Здраво, Среќна Нова 2022 на сите
Во последно време сум во голема дилема, интернетот ми е приклучен на еден локален провајдер од кој-што не сум задоволен од нивниот интернет, никогаш не ја добива таа брзина што ја гарантираат т.е 20/5, интернетот им е безжичен. Го приклучив пред 1 година, ми поставија една бедна антеничка на кров ја приклучија со рутер, ми наплатија 1000-ка за монтажа и 700 за Тенда рутер плус претплата од 600 ден. месечно и договор на 1 година.
Интернетот никогаш не постигнува добра брзина, брзината ми осцилира од 2 на 5-10-15-18Мбпс, многу често паѓа на 2 Mbps и не мрднува од таа брзина и доста пати снемува на 2-3 минути во текот на денот, а е неограничен..
Им барав неколку пати техничка поддршка, но не се замараат, само викаат ке го рестартираме и ке се подобри..
Знам дека низ селото каде што живеам имаат поставено 1-2 како главни антени и од нив го дистрибуираат интернетот безжично, сега јас не сум експерт и незнам како функционира цел систем..
Уште неколку дена ми завршува договорот со нив и ќе ги менам за друг оператор.
Е сега јас живеам во село, и нема оптичка мрежа, има само Кабелски docsis и адсл/вдсл кој што е преку телефонска линија.. Бев во Телеком, А1 и Телекабел, ама сигурно нема да сам кај Телекабел оти многу луѓе се жалат од нивниот Кабелски интернет т.е не им го бива.. Јас сакам да имам интернет со 50 Mbps брзина и во А1 знам оти имат пакет со таа брзина, ми рекоа ке поднеселе барање за техничка поддршка, после неколку дена ми се јавиjа ми рекоа треба да платам Аванс од 3500 ден. за да пуштат екипа да видат дали има техничка можност за таа брзина, а и агентката од А1 ми рече оти користат мрежа од Македонски Телеком и дека брзината нема да ми биде 50 ке ми биде 30 Mbps, тоа 50 е само реклама, јас мислам оти за да не се преоптеретува мрежата ја лимитираат брзината на 30 Mbps..
Отидов и во Македонски Телеком поднесов барање за техничка можност, јас сакам брзина од 50 па нагоре па ако може и 100 Mbps.. Телеком не ми бараа никакви аванси однапред за проверка. За 1 ден дојде техничар од Телеком искусен човек ја увиде ситуацијата и ми рече дека може да ми испорачат само до 20/1 Mbps на VDSL мрежа со хибриден 4Г рутер, кој ке достигнува до 20/1 брзина, а јас се надевав барем 30 да можат да ми испорачат бидејќи имам многу уреди кој работат на интернет користам и ИПТВ а за ИПТВ треба брза и стабилна конекција.. Техничарот рече оти сум многу далеку од нивната централа јас сум скоро 2 километри оддалечен од нивната Централа, да сум до 300-400 метри можат на VDSL и до 60 брзина и ако сум ептен блиску можело и до 100 брзина.. Имам другар кој што е 600 метри поблиску до централа тој има 25/5 брзина на Телеком.. И техничарот рече дека централата е стара и на лошо место поставена, далеку од многу луѓе од селото, а знам од моето место има доста корисници на Телеком, а Телеком неможат една централа да направат..
А1 да ви кажам се преваранти-измамници, таа вработената во салонот ми рече дека минимална брзина на М пакетот ке ми биде 30 Mbps а можеби и 40 и повеќе и плус ми бараа Аванс од 3.500 ден. за проверка, а други оператори не бараат Аванси, Телеком дојде за 1 ден без никакви аванси ми направија професионална проверка. И тие вработените во А1 ми кажаа оти за интернет ја изнајмуваат мрежата од Телеком. Знам оти и А1 имаат кабелски интернет и можеби им е добар, но во моето место немаат нивна мрежа и затоа влечат од Телеком ADSL/VDSL итн..
Јас мислам оти Телеком ми е најдобра опција бидејќи нивна е мрежата, тие најдобро знаат, има некој искуство со VDSL мрежата на Телеком, стабилна ли е, ја испорачуваат ли ветената брзина, и тој 4Г Рутер дали е добар, барам совети што би било најдобро за мене. Друго во моево село доста луѓе се на Телекабел - кабелскиот интернет и телевизија т.е мислам дека нивната мрежа е преоптеретена и многу мои другари се префрлија од Телекабел оти им е бавен - лош интернетот. Има и еден локален провајдер на docsis мрежа што имат и кабелска телевизија ми гарантираа брзина до 15/1-многу луѓе од селото се на нивната телевизија.. Моево село е споено со градот како градска населба е и незнам зошто нема Инфраструктура за поголеми брзини.. Кој оператор, која опција би била најдобра за мене со оглед на тоа што користам околу 5 уреди на Wi-Fi во секое време и 2 мрежно поврзани LAN уреди!