Малта - Македонија - 2
Малта - Македонија - 2-2
На последните 4 натпревари нашата репрезентација направи скор од 4 победи - против Катар, Канада, Азербејџан и Романија. Во меѓусебните дуели на Малта и Македонија, вкупно 5, имаме 4 победи и 1 реми. Ниту еден пораз! Денес на Малта отпатувавме во буквални најсилен состав со тактика 3-4-3 и напад предводен од Пандев, Наумоски и Тричковски. Единствена измена од стандардните 11 е таа што во средината наместо Шумуликоски ќе се појави Марио Ѓоровски. Од друга страна, пак, на Малта и недостигаат 6 првотимци(голманот Чурими, стоперот Зерофа, крилото Минтоф и триото напаѓачи - Каруна, Калиа и Вудс).
Се на се, ослабената Малта, најсилниот македонски состав и традицијата комплетно на наша страна се доволна причина да се надеваме на (убедлива) победа на нашата репрезентација! Напред ЦРВЕНО-ЖОЛТИ!