Демек коренот е во мене (и на мене сличните)? Така ли лесно бива рехабилитација, па уште како јунак да сум го прифател!? Да не се вреѓаме....
Воопшто не е вон темата....проблеми - настанати се од следново....види ја анкетата, односот - не ти значи тоа ништо (ова е само интернет форум нели) или направи меѓу народот истражување ќе го видиш реалниот однос кон „ликов“.....во дадениот период историографите од двете земји го оквалификувале опусот на дотичниот како анти-македонски, про-бугарски и истото го поткрепиле со докази за неговата определеност....
Проблемите се од денешно време....никој не ме прашува ни мене, ни некој историчар, ниту било кој - 350 илјадарки и куп бронза - WTF??? Имало стручна расправа некаде, некогаш!? Ја покренал некој со сериозни докази??? На форуми ли ќе решаваме такви прашања....
Елементарно е тоа што од вакви будалаштини нема потреба....пак ќе повторам, бугарските националисти од денешно време го слават ТА, а од скоро време заедно со вас.....
Не знам дали ви се конкретно бугарски идеалите и државава ја гледате како таква или само сте во заблуда....Бугарија беше првата земја што ја призна независна Република Македонија, нормално, тие немаат никаков проблем со вашата држава - само очигледно немате претстава како го доживуваат македонскиот народ и дали воопшто препознаваат нешто македонско - да, таа Македонија за која се борел ТА....државата Бугарија во времето на КПБ не покажувала некакви територијални претензии кон Македонија, па и денеска (барем не очигледно како Албанците) - како и секогаш во историјата функционирале со испраќање шпиони, инфилтрирање на истите во сите можни институции и слични посуптилни форми на дејствување (за разлика од албанскиот АК47) - нешто што очигледно кај добро запалило кај вас...
Кец во ракав сте им на татарите, свака част....