Ти гледаш црвено, јас гледам црвено. Дали го гледаме истото нешто?

  • Креатор на темата Peaceful Anger
  • Време на започнување

HellYeah

A Certified Drama Queen!
Член од
12 мај 2011
Мислења
25
Поени од реакции
10
Многу јасно дека не ги гледаме сите исто. Пример,влези во една класа на ликовна академија и види каков пристап према према бојите има секој студент поединечно кога се работи на иста поставена тема,мртва природа ,секој работи на свој посебен начин на кој тој ги гледа или доживува боите.;)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Така ама ако немало збор или поим за бојата сина или за небо, и дали воопшто небото и бојата негова постои па се имаат наречено со збор или поим, или првин е поимот па потоа небото и бојата негова се имаат моделирано во нашата свест како физичко нешто.

И дали мислењето дека си мислел така порано влијае врз мислењето поинаку да мислиш денес, или немало никакво влијание, што е твое размислување а што научено нешто или собрано по пат.?
Нц. Порано мислев така. Сега имам мозок.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Забегавте од темата.
Фората е:
- За мене оваа (замислена) одредена боја е плава. (и ја глеам како плава, пошо гледаат ко мене)
- И за тебе е плава. (али ја глеаш како црвена, само као мал те научиле дека таа боја е плава).
- Само HUE-то различно, не јачината или светлоста.

Не знам дали е така али тоа би го објаснило различните наклонувања кон одредени омилени бои и различниот вкус на бои на облекување оr so.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Забегавте од темата.
Фората е:
- За мене оваа (замислена) одредена боја е плава. (и ја глеам како плава, пошо гледаат ко мене)
- И за тебе е плава. (али ја глеаш како црвена, само као мал те научиле дека таа боја е плава).
- Само HUE-то различно, не јачината или светлоста.

Не знам дали е така али тоа би го објаснило различните наклонувања кон одредени омилени бои и различниот вкус на бои на облекување оr so.
Тоа и јас го велам! (можев лајк да ти стиснам али не сакав)
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
На сите црвената им е црвена, освен на оние на кои не им е.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Никој не гледа тотално иста нијанса на боја без разлика дали се очите здрави. Често пати разликите во перцепција се огромни. Се случува една иста боја еден да ја гледа како сива а друг како темно зелена само што тогаш се поставува прашање која е вистинската нијанса?
 
S

smexy

Гостин
Ако има поента дебатава еве на...ептен е млатење празна слама,а темава е супер градиво за илузии и небитни дискусии.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.599
Поени од реакции
31.359
a koj si pa ti i isto da gledame ., <>retorichki<>., i shto sea od ist kazan da jademe., moe pravo moe gledanje na rabotite;)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Ако има поента дебатава еве на...ептен е млатење празна слама,а темава е супер градиво за илузии и небитни дискусии.
Филозофијата неретко нема поента освен самото филозофирање.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.059
во краен случај и предметите немаат единствена боја.. тие се такви какви што ги гледаме на бела светлина, ако беше црвена светлината ќе имаа други бои. Значи се е до рецепторот на јачината на светлината а тоа дека сите плава им е плава е точно и неможе да биде биде поинаку. Бидејќи се знае која е брановата дожина на плавата боја што се емитува од рефлексијата на упадната светлина врз предметите
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.430
Поени од реакции
6.076
Самата проста дефиниција на филозофијата дека се појавува од оној момент каде што науката неможе да допре ,доведува до тоа дека прашањето е не одговорливо : )
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
во краен случај и предметите немаат единствена боја.. тие се такви какви што ги гледаме на бела светлина, ако беше црвена светлината ќе имаа други бои. Значи се е до рецепторот на јачината на светлината а тоа дека сите плава им е плава е точно и неможе да биде биде поинаку. Бидејќи се знае која е брановата дожина на плавата боја што се емитува од рефлексијата на упадната светлина врз предметите
Брановата должина се знае, не рековме дека не. Рековме како јас ја глеам а како ти.
Збориме дека прецепцијата е различна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom