Добро, зошто не кажувате дека има тема и тука?
Себични едни!
Ај едно мое гледање на работиве.
Проститутка е тетка која ја плаќаш за да ти прави и да и` правиш се` за што отсекогаш си сонувал, а си немал можност да го добиеш. А нејзино единствено задоволство е сознанието дека после ќе е наградена со пари за трудот.
Жиголо - истиов муабет од погоре, само напишан во машки род.
Курва, за некои е жена што спие со сите мажи само не со својот партнер.
За други, курва е жена која послободно се однесува и се облекува попровокативно.
И да не набројувам понатаму.
Сепак, мислам дека повеќето мажи, една жена која си го тера ќејфот и го прави она што го сака, нема да ја наречат курва. Тоа побрзо ќе го направи друга жена.
Сметам дека треба да внимаваме какви квалификации даваме за луѓето без претходно да се согледаат комплетните услови и причини за нејзиното однесување (што често не сме во можност).
Курва како назив за карактерна особина е еднаков и за жени и за мажи. Означува склоност кон измама од секој вид, подготвеност беспрекорно да се лаже; свесно, со цел и намерно да си поигруваш со чувствата на другата личност. Таквиот човек ќе ви се улизува лицемерно, ќе ве тапка по рамо, а веднаш зад грб ќе зборува се` најлошо за вас.
„Курва“ во кревет (исто така еднаков и за жени и за мажи) ми нема врска со ниедно од овие објаснувања, па затоа можеби не го сфаќам толку лошо во конкретниов контекст. Не го сфаќам никако, ни добро ни лошо. Само се трудам да објаснам зошто не ја гледам како лоша фраза. Значи... Ми нема допирна точка со проститутка, сепак зборувавме за секс во убава љубовна врска во која има обострани чувства и обострано задоволство.
Еве, зошто за мажите нема соодветен збор за курва како што си има за проститутка? Затоа што мажите не се црнат еден со друг, а жените морале да си најдат некој збор за да ги етикетираат другите жени
Зборот курва е, вака послободно и попросто да се изразам, извештачено создаден и нема никаква врска со проститутките и нешто гнасно. Што им требало на злобните да измислуваат збор без потреба? Сега тука немаше да се замараме со ова
Да, би го сфатила лошо доколку некој го употребува за да си ги замачка своите гадости и да го сврти вниманието од своето однесување, а оцрнува и карактеризира некого без цврста основа.
Секако, партнерот нема да ви рече „Курва си во кревет“. Зошто? Затоа што знае дека ви пречи тој збор и ви звучи навредливо. Ви ги почитува размислувањата де.
Виктор претходно имаше спомнато нешто како: „Уште да сфатевте дека не ве нарекуваме курви и се` ќе беше во ред“
Зборови што имаат еднаков звуков состав, т.е. исто се пишуваат, а имаат различно значење се викаат хомоними (идиоми е друго
). Пример: коса на глава и коса - алатка за косење трева, град - населено место и град - врнежи итн.
За наводници нема ни да почнам да пишувам.
А буквалистите нека тераат инат колку сакаат. Зборови и правила не сум измислила ниту јас ниту било кој од форумов.
А да не се расправате и да си почекаме речник? Ако успееме да го дочекаме