Техничар за агроменаџмент

Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Здраво, моментално учам средно земјоделско училиште смер Агроменаџмент, па понатаму незнам на што факултет да продолжам:eek::oops::unsure:,(можеби) ке биде земјоделски... Дали со завршен факултет за оваа работа ке можете да најдете работа овде во МКД, доколку може колку е платата од прилика, дали е потценета оваа струка бидејки како што стојат работите сите бараат работници за на нива да товарат бали на 40+ степени а не за да работеш како менаџер на земјоделското производство во неговата земјоделска фирма... Дали успеал некој со оваа струка? Дали е подобро да си самовработен (да имаш своја фирма и сам да си го менаџираш земјоделското производство) со оваа струка или да одеш да бараш работа во некоја земјоделска фирма и сл...? Некој по-упатен ако може да ми одговори што има блиски пријатели/роднини што успеале или стручњак што се занимава со ова во животот. Можеби има тема за ова но јас не најдов, доколку има спојте ја истата. Била каква информација за ова е од корист, благодарам однапред позз! (Вашите одговори нека бидат само без :oftopik:) :)(y)
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
ke njades rabota vo zemjodelska firma ,ama deka ke zimas golema plata ne veruvam vo toa
mozebi e podobro da si otvores svoja firma , no i vaka i taka e tesko so zemjodelstvoto vo mkd
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.627
Поени од реакции
34.814
...ако ја имаш звездата над тебе, таа секогаш ќе те следи и секогаш ќе бидеш успешен, грешка е што бараш совет оти секој не ја имаат истата звезда, па може негативно да ти делуваат, а уште не си почнат со учење...
мој совет е да се определиш да учиш тоа што го сакаш или си неутрален и не го мрзиш, па со тек на време ќе го засакаш, но никако да учиш нешто по препорака на родителот, комшијата или роднината, а тебе воопшто не ти лежи тоа :neetaka:

кога се сака све се може ако се работи за нешто што го сакаш да го учиш- работаш па за пример да ти докажам се присетив на Душан Пејин 80 год Сомбор, Србија кој може да се пофали со четири индекси и три дипломи од Земјоделскиот факултет, и тоа по: додипломски, постдипломски, мастер и магистерски студии пред некоја година :ojeaa:

инаку својата прва диплома ја стекнал во 1963 година, а на науката целосно и се предал после своето пензионирање во 1993 год му се вратил на факултетот кога ја основал својата приватна фирма за проектирање на земјоделски објекти и нивна санитарна заштита, кога ја основал фирмата, му кажале дека мора да вработи инженер за заштита на билките па него тоа не му претставувало никаков проблем, туку напротив – вистински предизвик и така тој запишал мастер од оваа област, а магистерскиот труд на тема “Влијанието на штетните инсекти и глодари врз житните култури во Бачка“ го одбранил во 2012 година, нормално, со оценка 10 !!! :roker:
така да ти завршиши си факултет имај си високо образование и не е важно што, ако ја имаш звездата таа ќе те повлече па можеш да бидеш и Премиер иако ќе си земјоделец ;)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Само облаци да не го фатат во меѓувреме, па да не може да се види со ѕвездата.

Не го маткајте детето со ѕвезди, месечини и прикаски, ако се посвети и биди во најдобрите во било која област, нема да има проблем да успее, ако не бива во Македонија, секогаш ќе може да успее надвор од тука.
 
...ако си @Кеплер не си Кеплеров закон па сите да се вртиме околу тебе, јас си кажав мое мислење, ТИ кажи си го твоето мислење- не ме цитирај мене, оти ,,звезда,, е симболика на нешто што значи харизма и среќа на индивидуата и која и те како е важна, оти може да се има 10 факса ама ако се нема харизма свирче не го бидува и обратно ако ја има харизмата и среќата и во контајнер да се фрли ќе стане нешто нели? А тоа надвор од МКД ако ја нема таа харизма во себе тешка работа дека ќе успее па 10 дипломи да има ! (y)...
има една ЖЕНСКА, ја знаеш и ТИ ...
не дека е плавуша, просек шеска, има тра ла ла конверзација, карикатура појава, провинцијалка, ама ја има харизмата цепи плата 3 000 евра среде МКД со дипломата одвај земена, ете ти екватантен пример што значи ,,звезда,, ;)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
...ако си @Кеплер не си Кеплеров закон па сите да се вртиме околу тебе, јас си кажав мое мислење, ТИ кажи си го твоето мислење- не ме цитирај мене, оти ,,звезда,, е симболика на нешто што значи харизма и среќа на индивидуата и која и те како е важна, оти може да се има 10 факса ама ако се нема харизма свирче не го бидува и обратно ако ја има харизмата и среќата и во контајнер да се фрли ќе стане нешто нели? А тоа надвор од МКД ако ја нема таа харизма во себе тешка работа дека ќе успее па 10 дипломи да има ! (y)
Кај виде дека си цитирана, оди таму да ти препишат ѕврцала оти слабо ти се гледа.
Ако не го испотиш задното дебело месо или пак ако не си дете на некој чауш ни среќа ни ѕвезда не ти помага.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.627
Поени од реакции
34.814
Кај виде дека си цитирана, оди таму да ти препишат ѕврцала оти слабо ти се гледа.
Ако не го испотиш задното дебело месо или пак ако не си дете на некој чауш ни среќа ни ѕвезда не ти помага.
... а да се вратиш да си го прочиташ коментарот каде спомнуваш ,,звезда,, месечини каде облак ќе покрие звезда?? да не се лаже детето... и пред тоа прочитај го повторно мојот коментар каде пишувам за ,,звезда,, ??
тоа не е индиректно удар на мојот коментар??
дете на чауш е со краткотрајна среќа, напротив најчесто трагично завршуваат баш поради нивното разгалено однесување дали со Ауди ќе се рокне, дали со дрога ;)
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Темава е за давање на ваше мислење! Не е место за расправање и докажување!!! Бијонс, точно така. Не треба да се слушат туѓите кажувања за на што факс да одеш. Инаку јас мислам за Земјоделски и оној што е метеоролошкиот (Природно-Математички). Инаку гледав во Србија ли беше незнам точно платата за оваа струка е доста голема. Е сега кај нас што се слаби средните училишта, каде што треба да им даваат на учениците основни познавања за понатаму да не се чудат што е тој поим... Многу тешко за тоа... Тоа што се учи на теорија треба да се примени во пракса, односно она што го учеш да знаеш и да го работеш... Пример ветеринар/агроном/Агроменаџмент ли било што да го повикат на приватно и да речат што му е на животното/растението, тој нема да знае, само ке ги познае некои по изразети симптоми и толку и ке ти рече прашај си некој што има подолго работно искуство или оди по земјоделски аптеки тражи спас за него(знеш нешто на теорија но не и во работа/пракса). Еве пример јас да ти кажам за праксата кај нас. Ние само копаме во школскиот двор или на имотот на училиштето ништо друго посебно. Пример ископување на почвен профил никогаш не сме извеле да видеме како оди постапката. А некои професори си немаат врска од предавање, само седат на клупа и читат од книга ако е за тоа работа секој може тоа да го направи но ништо успех потоа! Се додека е вака, со лоша пракса во средно ништо не правеме од тоа, во средно се даваат основните елементи за таа стука ако сакаш да идеш на факултет. Што за жал тоа кај нас го нема..... Место да ги слушнеш некои поими во средно ти ке ги слушнеш во Факултет, и ке се чудеш што е тоа никогаш кога не си го слушнал во средно... Така стојат работите. Да се вратеме на темата со вашите мислења само без оф топик. Ако има некој нешто да ме праша вака а да не е многу поврзана со темата нека биде во ПП.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
... а да се вратиш да си го прочиташ коментарот каде спомнуваш ,,звезда,, месечини каде облак ќе покрие звезда?? да не се лаже детето... и пред тоа прочитај го повторно мојот коментар каде пишувам за ,,звезда,, ??
тоа не е индиректно удар на мојот коментар??
дете на чауш е со краткотрајна среќа, напротив најчесто трагично завршуваат баш поради нивното разгалено однесување дали со Ауди ќе се рокне, дали со дрога ;)
Не бркај филозофии, цитирана не беше никаде, коментарот се однесуваше на твојот и на секој што е пишува такви прикаски за ѕвезди, среќа и бла бла. Реалноста е дека ако се посветиш на една работа и ако си навистина добар, секогаш ќе се најде работа и ќе те ценат, без труд успеваат тие што ги наведов и погоре.

Темава е за давање на ваше мислење! Не е место за расправање и докажување!!! Бијонс, точно така. Не треба да се слушат туѓите кажувања за на што факс да одеш. Инаку јас мислам за Земјоделски и оној што е метеоролошкиот (Природно-Математички). Инаку гледав во Србија ли беше незнам точно платата за оваа струка е доста голема. Е сега кај нас што се слаби средните училишта, каде што треба да им даваат на учениците основни познавања за понатаму да не се чудат што е тој поим... Многу тешко за тоа... Тоа што се учи на теорија треба да се примени во пракса, односно она што го учеш да знаеш и да го работеш... Пример ветеринар/агроном/Агроменаџмент ли било што да го повикат на приватно и да речат што му е на животното/растението, тој нема да знае, само ке ги познае некои по изразети симптоми и толку и ке ти рече прашај си некој што има подолго работно искуство или оди по земјоделски аптеки тражи спас за него(знеш нешто на теорија но не и во работа/пракса). Еве пример јас да ти кажам за праксата кај нас. Ние само копаме во школскиот двор или на имотот на училиштето ништо друго посебно. Пример ископување на почвен профил никогаш не сме извеле да видеме како оди постапката. А некои професори си немаат врска од предавање, само седат на клупа и читат од книга ако е за тоа работа секој може тоа да го направи но ништо успех потоа! Се додека е вака, со лоша пракса во средно ништо не правеме од тоа, во средно се даваат основните елементи за таа стука ако сакаш да идеш на факултет. Што за жал тоа кај нас го нема..... Место да ги слушнеш некои поими во средно ти ке ги слушнеш во Факултет, и ке се чудеш што е тоа никогаш кога не си го слушнал во средно... Така стојат работите. Да се вратеме на темата со вашите мислења само без оф топик. Ако има некој нешто да ме праша вака а да не е многу поврзана со темата нека биде во ПП.
Факултетот ти е Автокоманда, на едно место се Шумарски и Земјоделски, е сега не очекувај многу дека ќе стекнеш знаење само од факултетот, имам пријател што заврши на тој факултет, но никогаш не заработи со тоа, човекот се пренасочи во друга област, бидејќи не се пронајде во ова.
Работа не знам како очекуваш и по кој стандард, но класика работа за плата не е баш некој успех, на почетокот речиси во ниедна област не даваат голема плата (освен државна администрација), а ако се докажеш со тек на време како експерт во таа област ќе ти се исплати сигурно.
Покрај тоа што се учи на факултет гледај да читаш од странска литература, многу е оскудно она што се нуди во нашето образование, учебниците се стари, сеуште се нудат стари методологии, а во многу случаеви и самите професори не разбираат англиски, па чекаат некој нивни колега да издаде книга по балканот, па да направат некоја скрипта.
Ако ти прави кеиф, да се запишеш, загреј го столчето и стекни знаење, колкава ќе биде платата, дали ќе ја има работата не може да ти каже никој за период од 4-5 години од сега, пазарот се менува, побарувачката исто, но ако не се бара тука, ќе го има надвор и т.н.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.627
Поени од реакции
34.814
....@TheStarOfKutles , морам да ти искоментирам околу праксата,
односно тоа што го учиш веднаш кога ќе одиш на работа да го применуваш апосолутно ниедна професија ја нема и ниеден кој завршил дали средно насочено, или високо образование да почне на работа и да знае да примени што учел ма каква нека да е праксата во соодветната установа - нема шанса да знае!
тоа знаеш каде и кога го има? кога таткото ќе оди кај автолакерот, или автоелектричарот ќе му даде 1 000 евра и ќе му рече научи го син ми твојот занает или мајката ќе оди кај фризерката ќе и даде 500 евра на мајсторицата и ќе и рече научи ја ќерка ми за фризерај... таман работа за ич пари или во училиште од обична пракса веќе сите да знаат својата професија? ма ајде кај го има да некој со 20,30 години стаж од љубов да ти го пренесе занаетот? тоа кошта пари, како овде така и во странство... еве ќе ти кажам на пример доктор ќе специјализира за хирург и мислиш веднаш влегува во сала иако одел на ,,пракса,, во хирушка клиника некој еминентен хирург ќе му открие ,,како да оперира,, онака од љубов или што е универзитетски професор од своето 20 годишно искуство, ма нема шанса ако овој не му даде лично финасиска исплата за ,,тајната,, на негово оперирање иди во странство ако не го исплатиш во рака ,,виртуозот,, и да му речеш - научи ме ! ќе бидеш присутен во најеминентна болница, а само ќе гледаш од страна или набрзина ќе ти се објасни без да разбереш или ќе ,,украдеш,, мислење или гледање на ехо апарат што често пати ќе се покаже како погрешно сватено и така ќе се тера погрешно цел живот, оти првото учење на работно место ако е погрешно научено тешко да се одвикне вработениот, така да не ти треба којзнае каква пракса пред да се вработиш онака општо само колку да имаш ориентација што ќе работаш, но никако да знаеш !
инаку да продолжам со примерот,
тој специјализиран хирург ќе си се врати во клиниката каде што е вработен, ќе влезе во сала и прво ќе ја ,,набљудува,, операцијата , потоа по некое време ќе влезе во хирушка сала само ќе асистира на другиот искусен хирург, па по извесен период КОГА ЌЕ СЕ СТЕКНЕ СО ПРАКСА ќе оперира полесни операции со локална анестезија, за да после по некое време оперира во присуство од друг оператор што ќе го надгледува, да после НЕКОЕ ВРЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ СТЕКНЕ СО ЦЕЛОСНА ПРАКСА оперативна ќе се нафати да сам оперира, тоа во секоја професија мора да се помине ма макар имал супер знаење и теорија, ма имал супер образовна пракса...
Што сакав со ова објаснување да ти кажам, дека учењето ќе се применува кога веќе ќе ја имаш таа пракса која САМ ЌЕ СИ ЈА ИМАШ СО САМОТО ВРАБОТУВАЊЕ, затоа што луѓето каде ќе бидеш вработен ќе го имаат интересот ТИ да ја знаеш работата и ТИЕ ќе ти ја пренесат основната пракса која ти после со тек на време ќе ја надградиш ! (y)
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Само да не доаѓат некои `стручњаци` од странство па тие да не учат:shook:. Зборувам со исклучоци значи ретки се тие да ги видеш само какви дудуци биле ке добиеш шок :facepalm:. Затоа малку слушнете ги оние кои биле да го видат знаењето на оние `стручњаци` и не ти знам што се таму! Затоа на сите `стручњаци` од странство на пример Изреал не им верувајте или во спротивно ке бидете исмејуван од обичен земјоделец овде во македонија хахаха... Од таа пракса таму и таа почва во Изреал што ја има е ДАЛЕКУ поразлична од оваа во МКД. Дошол типот и он кажувал како да се ора на кој начин почвата (глинеста) во овој регион на Македонија. На некои им се чини дека глинестата почва на ист начин се ора како што е онаа во Изреал песокливата, интересно :LOL::rolleyes::facepalm:... Да не знае каква структура, изглед и сл имаат почвите, а дошол да го претставува нивното знаење на тамошното училиште, и да не знае на кој начин се обработуват различните почви, многу ке научиме од таквите:vozbud: не е тоа проблемот само, во таа тврда почва ке ни искршат и опремата што едвај ја одржуваме за нешто да работеме со неа, секако ако работиме по нивниот принцип. Се добро се одржувало со праксата и теоријата до пред неколку години сега е друг случај. Бијонс сега заедно ние ке разговараме во ПП, бидејки ова веќе налекува на тема за `Колку сте задоволни од вашата пракса во средните училишта`. Да не збореме само без врска...:):cool:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom