- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.934
- Поени од реакции
- 12.333
Ах кутар човек, бара одговорност и професионализам од компанија која од поодамна е прогласена за умрено.
...
Поддршка која ја имавте уште пред дваесет години, а сега на мое неверување гледам дека сте ја свеле на работно време пократко од маалски гранап: од 09-20 часот.
Сериозно?! Кој ви е генијалниот улижувач на кого му текна: Шефе вака ќе се уштеди многу – трпи овој народ ич да не се секираш?
Кој е тој со оваа генијална идеја”, прашува поетот укажувајќи дека граѓаните имаат право да добијат реална поддршка 24 часа во денот.
...
И конечно, да се приберете со вашата лакомост за профит и да си ги реотворите работните места кои веројатно сте ги укинале за корисничка поддршка.
Мене ми треба ЧОВЕК и човечки глас да се разберам, а во моментов веројатно на некој прекрасен и писмен дечко или девојка им треба работа.
...
Од 2023 година па наваму масовно бега кој стигне од Македонски Телеком бидејќи им е ску_чено од односот на раководителите, директорите и општо од целокупниот менаџмент.
Тука мора да се потенцира дека секоја година Македонски Телеком си игра расипан телефон и со работните места и со раководните позиции, особено од 2023 година кога техничарите кои работат кај крајните корисници повеќе не се дел од одделот за технички услуги, туку сега по ново се под раководство на одделот за продажба.
Наједноставниот опис на ваквиот идиотизам би гласел вака:
Работиш во авто сервис на некој увозник на автомобили, па преку ноќ ти кажуваат дека од сега па понатаму сервисот нема да функционира како посебен ентитет во склоп на компанијата, туку сега по ново сервисерите ќе бидат под раководство на раководителот на салонот за автомобили, кој веројатно знае да продава автомобили, ама никогаш во животот нема напумпано гума, а не па да знае како да смени тркало на автомобил, а уште помалку па да знае како се раководи сервис за автомобили.
Е па тоа е новата реалност во Македонски Телеком од пролетта 2023 па наваму, техничарите кои не работат кај крајните корисници, туку работат надвор на терен и кои работат на проширување и одржување на главните доводни кабли, односно на примарната мрежа, остануваат под раководство на одделот за технички услуги, додека техничарите кои работат кај крајните корисници, односно кои работат внатре во објектите во кои продолжува и завршува секундарната мрежа, од пролетта 2023 па наваму се под раководство на одделот за продажба.
Колку што продавачите на мобилни телефони во салоните знаат да направат целосна монтажа на оптичка телекомуникациска мрежа кај краен корисник, толку и раководителот на одделот за продажба знае со какви ситуации се соочуваат секојдневно техничарите на терен кои работат кај крајните корисници.
Ова секако дека е рецепт за катастрофа, но за истата катастрофа се дадени инструкции и согласност од швабите во Бон - секако, со цел да се намали бројот на вработени - па тука се затвора прашањето дали некој воопшто размислил со здрав ум и разум за ваквите нови политики на работење на компанијата.
Првиот бран на техничари кои ја напуштија компанијата под новото раководство од пролетта 2023 па наваму, беше летото/есента 2023 кога добар дел фатија џаде, кои во Хрватска, кои во Германија - наводно во Хрватска платите се движеле помеѓу 1.000 и 1.500 евра месечно со платено сместување и оброк, а во Германија платите се движеле помеѓу 2.000 и 2.500 евра месечно, но без платено сместување и оброк. Некои се вратиле, но повеќето си останале.
Вториот бран на техничари кои го напуштаат Македонски Телеком под новото раководство од пролетта 2023 па наваму, еве го се случува од мај/јуни 2024 па наваму, повторно бидејќи на техничарите им е ску_чено од политиките на работа кои ги применува новото раководство од продажба, а кое дополнително им се ку_чи на техничарите со приказни од типот "никој не е незаменлив, ќе најдеме кој да ве замени".
Генијалците од продажба ги менуваат техничарите кои напуштиле со деца - буквално деца - кои штотуку наполниле 18 години, некои штотуку завршиле средно, некои допрва ќе завршуваат, и се разбира, не ги вработуваат директно во Македонски Телеком, туку ги ангажираат преку приватна компанија која ужива доста неубава репутација како надворешен соработник на Стопанска Банка Скопје и други компании.
Мој сосед кој работи во оддел за техничка поддршка на Шпаркасе Банка ме информираше минатава пролет 2024 дека истава компанија го превзема и Контакт центарот на неговата банка, но само за повици после 20:00 часот, и не биле баш професионални во работата.
Mellon Solutions - вработување - vrabotuvanje - KARIERA.mk
Mellon Solutions Dooel - Карти на Google
А кога сме кај вработените во Контакт центарот на Македонски Телеком, нив ги менуваат како чорапи бидејќи ретко кој прифаќа да им остане таму да им работи во такви работни услови и за такви плати.
Пренесете му на поетот дека бара одговорност и професионализам од компанија која од поодамна е прогласена за умрено.
Последно уредено: