Телефон vs. Телефон - Тема за споредби, искуства и препораки

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
A50 или S10+? На прв впечаток смешно прашање но реално не е баш. Планирам да купам денес, мојот избор е Нептун,на рати. Битен ми е соодносот на цената со тоа што го добиваш и споредено со конкуренцијата во својата класа кој е подобар 50ката или 10ката. Некој совет?
 
Ако бараш најдобро, телефон кој што ќе те служи за наредните 2-3 години, тогаш без мислење S10+
Ако си за нешто помало, по компактно, ако не ти треба најдобрата камера, ако не ти требаат најјаките спецификации, тогаш со A50 нема да згрешиш. Јас го имам, и сум задоволен.
Да би бил на твое место, и да би бирал да ми дадат послаб и појак уред, ја би го земал појакиот.
 
Huawei P30, Galaxy S10 или Huawei Mate 20 Pro што највеќе вреди за парите ? Првите се скоро иста цена, третиот +50 евра
Исто и мислење за P20 Pro како поефтина верзија ми изгледа дека вреди за парите, 150-200е помалце од првиве три
 
Некој што користи Honor 8x да сподели искуство?

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Huawei P30, Galaxy S10 или Huawei Mate 20 Pro што највеќе вреди за парите ? Првите се скоро иста цена, третиот +50 евра
Исто и мислење за P20 Pro како поефтина верзија ми изгледа дека вреди за парите, 150-200е помалце од првиве три
S10.
Huawei P30 само ако ти е дојдено до сликање у ноќе.
А можеш и Note 9 да најдеш користен, на старо за уште поевтино. Прашај во IT. MK форумот, ќе ти кажат.
 
Јас се одлучив за S10+ и истото ке го кажам, S10 без размислување. Брат ми го има хуавеито, P30, гола вода...
 
P30 pro и s10+ по мобилариве имаат иста цена.А плус P30 pro е прогласен за најдобар телефон за 2019. За P30 не знам каков е телефонот.
 
Точно е тоа. Меѓутоа мое мислење кое може слободно да се толкува и како субјективно е дека прогласен за најдобар и најдобар телефон се различни поими. Со тоа не кажувам дека 10ката е најдобриот само сакам да кажам кој ке испадне подобар може да се се гледа после некое време. Имаш 3,4,5, автомобили иста цена (?) *, еден е прогласен најдобар...едниов тера 100000км едниов 200 најдобриов 300 и некој 500. Пример. Пак ке кажам,мое лично мислење што во никој случај не значи и дека навистина е така. Во секој случај едно е јасно, било P30 Pro било S10+ не се погрешува.
*таков телефон не се купува во мобилара
 
Еве едно искуство...неколку месеци го користам веќе P30 pro и до сега немам ниедна забелешка. Искрено пред да го земам читав дека софтверот може да биде „чуден“ и тоа ме замислуваше ама вреди за сите пари. Батерија, камера не ни дискутирам, интересни софтверски додатоци..За разлика од претходниот ХТЦ 10 мнооогу подобар софтвер (тој веќе и беше стар). Не сум некој љубител на Samsung така да не ни размислував како друга опција. Во моментов кинезите се многу добри.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom