Превземено од Алфа твСоветот за радиодифузија ја отпочна постапката за добивање на дозволи за телевизиски канали на МПЦ и на ИВЗ. Членовите се договорија на следната координација да одлучат дали ќе дадат две дозволи за непрофитни телевизии кои ќе се емитуваат преку кабловски оператори.
„Таа ТВ инсистирам да биде непрофитна бидејќи самиот карактер на телевизијата е таков и не би било пожелно да има реклами, а второ, да не се меша во рекламниот колач на останатите и да не им направи штета, а сепак да се обрати кон една целна група и да ги задоволи специфичните потреби“ истакна претседателот на СРД, Зоран Стефановски.
„Неминовно е да го истакнеме и тоа дека имаме барање и од Исламската верска заедница. Ако се оди на давање на такви дозволи да се има обзир дека и тие се во ист ранг, особено со новите промени во Утавот од 2002 година“ потсети Миљаим Фетаи.
„Ние прво треба да ја испитаме заинтересираноста и на други вакви заедници, бидејќи покрај МПЦ има и други христијански цркви кои што се многу активни“, забележа Бојан Шоптрајанов.
Според Советот за радиодифузија ваквите проекти би биле од корист и сметаат дека освен МПЦ и ИВЗ, доколку и другите верски заедници покажат интерес, повторно ќе распишат конкурс.
има и видео http://www.time.mk/read/c518465732/bda9 ... index.html