или Тома не размислувал на тој начин?
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Место да му каже "фала ти, Тома, што доjде да се трудиш и умреш за чукун-дедо ми да не го малтретират Турците ко стока", овоj смисли можно наjглупо и ирелевантно прашање. Секако коментар за состоjбата на гробот фали.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Не се секирај, моите предци сами се справувале за неправдите вршени врз нив.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Ич не се секирам jас, коj те е*е, туку кога jа гледам твоjата несоодветна реакциjа спрема еден таков човек како Тома Давидов ми станува jасно дека попаметниот дел од македонската популациjа одамна има заминато ширум светов.
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
Имам уште многу материјали за многу војводи,комити од илининденскиот и после илинденскиот период. Само незнам дали вреди да се пишува просечен македонец не го интересираат овие работи попрво би читал за Аркан , Милошевич, Цеца и слични работи.... Најтрагично е шо мислиме дека знаеме све а уствари 1/3 не знаеме од работите. Не го кривам народот јас и јас растам во таква средина со такви луѓе , плус толку не учеле во училиште. За време на екс Ју и разбирливо е зошто биле забранети овие работи и се поврзано со организацијата. Денес кога сме слободна и независна држава би требало слободно и опфатно да се разговара на овие теми...
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Македонска популација? Се гледа дека не ни сакаш да признаеш посебна македонска нација. После на мене ќе ми кажуваш каков сум и што сум.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.754
Имам уште многу материјали за многу војводи,комити од илининденскиот и после илинденскиот период. Само незнам дали вреди да се пишува просечен македонец не го интересираат овие работи попрво би читал за Аркан , Милошевич, Цеца и слични работи.... Најтрагично е шо мислиме дека знаеме све а уствари 1/3 не знаеме од работите. Не го кривам народот јас и јас растам во таква средина со такви луѓе , плус толку не учеле во училиште. За време на екс Ју и разбирливо е зошто биле забранети овие работи и се поврзано со организацијата. Денес кога сме слободна и независна држава би требало слободно и опфатно да се разговара на овие теми...
Пишувај да знаеш дека се повеќе млади деца се вртат кон минато т.е дознаваат за историјата која не ни ја предавале на школо.
 
Член од
30 јуни 2015
Мислења
314
Поени од реакции
286
Македонска популација? Се гледа дека не ни сакаш да признаеш посебна македонска нација. После на мене ќе ми кажуваш каков сум и што сум.
Другар, ти ги читав коментарите по форумот и се гледа дека си голем патриот. Македонија како држава постои. Македонците како нација постојат. Значи, тоа се факти кои што никој не може да ги негира. Се разбира, постојат некои ретарди кои што си немаат врска од историја и како стојат работите во денешно време, како на пр. типичното мислење на еден бугарски поединец кој што ништо друго не знае освен да каже дека Македонците се измислени од Тито и дека Македонија како држава не постои туку е бугарска покраина, и при секоја прилика му доаѓа да те убедува дека ти си всушност Бугарин. Тоа ниту јас, ниту еден вистински Македонец не го поднесува, едноставно не' иритира. Сите нации на светот се измислени т.е. почнуваат да се развиваат после француската револуција (при крајот на 18-от век). Како што бугаризмот, србизмот и грцизмот си имаат свои корени, така има и македонизмот. Тоа што некој тоа не може да го прифати е друго, едноставно игнорантен е.
Но, ајде да ги видиме фактите тука. Повеќето од Македонците во минатото биле про-бугарски настроени. Тоа се должи на геополитиката на Балканот во тогашно време. Колку да се спротистават на асимилирањето т.е. насилно погрчување, Македонците почнале први да отвараат бугарски училишта во Македонија. Ја прифатиле и бугарската егзархија како нивна заштитничка затоа што, како прво, сакале да се оттргнат од погрчувањето, а како второ, литургијата била на словенски јазик (колку-толку разбирлив за неписменото селско население). Секако, имало и обиди да се обнови Охридската архиепископија од страна на Теодосиј Гологанов како единствена црква заштитничка на Македонскиот народ, но не се случило. Некои бугарски "агенти" како на пр. Петко Славејков, бил против обновата на посебна Македонска црква, затоа што сметал дека со тоа Бугарија засекогаш ќе ја изгуби Македонија. Бидејќи создавањето на посебна македонска црква не успеало, македонското население т.е. православните Македонци биле речиси целосно под бугарската егзархија и училишта. Со тоа, Македонците раснеле во тој дух, дека бугарскиот и македонскиот народ се два многу блиски народи, односно речиси исти. Борбата за слобода преминала во заедничка борба на македонскиот и бугарскиот народ најпрвин, против турскиот окупатор. За време на Првата светска војна, била формирана Единаесеттата пешадиска македонска дивизија која што била создадена од над 35 000 Македонци, која што била во составот на бугарската армија доброволно.
Значи, тоа се факти кои што сите во Македонија треба да ги знаат, и мислам дека треба да се гордееме со тоа што една толку голема дивизија се создала за толку брзо време, која што ќе се бори за слободата на Македонија. А ние, водејќи се по југокомунистичките манипулации, ги сметаме за "бугаромани", "предавници" и др.
Тома Давидов, Христо Чернопеев, Атанас Бабата, Крсо Б'лгаријата, Тане Николов и многу др., треба да бидат почитувани од Македонците, и да знаат кој најмногу им помагал низ историјата. Еден Србин или Грк кажи ми кој што бил во ВМРО, кој што се борел за македонските интереси. Нема.
Можеби некој нема да се согласи со моето мислење, но тоа е според мојата перспектива. Секој има право на свое мислење.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Како да препознаеш бугарофил?
Мрази Срби и комунизам.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Не бе, никако да разбереш, не се бараше Иван Анастасов од Мелник, географски Македонец, туку асли Грк, со име Jанис Анастасидис, од подалеко, како Каламата например, или некоj остров накаj Мала Азиjа. Сфаќаш? Така како што Тома Давидов е доjден дури од Северот на Бугариjа.

Така да даj понуди некоj важечки пример, доколку има...
 

Stoichkov

Царево Село/Делчево
Член од
9 февруари 2010
Мислења
204
Поени од реакции
60
Прочетете и за Марко Лерински од Котел ...
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Не бе, никако да разбереш, не се бараше Иван Анастасов од Мелник, географски Македонец, туку асли Грк, со име Jанис Анастасидис, од подалеко, како Каламата например, или некоj остров накаj Мала Азиjа. Сфаќаш? Така како што Тома Давидов е доjден дури од Северот на Бугариjа.

Така да даj понуди некоj важечки пример, доколку има...
Се бараше ЕДЕН грк се најде грк. Следниот пат мора да се размисли повеќе пред да се постави пак некое слично прашање.
Давидов е еден од многуте уфрлени врховисти во македонското револуционерно движење , обичен бугарски агент. Арно, загинал во борба со турците, но е битно е да се разјасни тактиката на бугарите, србите и грците во однос на македонската борба за слобода, за да знаеме добро зошто врховистите доаѓале кај МРО. Бугарите први почнале со тактиката на инфилтрација на агенти. Припојувањето на членовите на бугарското братство на Гарванов не ги дало очекуваните резултати и по цврстиот отпор кој го пружила МРО на врховистите, Бугарија почнала да ги инфилтрира внатре во самата организација. Предноста на бугарите во однос со останатите пропаганди доаѓа од Екзархијата. По отфрлањето на патриаршизмот кај поголемиот дел од македонскиот народ грците не можаат веќе да влијајат одвнатре и затоа ја следат тактиката на директна конфронтација со јасна цел да победат со сила. А бугарите бргу разбрале дека однадвор нема да можат да раководат со македонската борба, ниту да ја победат ВМРО и се соочиле со можност Македонија да добие автономија и така целосно да ја испуштат, па добро ги искористиле можностите што им разоткрила Екзархијата. Така што немојте толку да ги фалите прикриените врховисти и нивната улога во македонското национално ослободително движење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom