Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.934
Поени од реакции
12.333
:aplauz:
...

Поддршка која ја имавте уште пред дваесет години, а сега на мое неверување гледам дека сте ја свеле на работно време пократко од маалски гранап: од 09-20 часот.
Сериозно?! Кој ви е генијалниот улижувач на кого му текна: Шефе вака ќе се уштеди многу – трпи овој народ ич да не се секираш?
Кој е тој со оваа генијална идеја”, прашува поетот укажувајќи дека граѓаните имаат право да добијат реална поддршка 24 часа во денот.

...

И конечно, да се приберете со вашата лакомост за профит и да си ги реотворите работните места кои веројатно сте ги укинале за корисничка поддршка.
Мене ми треба ЧОВЕК и човечки глас да се разберам, а во моментов веројатно на некој прекрасен и писмен дечко или девојка им треба работа.

...
Ах кутар човек, бара одговорност и професионализам од компанија која од поодамна е прогласена за умрено.

Од 2023 година па наваму масовно бега кој стигне од Македонски Телеком бидејќи им е ску_чено од односот на раководителите, директорите и општо од целокупниот менаџмент.

Тука мора да се потенцира дека секоја година Македонски Телеком си игра расипан телефон и со работните места и со раководните позиции, особено од 2023 година кога техничарите кои работат кај крајните корисници повеќе не се дел од одделот за технички услуги, туку сега по ново се под раководство на одделот за продажба.

Наједноставниот опис на ваквиот идиотизам би гласел вака:

Работиш во авто сервис на некој увозник на автомобили, па преку ноќ ти кажуваат дека од сега па понатаму сервисот нема да функционира како посебен ентитет во склоп на компанијата, туку сега по ново сервисерите ќе бидат под раководство на раководителот на салонот за автомобили, кој веројатно знае да продава автомобили, ама никогаш во животот нема напумпано гума, а не па да знае како да смени тркало на автомобил, а уште помалку па да знае како се раководи сервис за автомобили.

Е па тоа е новата реалност во Македонски Телеком од пролетта 2023 па наваму, техничарите кои не работат кај крајните корисници, туку работат надвор на терен и кои работат на проширување и одржување на главните доводни кабли, односно на примарната мрежа, остануваат под раководство на одделот за технички услуги, додека техничарите кои работат кај крајните корисници, односно кои работат внатре во објектите во кои продолжува и завршува секундарната мрежа, од пролетта 2023 па наваму се под раководство на одделот за продажба.

Колку што продавачите на мобилни телефони во салоните знаат да направат целосна монтажа на оптичка телекомуникациска мрежа кај краен корисник, толку и раководителот на одделот за продажба знае со какви ситуации се соочуваат секојдневно техничарите на терен кои работат кај крајните корисници.

Ова секако дека е рецепт за катастрофа, но за истата катастрофа се дадени инструкции и согласност од швабите во Бон - секако, со цел да се намали бројот на вработени - па тука се затвора прашањето дали некој воопшто размислил со здрав ум и разум за ваквите нови политики на работење на компанијата.

Првиот бран на техничари кои ја напуштија компанијата под новото раководство од пролетта 2023 па наваму, беше летото/есента 2023 кога добар дел фатија џаде, кои во Хрватска, кои во Германија - наводно во Хрватска платите се движеле помеѓу 1.000 и 1.500 евра месечно со платено сместување и оброк, а во Германија платите се движеле помеѓу 2.000 и 2.500 евра месечно, но без платено сместување и оброк. Некои се вратиле, но повеќето си останале.

Вториот бран на техничари кои го напуштаат Македонски Телеком под новото раководство од пролетта 2023 па наваму, еве го се случува од мај/јуни 2024 па наваму, повторно бидејќи на техничарите им е ску_чено од политиките на работа кои ги применува новото раководство од продажба, а кое дополнително им се ку_чи на техничарите со приказни од типот "никој не е незаменлив, ќе најдеме кој да ве замени".

Генијалците од продажба ги менуваат техничарите кои напуштиле со деца - буквално деца - кои штотуку наполниле 18 години, некои штотуку завршиле средно, некои допрва ќе завршуваат, и се разбира, не ги вработуваат директно во Македонски Телеком, туку ги ангажираат преку приватна компанија која ужива доста неубава репутација како надворешен соработник на Стопанска Банка Скопје и други компании.

Мој сосед кој работи во оддел за техничка поддршка на Шпаркасе Банка ме информираше минатава пролет 2024 дека истава компанија го превзема и Контакт центарот на неговата банка, но само за повици после 20:00 часот, и не биле баш професионални во работата.

Mellon Solutions - вработување - vrabotuvanje - KARIERA.mk

Mellon Solutions Dooel - Карти на Google

А кога сме кај вработените во Контакт центарот на Македонски Телеком, нив ги менуваат како чорапи бидејќи ретко кој прифаќа да им остане таму да им работи во такви работни услови и за такви плати.

Пренесете му на поетот дека бара одговорност и професионализам од компанија која од поодамна е прогласена за умрено.
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2021
Мислења
949
Поени од реакции
967
Ах кутар човек, бара одговорност и професионализам од компанија која од поодамна е прогласена за умрено.

Од 2023 година па наваму масовно бега кој стигне од Македонски Телеком бидејќи им е ску_чено од односот на раководителите, директорите и општо од целокупниот менаџмент.

Тука мора да се потенцира дека секоја година Македонски Телеком си игра расипан телефон и со работните места и со раководните позиции, особено од 2023 година кога техничарите кои работат кај крајните корисници повеќе не се дел од одделот за технички услуги, туку сега по ново се под раководство на одделот за продажба.

Наједноставниот опис на ваквиот идиотизам би гласел вака:

Работиш во авто сервис на некој увозник на автомобили, па преку ноќ ти кажуваат дека од сега па понатаму сервисот нема да функционира како посебен ентитет во склоп на компанијата, туку сега по ново сервисерите ќе бидат под раководство на раководителот на салонот за автомобили, кој веројатно знае да продава автомобили, ама никогаш во животот нема напумпано гума, а не па да знае како да смени тркало на автомобил, а уште помалку па да знае како се раководи сервис за автомобили.

Е па тоа е новата реалност во Македонски Телеком од пролетта 2023 па наваму, техничарите кои не работат кај крајните корисници, туку работат надвор на терен и кои работат на проширување и одржување на главените доводни кабли, односно на примарната мрежа, остануваат под раководство на одделот за технички услуги, додека техничарите кои работат кај крајните корисници, односно кои работат внатре во објектите во кои продолжува и завршува секундарната мрежа, од пролетта 2023 па наваму се под раководство на одделот за продажба.

Колку што продавачите на мобилни телефони во салоните знаат да направат целосна монтажа на оптичка телекомуникациска мрежа кај краен корисник, толку и раководителот на одделот за продажба знае со какви ситуации се соочуваат секојдневно техничарите на терен кои работат кај крајните корисници.

Ова секако дека е рецепт за катастрофа, но за истата катастрофа се дадени инструкции и согласност од швабите во Бон - секако, со цел да се намали бројот на вработени - па тука се затвора прашањето дали некој воопшто размислил со здрав ум и разум за ваквите нови политики на работење на компанијата.

Првиот бран на техничари кои ја напуштија компанијата беше летото/есента 2023 кога добар дел фатија џаде, кои во Хрватска, кои во Германија - наводно во Хрватска платите се движеле помеѓу 1.000 и 1.500 евра месечно со платено сместување и оброк, а во Германија платите се движеле помеѓу 2.000 и 2.500 евра месечно, но без платено сместување и оброк. Некои се вратиле, но повеќето си останале.

Вториот бран на техничари кои го напуштаат Македонски Телеком под новото раководство од пролетта 2023 па наваму, еве го се случува од мај/јуни 2024 па наваму, повторно бидејќи на техничарите им е ску_чено од политиките на работа кои ги применува новото раководство од продажба, а кое дополнително им се ку_чи на техничарите со приказни од типот "никој не е незаменлив, ќе најдеме кој да ве замени".

Генијалците од продажба ги менуваат техничарите кои напуштиле со деца - буквално деца - кои штотуку наполниле 18 години, некои штотуку завршиле средно, некои допрва ќе завршуваат, и се разбира, не ги вработуваат директно во Македонски Телеком, туку ги ангажираат преку приватна компанија која ужива доста неубава репутација како надворешен соработник на Стопанска Банка Скопје и други компании.

Мој сосед кој работи во оддел за техничка поддршка на Шпаркасе Банка ме информираше минатава пролет 2024 дека истава компанија го превзема и Контакт центарот на неговата банка, но само за повици после 20:00 часот, и не биле баш професионални во работата.

Mellon Solutions - вработување - vrabotuvanje - KARIERA.mk

Mellon Solutions Dooel - Карти на Google

А кога сме кај вработените во Контакт центарот на Македонски Телеком, нив ги менуваат како чорапи бидејќи ретко кој прифаќа да им остане таму да им работи во такви работни услови и за такви плати.

Пренесете му на поетот дека бара одговорност и професионализам од компанија која од поодамна е прогласена за умрено.
За разлика од Телеком, А1 подобро функционираат во однос на техничари и на продажни агенти. Но и таму не е сјајна ситуација, поради тоа што колку и да се трудат самите вработени, сепак напуштаат продажни агенти и на нивно место идат други. Во поглед на инфраструктурата, А1 имаат понова инфраструктура на места каде што Телеком има само телефонска DSL линија и нудат одлични услуги како интернет, телевизија и фиксна телефонија.
Телеком веќе не е тоа што беше, имаат оставено кабел на бандера оптички и така стои повеќе од година дена и никој не се занимава да го покрие од Телеком за да не се оштети, но веќе е оштетен. И така, чекаме оптика сите, ама поради високата класа која се прави што е ќе се изначекаме и ќе се најдиме после кај Господ сите побрзо....
 
Член од
12 јуни 2022
Мислења
1.178
Поени од реакции
536

A1 imaat podobra infrastruktura i tehnicari mozebi nekade no platite im se mnogu pomali od Telekom ne se izdrzuva i za prodaznite agenti i za site drugi vo firmata
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.466
Поени од реакции
804
Сепак во случај на дефект од телеком побрзо доааѓаат и го решаваат проблемот од колку од а1...дури дојдат и дури го решат проблемот..отишла неделата
 
Член од
12 јуни 2022
Мислења
1.178
Поени од реакции
536
Сепак во случај на дефект од телеком побрзо доааѓаат и го решаваат проблемот од колку од а1...дури дојдат и дури го решат проблемот..отишла неделата
Telekom se mnogu podobra firma vo sporedba so A1, imaat podobri uslovi, plati i prednosti za site vraboteni, za rabota daleku podobri od A1
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
949
Поени од реакции
967
Telekom se mnogu podobra firma vo sporedba so A1, imaat podobri uslovi, plati i prednosti za site vraboteni, za rabota daleku podobri od A1
Во поглед на безжичниот домашен интернет, А1 се подобри од Телеком и нудат брзини до 100Mbps за download co 10Mbps uploud. Телеком максималната брзина која ја испорачува преку 4G LTE e 15/1Mbps и дури помала, има луѓе што не се задоволни од Телеком, а кај што имате ADSL2+ со брзина максимална до 16/1Mbps земајте бакар или VDSL со брзина до 60/10 Mbps.
На некои места подобри се А1, на други Телеком и кабелските оператори се на некои места со одлични услуги за сосема нормални корисници со пристапни цени.
 
Vo pravo si, A1 e stvarno za pofalba so bezicniot internet i brizinite sto gi nudat na nego, no eve jas momentalno rabotam vo A1 i veruvaj mi deka preku 2 dena dovagja po nekoj i se zali na bezicniot internet, menjale so ADSL na Telekom i im bilo daleku podobro, jas koristev bezicen od A1 i bese super vo sporedba so Telekom, poslednava godina ja unistija mrezata, pocna i na mobilni da ne se koristi, lom ja napravija i sakaat korisnici a pokacuvaat pretplati so losa mreza, nikoj nema da i ostane ke se vratat vo Telekom.
Автоматски споено мислење:

A rabotata e urnebes, slabo plateno a premnogu zamor nekogas i prekuvremeno rabotenje, sledniot mesec ja napustam. Imam blizok koj e vo Telekom i znam deka kaj niv uslovite za rabota se daleku podobri i povekje se plateni.
 
Западна Македонија - А1, Источна Македонија- Телеком - една поделба на пазарот
51/49% за Телеком повеќе 1% за разлика од А1
Цените на претплатите се тука близу +100 денари се на Телеком
Профит - милионски прават 2те компании од сите земји каде работат.
 
Член од
12 јуни 2022
Мислења
1.178
Поени од реакции
536
A vo sporedba na infrastruktura vo Istocna Makedonija Telekabel,A1 i nekolku lokalni imaat podobra infrastruktura od Telekom, Na Telekom 70% od Istocna Makedonija im e ADSL/VDSL, A1 ima DOCSIS, Telekabel Optika a ima nekolku lokalni sto teraat optika i docsis preku Neotel.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.654
Поени од реакции
8.084
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
2.784
Поени од реакции
1.698
Гледам почнале да нудат и бустер рутер за појачување Wi Fi сигнал и со него имаш на апликацијата Telekom Mk и Wi Fi Менаџер.
Некако скап ми изгледа, 200 денари месечно, јас имам од овие Вифи екстендерите од Шаоми, рутер Шаоми 4А и плус уште еден Арчер рутер и ми е покриен целиот простор и сите соби.
 
И јас имам од тие Шаоми ако мислиш на овa.

1727895302074.jpeg

Ама дека нешто премногу помогна да го појача сигналот не помогна. Го исклучив и не го приклучив никогаш повеќе. Живеам на доградба стара зграда и сигналот на WiFi ми е лош, дури и самиот интернет знае да биде лош некогаш.
 
Член од
12 јуни 2022
Мислења
1.178
Поени од реакции
536
Jas imam edno no name od ali express barav samo da moze de repetira (da se povrze) od 5g wifi za pobrz da e, nema gajle cel dvor i dve kukji mi se pokrieni so takvi extenderi
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.934
Поени од реакции
12.333
Гледам почнале да нудат и бустер рутер за појачување Wi Fi сигнал и со него имаш на апликацијата Telekom Mk и Wi Fi Менаџер.

И за него се доплаќа плус :eek:
Некако скап ми изгледа, 200 денари месечно, јас имам од овие Вифи екстендерите од Шаоми, рутер Шаоми 4А и плус уште еден Арчер рутер и ми е покриен целиот простор и сите соби.
Кога станува збор за безжична Wi-Fi мрежа најпаметно и понатаму одигруваат Телекабел: му даваат на корисникот само модем, а ако сака мрежно поврзување - без разлика дали жично или безжично - нека си купува сопствен рутер или свич и нека си се снаоѓа.

Лесно нека им е на наивните и на недоволно информираните кои ќе си дозволат на себеси да плаќаат дополнително за Wi-Fi засилувач, односно екстендер.

Јас повеќе од 12 (ДВАНАЕСЕТ) години си користам сопствен рутер со сите оператори кои досега ги имам користено.

Инаку за тие кои не знаат, рутерот со RDK софтвер е истото ѓубре од Техниколор FGA2233 или FGA2235, но со понов софтвер од Македонски Телеком.

Тоа ново RDK ѓубре му ги врзува рацете на корисникот така што нема да може да го конфигурира рутерот како ќе посака, односно на веб страницата за конфигурирање на рутерот http://192.168.1.1/ нема да му се отвори конфигурацискиот интерфејс, туку само страница со дијагностика на која ќе пишува дали се е во ред со услугите кои корисникот ги користи преку оптичка мрежа.

Ако некој корисник на рутер со RDK софтвер сака да го смени името на Wi-Fi мрежата или лозинката на Wi-Fi мрежата, тоа ќе може да го направи преку Wi-Fi менаџерот достапен во Telekom MK апликацијата - но достапен само за тие кои ќе го земат и засилувачот, односно екстендерот и ќе плаќаат дополнително 200 денари секој месец - или ќе треба да се јават во Контакт центарот и на телефонските агенти за корисничка поддршка да им ги дадат податоците за име и лозинка на Wi-Fi мрежата за да ги сменат истите.

Или со други зборови кажано, тие кои постојано прашуваа(т) дали новите Техниколор рутери FGA2233 и FGA2235 поддржуваат или ќе поддржуваат поврзување во бриџ мод во иднина, слободно нека си ја прогласат таквата идеја за умрено, Македонски Телеком превзема целосна и тотална контрола врз Техниколор рутерите кои им ги дава на своите корисници со овој нов RDK софтвер.

Значи кои нови дна ги допираат овие од Македонски Телеком, плачат за вистинска конкуренција, но додека А1 не си ги среди централите за сопствената нова оптичка телекомуникациска мрежа и додека не добиеме трет мобилен оператор, Македонски Телеком ќе продолжи да ги молзи како сопствените корисници, така и корисниците на другите оператори кои ја изнајмуваат неговата оптичка телекомуникациска мрежа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom