Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.410
Поени од реакции
2.753
2020... Хммм колку што знам АЕК најави дека од 2020 нема да се нуди интернет со брзина помала од 30 Mbps. @Dexter26 проблемот со тоа што малку корисници се приклучени е цената. Не ме заебавај, кој ќе ти земе Internet S од Телеком еве на пример? Цената доколку комбинираш со ТВ на нетот е самл 700MKD. И што добиваш мизерни 8 Mbps односно АДСЛ, со 50 GB лимит. Абе ајде па Вип за 600MKD ти нуди 30/1 Mbps со фер користење од 900 GB, и 100/3 Mbps за 900МКД, каде што ти ја намалува само брзината доколку го надминеш ова, Телеком мислам ти прави целосно cut-off.

Исто и Телекабел, 15 Mbps без лимит за 500MKD. Па која будала ќе се приклучи кај нив.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
2020... Хммм колку што знам АЕК најави дека од 2020 нема да се нуди интернет со брзина помала од 30 Mbps. @Dexter26 проблемот со тоа што малку корисници се приклучени е цената. Не ме заебавај, кој ќе ти земе Internet S од Телеком? Цената доколку комбинираш со ТВ е 700MKD. И што добиваш мизерни 8 Mbps односно АДСЛ, со 50 GB лимит. Абе ајде па Вип за 600MKD ти нуди 30 Mbps со фер користење од 900 GB, каде што ти ја намалува само брзината доколку го надминеш ова, Телеком мислам ти прави целосно cut-off. Исто и Телекабел, 15 Mbps без лимит за 500MKD. Па која будала ќе се приклучи кај нив.
Е па, благодарејќи на VDSL Интернетот кој Македонски Телеком го воведува, а кој ќе достигнува Интернет брзина до 50 мегабита (5 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци, тогаш повеќе од очигледно е дека Македонски Телеком ќе биде подготвен за да ја исполни законската обврска за Интернет брзина од минимум 30 мегабита (3 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци до крајот на 2020 година.

Ако обврската за Интернет брзина од минимум 30 мегабита (3 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци е задолжителна за сите телекомуникациски оператори, тогаш сигурно и Телекабел до тогаш ќе бидат технички опремени и ќе нудат таков Интернет, всушност и Телекабел веќе некое време нуди оптички Интернет преку неговата оптичка телекомуникациска мрежа.
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.410
Поени од реакции
2.753
Ако обврската за Интернет брзина од минимум 30 мегабита (3 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци е задолжителна за сите телекомуникациски оператори, тогаш сигурно и Телекабел до тогаш ќе бидат технички опремени и ќе нудат таков Интернет, всушност и Телекабел веќе некое време нуди оптички Интернет преку нивната оптичка телекомуникациска мрежа.

Е па, благодарејќи на VDSL Интернетот кој Македонски Телеком го воведува, а кој ќе достигнува Интернет брзина до 50 мегабита (5 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци, тогаш повеќе од очигледно е дека Македонски Телеком ќе биде подготвен за да ја исполни законската обврска за Интернет брзина од минимум 30 мегабита (3 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци до крајот на 2020 година.
Епа гледај така е, Вип се со мирна глава, завршија тие со подговка на постоечката мрежа, односно исклучија аналогна телевизија, ја подобрија мрежата и се тоа. Затоа Сите пакети им се со 30 Mbps почетна брзина.

Телекабел се многу интересни како појава во телекомуникацискиот пазар. Имаат потенцијал а ништо не користат од тоа. Ако успеат секаде да покријат со оптика до секоја зграда до 2020 секоја чест. Ама па ти имаат иста мрежа како Вип односно DOCSIS. Поради сеуше нејасни причини единствени се кои користат аналогна телевизија која зафаќа доста фрекфенционен опсег. Да ја исклучат и да почнат со конфигурирање на мрежата верувам ќе бидат уште поатрактивни кај корисниците и ќе можат да користат побрз интернет како Вип.

Телеком вака имаат најмногу работа, поради технологијата која ја користат, па поради тоа и верувам го воведоа хибридот односно 4G + ADSL кој ќе може да го исполни условот за 30 Mbps. Ќе мора да забрзаат со поставување на оптичката мрежа и да ги намалат цените.
 
Последно уредено:

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.021
Поени од реакции
1.282
На познати во Аеродром денес им се јавиле им понудиле да им го заменат адслот со интернет 50/10,телефонот и телевизија со Спорт пакетот гратис за 1200 денари месечно. Им рекле "унапредена" верзија на АДСЛ бидејќи нема оптика таму.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
Епа гледај така е, Вип се со мирна глава, завршија тие со подговка на постоечката мрежа, односно исклучија аналогна телевизија, ја подобрија мрежата и се тоа. Затоа Сите пакети им се со 30 Mbps почетна брзина.

Телекабел се многу интересни како појава во телекомуникацискиот пазар. Имаат потенцијал а ништо не користат од тоа. Ако успеат секаде да покријат со оптика до секоја зграда до 2020 секоја чест. Ама па ти имаат иста мрежа како Вип односно DOCSIS. Поради сеуше нејасни причини единствени се кои користат аналогна телевизија која зафаќа доста фрекфенционен опсег. Да ја исклучат и да почнат со конфигурирање на мрежата верувам ќе бидат уште поатрактивни кај корисниците и ќе можат да користат побрз интернет како Вип.

Телеком вака имаат најмногу работа, поради технологијата која ја користат, па поради тоа и верувам го воведоа хибридот односно 4G + VDSL кој ќе може да го исполни условот за 30 Mbps. Ќе мора да забрзаат со поставување на оптичката мрежа и да ги намалат цените.
Грешиш околу хибридниот Интернет, тој е комбинација на ADSL и LTE 4G Интернетот, а не 4G + VDSL.

Технички изводлив е` и хибриден Интернет кој ќе биде комбинација од VDSL Интернетот и LTE 4G Интернетот, но мора да се потенцира дека VDSL Интернетот и самостојно, односно без LTE 4G, успешно достигнува Интернет брзина до 50 мегабита (5 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци.

Споредување на деловната логика на Вип и Телекабел е не само несериозна споредба, туку смешна, да ти бидам искрен.

Последен пат кога бев во продавница на Вип за да платам сметка за постпејд мобилен телефон на татко ми, веднаш се обидоа да ме заплашат дека ќе мора да потпише нов договор, бидејќи стариот договор од роденденска понуда на Вип е истечен и повеќе не нудат таква тарифа.

А ако не им потпишам нов договор, што ќе направат - ќе му го исклучат мобилниот телефон на татко ми или ќе му наплаќаат повеќе ? Слободно нека повелат, веднаш ќе го префрлам телефонскиот број на Македонски Телеком од кои користам припејд број веќе 15 години по ред и максимално сум задоволен од истиот.

Телекабел од друга страна, ниту те држи врзан со договор, ниту па ти наплаќа за дигиталната телевизија, баш напротив - дигиталната телевизија ја даваат бесплатно - со исклучок на каналите за возрасни и со исклучок на дополнителниот BOX пакет, а наплаќаат само за аналогната телевизија, за разлика од Близо, односно Вип ТВ, кои намерно ги отстранија речиси сите аналогни ТВ канали, со исклучок на македонските канали и по некој српски и косовски канал, и сето тоа не само за да можат да нудат побрз и постабилен Интернет, туку и за да мораат корисниците да мигрираат кон дигиталната телевизија ако сакаат да можат и понатаму да ги гледаат отстранетите аналогни ТВ канали - овој пат како дигитални канали, и се разбира - за корисниците да плаќаат повеќе.

Ако Вип толку многу сака да ни понуди брз Интернет, нека ги пуштаат оптичките кабли до крајниот корисник, како што тоа го прават Македонски Телеком и Телекабел, а не оптичкиот кабел да оди до локалната централа, а од локалната централа до крајниот корисник да оди коаксијален кабел.

На познати во Аеродром денес им се јавиле им понудиле да им го заменат адслот со интернет 50/10,телефонот и телевизија со Спорт пакетот гратис за 1200 денари месечно. Им рекле "унапредена" верзија на АДСЛ бидејќи нема оптика таму.
Очигледно техничарот не знаел што зборува или намерно рекол "унапредена" верзија на ADSL за да не мора многу да им објаснува на корисниците.

Како и да е, ако им го дале овој нов рутер на користење, со здравје да се служат, им следува постабилен и побрз Интернет од Македонски Телеком.

 
Последно уредено:

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.021
Поени од реакции
1.282
@Dexter26 Прифатиле рекле утре ќе дојде до дома агент да им донесе договор и слично. Овие плаќале 1700 денари претходно. Чим дознам што уред добиле ќе пишам
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.059
Поени од реакции
57.305
Мене пред некој ден ми се расипа стариот рутер (W503) и ми го заменија со ZTE-во.

Послаб ви-фи сигнал емитува.
 
И

Име И Презиме

Гостин
Нешто цело време ме буните или вие сте со грешни инф.Вдсл услуга нема да си избереш од телеком (инф од 1ва рака ), вадсл постои како опција за телеком да има бек уп додека оптиката да се имплементира .(на одредени места да понудат поголеми брзини ).Сега се пушта оптички кабли од базните до централите, таму ке биде заменета опрема(порти) што ке подржуваат поголеми брзини .До сега беа ериксон, алкател и хуавеи мах 25мб/с но со новите порти ке иде до 100 мб/с .Значи дома преку бакар ке ви нудат поголеми брзини, или посебен оптички кабел за ехтра брзини.Трасата од базна до централа се користи на одредени места (моб) за приклучок на корисници 12 до 36.Целта е што поскоро сите централи да се поврзат со базните станици.Некој спомена за доксис на близу, би рекол дека прави нешто слично но мн посовремено.Имав прилика да работам и за другиве, но да бидам искрен импровизираат во споредба со телеком. Они веке имаат мрежа само сега ја осовременуваат ...
Ериксон е само подизведувач на телеком, не крои планови стратегијата за работа .Но ериксон е сериозен кандидат за да ја земе цела воздушна и подземна мрежа како подизведувач.Сеуште се крчкаат тие работи.Телеком ке постави мрежа, но други ке ја одржуваат .Загарантиран германски успех .
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.410
Поени од реакции
2.753
Грешиш околу хибридниот Интернет, тој е комбинација на ADSL и LTE 4G Интернетот, а не 4G + VDSL.

Технички изводлив е и хибриден Интернет кој ќе биде комбинација од VDSL Интернетот и LTE 4G Интернетот, но мора да се потенцира дека VDSL Интернетот и самостојно, односно без LTE 4G, успешно достигнува Интернет брзина до 50 мегабита (5 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци.

Споредување на деловната логика на Вип и Телекабел е не само несериозна споредба, туку смешна, да ти бидам искрен.

Последен пат кога бев во продавница на Вип за да платам сметка за постпејд мобилен телефон на татко ми, веднаш се обидоа да ме заплашат дека ќе мора да потпише нов договор, бидејќи стариот договор од роденденска понуда на Вип е истечен и повеќе не нудат таква тарифа.

А ако не им потпишам нов договор, што ќе направат - ќе му го исклучат мобилниот телефон на татко ми или ќе му наплаќаат повеќе ? Слободно нека повелат, веднаш ќе го префрлам телефонскиот број на Македонски Телеком од кои користам припејд број веќе 15 години по ред и максимално сум задоволен од истиот.

Телекабел од друга страна, ниту те држи врзан со договор, ниту па ти наплаќа за дигиталната телевизија, баш напротив - дигиталната телевизија ја даваат бесплатно - со исклучок на каналите за возрасни и со исклучок на дополнителниот BOX пакет, а наплаќаат само за аналогната телевизија, за разлика од Близо, односно Вип ТВ, кои намерно ги отстранија речиси сите аналогни ТВ канали, со исклучок на македонските канали и по некој српски и косовски канал, и сето тоа не само за да можат да нудат побрз и постабилен Интернет, туку и за да мораат корисниците да мигрираат кон дигиталната телевизија ако сакаат да можат и понатаму да ги гледаат отстранетите аналогни ТВ канали - овој пат како дигитални канали, и се разбира - да плаќаат повеќе. Ако Вип толку многу сака да ни понуди брз Интернет, нека ги пуштаат оптичките кабли до крајниот корисник, како што тоа го прават Македонски Телеком и Телекабел, а не оптичкиот кабел да оди до локалната централа, а од локалната централа до крајниот корисник да оди коаксијален кабел.



Очигледно техничарот не знаел што зборува или намерно рекол "унапредена" верзија на ADSL за да не мора многу да им објаснува на корисниците.

Како и да е, ако им го дале овој нов рутер на користење, со здравје да се служат, им следува постабилен и побрз Интернет од Македонски Телеком.

Корегирав за АДСЛот, благодарам на забелешката.
Инаку кога сме кај Вип, имам инфо дека се планира надградба кон DOCSIS 3.1, а како за инфо, DOCSIS 3.1 Full Duplex кој е најнов стандард ќе овозможи симетрични брзини, стандард кој не верувам дека ќе биде имплементиран во блиска иднина кај нас :)
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
Мене пред некој ден ми се расипа стариот рутер (W503) и ми го заменија со ZTE-во.

Послаб ви-фи сигнал емитува.
Ако ти ја дале оваа стара реликвија на користење, тогаш воопшто не ти направиле ама баш никаква услуга.

http://wwwen.zte.com.cn/pub/en/products/access/cpe/201111/t20111110_262342.html



Или помогни му на рутерот да цркне - ако му падне некој тежок предмет или случајно го прегазиш без да го видиш, па пријави проблем на 122, па можеби ќе ти дадат нов рутер на користење, или купи си втор рутер за да емитува безжичен мрежен сигнал.

Или купи си засилувач за безжичниот сигнал како овој од Логинг Електроникс, но без разлика дали ќе одиш со втор рутер или со засилувач за безжичниот сигнал, ќе мораш да знаеш како да ги поврзеш и како да ги конфигурираш.

http://www.loging.mk/1926/191066/0/ShowProduct/Ekstender_za_WiFi_signal



...

Загарантиран германски успех .
За ова те чекав да го спомнеш :D , за да ти кажам што велат раководителите на одделенијата за технички услуги за корисниците на Македонски Телеком. Кога некој ќе им го спомне германскиот квалитет, тие реплицираат со:

" Ама ова не е Германија " . :D

Се разбира, ова го велат меѓу себеси, не го спомнуваат пред корисниците, бидејќи така би делувале несериозно.

И жал ми е да потврдам дека се во право, особено кога ќе видам турнат ормар со оптички разделници, или откорнат оптички кабел. Ептен тапа искуство е кога ќе потрошиш време и нерви сечејќи и лепејќи оптички кабли со сплајсерот, за после неколку дена или неколку недели да видиш дека некој нерасположен или премногу расположен ги поништил плодовите од твојата работа и твојот труд оставајќи ти групна пречка за отстранување.

Корегирав за АДСЛот, благодарам на забелешката.
Инаку кога сме кај Вип, имам инфо дека се планира надградба кон DOCSIS 3.1, а како за инфо, DOCSIS 3.1 Full Duplex кој е најнов стандард ќе овозможи симетрични брзини, стандард кој не верувам дека ќе биде имплементиран во блиска иднина кај нас :)
DOCSIS Full Duplex допрва треба да почне да се воведува низ светот, сеуште не се договорени неговите технички спецификации, поради што ќе треба да чекаме додека да почне да се воведува низ светот, па потоа ќе треба да се изначекаме додека да почне да се воведува и во Македонија.

Но да ставиме тука крај на оф-топик дискусијата, имаме соодветна тема за Вип Нет кабелскиот Интернет.
 
Последно уредено:
И

Име И Презиме

Гостин
Ако ти ја дале оваа стара реликвија на користење, тогаш воопшто не ти направиле ама баш никаква услуга.

http://wwwen.zte.com.cn/pub/en/products/access/cpe/201111/t20111110_262342.html



Или помогни му на рутерот да цркне - ако му падне некој тежок предмет или случајно го прегазиш без да го видиш, или купи си втор рутер за да емитува безжичен мрежен сигнал.

Или купи си засилувач за безжичниот сигнал како овој од Логинг Електроникс, но без разлика дали ќе одиш со втор рутер или со засилувач за безжичниот сигнал, ќе мораш да знаеш како да ги поврзеш и како да ги конфигурираш.

http://www.loging.mk/1926/191066/0/ShowProduct/Ekstender_za_WiFi_signal





За ова те чекав да го спомнеш :D , за да ти кажам што велат раководителите на одделенијата за технички корисници на Македонски Телеком. Кога некој ќе им го спомне германскиот квалитет, тие реплицираат со:

" Ама ова не е Германија " . :D

И жал ми е да потврдам дека се во право, особено кога ќе видам турнат ормар со оптички разделници, или откорнат оптички кабел. Ептен тапа искуство е кога ќе потрошиш време и нерви сечејќи и лепејќи оптички кабли со тоа сплајсерот, за после неколку дена или неколку недели видиш дека некој нерасположен или премногу расположен ти ги поништува плодовите од твојата работа и твојот труд оставајќи ти групна пречка за отстранување.



DOCSIS Full Duplex допрва треба да почне да се воведува низ светот, сеуште не се договорени неговите технички спецификации, поради што ќе треба да чекаме додека да почне да се воведува низ светот, па потоа ќе треба да се изначекаме додека да почне да се воведува и во Македонија.

Но да ставиме тука крај на оф-топик дискусијата, имаме соодветна тема за кабелскиот Интернет на Вип ТВ.
Тоа е до нашето ниво на култура и како се грижиме за опремата.Тоа е исто ко да купиш нова кола а друг да те слупа.Не си виновен што си купил нова кола ...
Проблемите со кабловските е што вработуваат секаков кадар за мали пари.Телекабел мкне луге од штип секој ден натака навака ( во ск ) и видов со каков елан работат и за каква плата. .Македонски газда и мала плата = лоша услуга .
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
Тоа е до нашето ниво на култура и како се грижиме за опремата.Тоа е исто ко да купиш нова кола а друг да те слупа.Не си виновен што си купил нова кола ...
Проблемите со кабловските е што вработуваат секаков кадар за мали пари.Телекабел мкне луге од штип секој ден натака навака ( во ск ) и видов со каков елан работат и за каква плата. .Македонски газда и мала плата = лоша услуга .
Потпис за се` што спомна, вклучувајќи ги и вработените во Телекабел кои секој ден ги влечкаат од Штип до Скопје и останатите градови и назад.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.059
Поени од реакции
57.305
Ако ти ја дале оваа стара реликвија на користење, тогаш воопшто не ти направиле ама баш никаква услуга.

http://wwwen.zte.com.cn/pub/en/products/access/cpe/201111/t20111110_262342.html



Или помогни му на рутерот да цркне - ако му падне некој тежок предмет или случајно го прегазиш без да го видиш, или купи си втор рутер за да емитува безжичен мрежен сигнал.

Или купи си засилувач за безжичниот сигнал како овој од Логинг Електроникс, но без разлика дали ќе одиш со втор рутер или со засилувач за безжичниот сигнал, ќе мораш да знаеш како да ги поврзеш и како да ги конфигурираш.

http://www.loging.mk/1926/191066/0/ShowProduct/Ekstender_za_WiFi_signal





За ова те чекав да го спомнеш :D , за да ти кажам што велат раководителите на одделенијата за технички корисници на Македонски Телеком. Кога некој ќе им го спомне германскиот квалитет, тие реплицираат со:

" Ама ова не е Германија " . :D

Се разбира, ова го велат меѓу себеси, не го спомнуваат пред корисниците, бидејќи така би делувале несериозно.

И жал ми е да потврдам дека се во право, особено кога ќе видам турнат ормар со оптички разделници, или откорнат оптички кабел. Ептен тапа искуство е кога ќе потрошиш време и нерви сечејќи и лепејќи оптички кабли со тоа сплајсерот, за после неколку дена или неколку недели видиш дека некој нерасположен или премногу расположен ги поништил плодовите од твојата работа и твојот труд оставајќи ти групна пречка за отстранување.



DOCSIS Full Duplex допрва треба да почне да се воведува низ светот, сеуште не се договорени неговите технички спецификации, поради што ќе треба да чекаме додека да почне да се воведува низ светот, па потоа ќе треба да се изначекаме додека да почне да се воведува и во Македонија.

Но да ставиме тука крај на оф-топик дискусијата, имаме соодветна тема за Вип Нет кабелскиот Интернет.
Не, speedport entry 2i имам.
Но и тој има слаб вифи сигнал (во споредба со W503)

И јас имав во план да пробам со втор рутер, но прво да видам дали по миграцијата на VDSL ќе се постигне некоја задоволителна брзина :D
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.128
Поени од реакции
548
луѓе се слагам со вас ради ширењето на оптиката камо што побрзо да се прошири т.е секаде да ја има ама глупаво ми е пример ако сакам оптика во мојата улица/зграда или слично да собирам пшотписи па да ги праќам до телеком бла бла бла...треба секаде да стават без прашање дали е исплативо или не е, само така ќе привлечат нови корисници поосебно од помалите градови од каде што сум јас (Струга). Струга неколку улици се со оптика може повеќе кој знае а сигурен сум да имаат инсталиртано оптика низ град ќе имаа повеќе корисници, моментално сум на Вип адсл 10мб/с за 1200 ден (нет+тел+тв) оптиката ја нема плус е прескапа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
Не, speedport entry 2i имам.
Но и тој има слаб вифи сигнал (во споредба со W503)

И јас имав во план да пробам со втор рутер, но прво да видам дали по миграцијата на VDSL ќе се постигне некоја задоволителна брзина :D
Speedport Entry 2 е одличен рутер, но ако имаш проблеми со безжичниот мрежен сигнал, има повеќе фактори кои можат да придонесат за тоа, но најчесто главен фактор е безжичната фреквенција, односно безжичниот канал на која рутерот го емитува безжичниот мрежен сигнал.

Ако соседите исто така имаат рутери кои емитуваат безжичен мрежен сигнал на истиот безжичен канал, тогаш се случува судир на безжичните мрежни сигнали и затоа ти е слаб безжичниот Интернет.

Јас користам мој рутер, но морав да го купам бидејќи користам кабелски Интернет, а кога се приклучив на кабелскиот Интернет ми дадоа кабелски модем наместо рутер со вграден кабелски модем. Подоцна мигрирав кон појак пакет и ми дадоа рутер со вграден кабелски модем, но бидејќи се навикнав на мојот рутер, и понатаму го користам за безжичен Интернет, наместо да го користам безжичниот Интернет од рутерот со вграден кабелски модем што ми го дадоа од кабелската телевизија.

За тебе би ти го препорачал засилувачот на безжичниот сигнал од Логинг Електроникс за кој ти објавив линк и слика погоре, но и втор рутер може да ти заврши работа, знам дека на мене одлично ми врши работа вториот рутер. :D

луѓе се слагам со вас ради ширењето на оптиката камо што побрзо да се прошири т.е секаде да ја има ама глупаво ми е пример ако сакам оптика во мојата улица/зграда или слично да собирам потписи па да ги праќам до телеком бла бла бла...треба секаде да стават без прашање дали е исплативо или не е, само така ќе привлечат нови корисници поосебно од помалите градови од каде што сум јас (Струга). Струга неколку улици се со оптика може повеќе кој знае а сигурен сум да имаат инсталиртано оптика низ град ќе имаа повеќе корисници, моментално сум на Вип адсл 10мб/с за 1200 ден (нет+тел+тв) оптиката ја нема плус е прескапа.
Македонски Телеком функционира по принципот прв дојден-прв услужен.

Порано или подоцна, ќе пуштат оптички кабли и низ твојата улица и ќе направат внатрешна оптичка инсталација и во твојата зграда, но ако им однесете потписи сега, дури и да ги пуштаат оптичките кабли за година дена од сега или подоцна, сепак ќе знаат кои корисници треба да им бидат приоритетни. Многу е важно да знаат во Македонски Телеком каде има најголем интерес за нивниот оптички Интернет за да знаат на кои населени места најмногу да се фокусираат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom