Тема за честитање на верски празници

  • Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.066
Поени од реакции
1.128
Побарај прошка за да ја најдеш.
Прости со цело срце за да ти биде смирена душата и да ти биде умот полн со мир, а срцето полно со љубов.
За многу години ПРОЧКА.
 
Член од
8 април 2022
Мислења
184
Поени од реакции
269
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.752
Поени од реакции
37.748
images (33).jpeg

,,....Православните христијани во петок и сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.

На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на покојникот.

Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат.

Доколку на гробот некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот....,,
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.446
Поени од реакции
84.836
Не е ова честитка, само обележување:

Денес е строг пост - отсекување на главата на Свети Јован.

За жал, јас не сум баш најдобриот Христијанин. Постам, ама само без млеко, месо, јајца и покушавам на духовен план да постам, исто. Покушавам.

Господ Бог Исус Христос нека не утврди во верата и нека не спаси од искушенија.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
814
Поени од реакции
276
Честит и Среќен празник Св. Варвара!
Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е празникот на Светата великомаченица Варвара. Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас.
Затоа што била христијанка ја погубил нејзиниот татко кој бил паганин на 17 декември 306 година.
Среќна слава, нека е за многу години!
32D28505-DE9A-48E5-83C5-6020F5AC5C15.jpeg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom