"Телекабел" VS "Близу"

Кој оператор има поквалитетни канали?


  • Вкупно гласачи
    80

Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
За телевизија дефинитивно Телекабел, а за интернет и телефон не знам. Или ако си за многу канали и мноооогу спорт-Dreambox како што кажува edin4o. А ако сакаш легална сателитска телевизија со многу помалку канали од Dreambox и повеќе балкански - Тоталтв како мене. :)
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Корисниците ни бегаат на близу, како да го поправиме тоа ? Ќе напраиме реклама против нив.

Катастрофа ни се фирмиве.
 
М

Мартин`

Гостин
Корисниците ни бегаат на близу, како да го поправиме тоа ? Ќе напраиме реклама против нив.

Катастрофа ни се фирмиве.
Па не сум баш сигурен за ова, уште пред рекламава размислував да се префрлам на телекабел од близу. На овие вториве телефонијата им е никаква често пати да не речам секогаш се случува да неможат да те добијат на телефон или ти да добиеш некого, телевизијата им е средно жалосна со 62 програми (1050 денари за сите 3 работи) од кои 20 Македонски - 20тина Српско/Бугарски и квалитетните програми се бројат на едната рака - и рака на срце 5-6 добри програми како Нејшн географик, експлорер и дури само 1 спортска програма еуроспорт. За двете спортклуб бараат доплата од 100-150 денари ако не се лажам

Плус еве позитивна работа кај телекабел ако не ти се свиѓа можеш одма да го прекинеш договорот, немора 2 години.. така да најверојатно до крајов на месецов и ќе се префрлам на телекабел па баш ќе направам споредба и ќе ви кажам мислење пак :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Секој си има предност и недостаток. Кај Телекабел имам замерка само на брзината на интернетот и што ја немаат фокс лајф и фокс крими се друго е ок.

Телекабел
Без обврзувачки договор
Без доплата за канали
Помала брзина на интернет
Подобар телефон
Пакет со 3 услуги 870 ден
Доколку сакаш само една услуга пример само телефон, само интернет или само телевизија цената останува иста.
320 телевизија
150 телефон
500 интернет

Близу
Со обврзувачки договор од 12 или 24 месеци ако сакаш да ги користиш за помала цена.
Доплата за некои канали
Поголема брзина на интернет
Често имаат прекин во телефонската линија
Цената на пакетот се покачува со намалување на времето на траење на договорот.
Пакет со 3 услуги 1099 ден на договор, 1199 договор на 12 месеци и 1399 ден на неопределено.
Доколку сакаш само една услуга телефон, само интернет или само телевизија цената е поскапа.
Интернет 699 ден
Аналогна телевизија 449 ден ако сакаш + Спорт клуб, Фокс лајф.... 599 ден
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Секој си има предност и недостаток. Кај Телекабел имам замерка само на брзината на интернетот и што ја немаат фокс лајф и фокс крими се друго е ок.
Убава анализа си направил(а), сепак за мене муабетот е змија да апне или магаре да ти го бапне.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
За канали не знам, но близу имаат страшен интернет.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Неможе ни да се споредуваат Телекабел и Близу....бидејќи во секој град имаат различна инфраструктура и распространетост.

Т.е ако во Велес Близу е најдобар и секој дефект на еден повик иде екипа за 5 мин.....исто така и Телекабел во Штип е исто толку експедитивен.

Значи во секој град е различно....а кога станува збор за Скопје,таму е кармакаша.....бидејќи за некој работи што ги слушам дека се жалат од Близу,јас еве толку години од како сум корисник неможам ни да си претпоставам како изгледа таков проблем во Велес.

А во принцип може да се каже дека Близу(најбрз интернет)...Телекабел(најдобри програми)...друга споредба нема смисла.:)
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Па сега и Т-хоум има оптички интернет, не е нешто за чудење.
За далеку повеќе пари и далеку поспор интернет. Знаеме, уживај!

Али не беше темава за нетот.... Јас сум на Близу и изборот на канали (не дека гледам телевизија) не ми се допаѓа воопшто. Побогу, на кабловската на странските канали нема ни српски превод, нешто што беше измислено пред дваесетина години. Знам дека има закон дека не смее да се дава превод доколку преводот не е на македонски, но чим Телекабел можат не гледам причина зошто Близу не ставаат...
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
на близу сум и како и сите овде воопшто не сум задоволен од телевизијата. Додуша не ни гледам ТВ, ама по листањето на програмите ама баш ништо нема. Нетот во брзина ајде поминува, ама па многу брзо и често се квари... Баш 2 дена по ред (вчера и завчера) во исто време немав нет. Џабе им викаш на тие, ке дојдеме ти викаат и ке ти дојдат за 1 недела. Ама го пријавив како ИТНО и дојдоа после 6-7 саата
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Телевизија - Телекабел
Интернет - Близу
Со оглед на тоа дека на телевизија гледам само спорт, фала ќе си останам на Близу, 150 ГБ во месецот и се ми е рамно.
 
Член од
7 септември 2008
Мислења
371
Поени од реакции
109
Кога ке размислиш помеѓу Blizoo и Тelekabel најдобро е да одбереш 3 оператор. Јас сум на Blizoo сметам дека може и мора да биде подобар пред се во понудата на тв канали. Не можам да го сватам Телекабел како не може да ја прошири својата мрежа во Карпош 3 или Тафталиџе 1, неколку пати се јавував за да се приклучам кај нив и секогаш добивав негативен одговор без некоја посебна причина зашто тука нема техничка можност за приклучок, па затоа бев приморан да потпишам 2 годишна верност со Blizoo, сметајки дека по истекот на овие 2 години ке дојде некој поквалитетен оператор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom