Терористички напад во Осло

  • Креатор на темата Креатор на темата TITTANIK
  • Време на започнување Време на започнување
Башка и не успеала да погоди никого... :)
 
Со кој памет ја споредуваш неа со терористот од темава?

каде виде ти некаде споредба?
нели читаш дека напишав кое општо лудило го зафати светот
или по твое требаше да отворам нова тема за шведска ????
 
Ај што го напиша мислењето во темава, ама ова:
по Норвешка наред и Шведска со својот Робин Худ
Стварно? Не гледаш споредба?

Будали секогаш имало и секогаш ќе има. Ама оваа тема е за терорист кој убил и повредил 173 луѓе, не за жена која "си играла" со лак и стрели и не погодила никого.

И не, не треба да отвориш нова тема за случајот во Шведска, исто како што не треба да се отвораат нови теми за секој обид за убиство во светов.
 
Ај што го напиша мислењето во темава, ама ова:

Стварно? Не гледаш споредба?

Будали секогаш имало и секогаш ќе има. Ама оваа тема е за терорист кој убил и повредил 173 луѓе, не за жена која си играла со лак и стрели и не погодила никого.

И не, не треба да отвориш нова тема за случајот во Шведска, исто како што не треба да се отвораат нови теми за секој обид за убиство во светов.
тоа погоре се однесуваше конкретно за скандинавските земји, можеби таму ја виде споредбата- значи да има и во финска(скраја да е ) - секако би пишал на оваа тема
 
Експертска група на психијатри оцениле дека Андрес Берин Брејвик кој го изврши масакрот во Норвешка на 22 јули бил непресметлив, објави весникот Верденс ганг.

bravik.jpg500.jpg
Доколку се потврди оваа информација, тоа би значело дека Брејвик кој пред само 4 месеци уби 77 лица нема да биде осуден на казна затвор, туку ќе биде сместен во психијатриска болница.
-Психијатрите кои ги одреди судот заклучија дека Брејвик бил болен кога убил 77 луѓе, наведува весникот, не откривајќи го изворот на информација.
Психијатрите Сине Серхајм и Торгај Хусби денес го поднесоа својот извештај до судот во Осло.
Целокупните заклучоци ќе бидат соопштени на денешната прес-конференција.
Овие двајца психијатри оцениле дека Брејвик боледува од психоза, ментална состојба која во моментот на нападот ја изменила неговата способност за расудување.
Извештајот кој имал 240 страници ќе го анализира медицинско-правна комисија за да се увери дека ги исполнува сите професионални услови.
Сепак последниот збор за кривичната одговорност на Брејвик ќе ја донесе судот, кој во поголем дел од случаевите ја почитува препораката на експертите. Судот во Осло на 14 ноември му го продолжи притворот на Брејвик за 12 недели.
Дваесет и тригодишниот Брејвик на 22 јули најнапред го активирал автомобилот бомба пред зградата на владата во Осло, кога загинаа осум луѓе, а потоа пукал и убил 69 лица во младинскиот камп на островот Утоја, околу 40 километри оддалечен од Осло.
Брејвик ги призна двата напади и наведе дека делувал сам, а како мотив го наведе противењето на социјално-либералната идеологија и доселувањето на муслимани во Европа.
 
Јас мислам дека и Осама и Гадафи беа луди.Требаше да ги остават да си поживеат уште малку:)
 
Уште му посветуваат внимание на лудаков,па и реклама си прави на својата идеологија.Смешки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom