B
Borg_Drone
Гостин
Работата е тоа што Европејците сакаат тие 5.8 милијарди евра да ги собере Кипар од клиентите што имаат депозити во банките.Предлогот на ЕУ беше да се удри по сите, и по оние кои имаат депозити со вредност помала од сто илјади евра.Кипарците секако дека го одбија тоа, тоа би значело за нив колапс, а и тешко дека некој од политичарите би преживеал такво сценарио, ни под вода после тоа не ќе можат да се сокријат.На крај пак ќе мора да ги соберат тие 6 мрд ЕУР иначе отиде Кипар и не ќе може повеќе да најмува eвра што де факто значи дека е надвор од Еврозоната.
Од лани летоска Европската централна банка индиректно ги држи кипарските банки во живот. Двете најголеми банки се де факто банкрот.
Во овој случај ММФ е строг и нема да попушти, иначе ЕУ можеби ќе попуштеше. Идејава за одземајне процент на сметките беше Кипарска идеја па на крај против гласаа. Барај сега памет.
Сега пак Кипарците отидоа со предлог во Брисел, со кој се укажува нивната согласност за тоа да учествуваат и обичните граѓани во спасот на Кипар, но под еден услов: да учествуваат тие што имаат депозити во банките во вредност од сто илјади евра, па нагоре и треба да платат околку дваесет проценти.Инаку сега им ја ограничија и можноста да вадат пари; имаат право сега да вадат само по сто евра дневно.
И треба некои банки да бидат поделени и да се припојат кон некои други банки, само тоа би им донело две милијарди евра.
Како ќе се одвиваат работите искрено, ме боли патлакот ако сака цел остров нека се распадне, само не им одговара на Европејците тој остров да отиде во руски раце.Претставува важна стратешка положба и како второ Кипар имаат силно развиена трговија.
А што се однесува до тоа да се оттуѓат девизите на руските олигарси, тоа ни на сон нема да се случи.Ако се случи тоа, тогаш тоа би значело влегување во нова Студена војна.Свесни се Европејците за тоа.....
http://www.spiegel.de/wirtschaft/unternehmen/zyprer-koennen-nur-noch-100-euro-taeglich-abheben-a-890675.html