Татко пијаница - наследно?

Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
356
нов сум на форумов, незнаев кај да ја поставам темава али мислам дека е соодветен борд
епа вака, имам 16 години и татко пијаница ама пијаница пијаница
премногу лош карактер си има човеков, секој ден ќе си дојдеше дома пијан ќе ја натепаше мама и така ден за ден, сите комшии му го имаа стравот и со години така ништо не се превземаше и тоа па тоа секој ден и незнам како еден ден се деси шо се деси дојде спасот на мои 10 години се преселивме со на мама родителите, а човеков до ден денес е истиот и се нема ни малце сменето, највеќе ме растажуе фактот шо никогаш нема да се смени, ќе пие секој ден додека постои и засекогаш ќе остане истиот и никогаш нема да имам прилика да зборувам сонего како син со татко.Да он работи оди странство и ми купуе облека и ме снабдуе со пари јесте дека тоа ме прави до негде среќен ама премногу би сакал да имам татко на место и се би дал за да го сменам ама колку и да пробувам едноставно се е залудно..
Е сеа, највеќе од се ме плаши тоа што дека ќе постанам и ја како него и ќе се влечам по кафани секој ден запиен ќе си идам дома и ќе ја тепам жена ми без причина.
Али моментално побитно ми е он да се смени, а јас мислам дека ако одам против себе дека нема да станам како него, реално алкохолот не ме влече ама има премногу други лоши особини шо дефинитивно ќе ги наследам.
Епа луѓенца ваши мислења дали може да се смени човеков и како?
Tipce, na coveka so sila mozes samo da mu zemes, nemozes da mu dades. Vo tvojot slucaj, pamet na tatko ti nemozes da mu dades, ako ste vodele razgovor i si mu rekol da ne pie, da ne pravi problemi i da se smeni na podobro a toj toa ne go pocituva, ednostavno ostaj go i ne mu zbori povekje za toa, ako toj ne e svesen samiot nisto od promeni. Nemoj vo glava da si ja vsaduvas idejata deka ako tatko ti e alkoholicar i ima losi osobini ke bides i ti kako nego, toa moze samo pogolem problem da ti stvori. Zamisli si deka si vo supermarket i gi zemas samo pozitivnite osobini od eden covek, izberi si koi se tie-losite osobini ignoriraj gi i ne se polni so takvi idei vo glava. Toa sto nemas zelba za alkohol e odlicno i e dobar pokazatel deka i ne si bas kako nego, izbegnuvaj go alkoholot kako i site drugi poroci, toa se go__a sto te vadat od kolosek, te pravat rob i sluga na niv. Druzi se so pozitivni lugje, fokusiraj se na pozitivnite raboti, odi na prosetki, planinarenje, najdi si nekoe hobi sto te pravi srekjen, sportuvaj, idi vo teretana ako ti fali samodoverba, so takvi aktivnosti uste tolku ke se ottrgnes od takvite poroci, i fizicki i psihicki. Ostani so zdravje, vo novata godina do novi pobedi. Pozdrav.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Од тебе зависи. Ти си сопственик и управител на самиот себеси. Тоа со родителот сметајго како болест. Едноставно се навлекуваш и неможиш да престаниш оти задоволството ко ќе си пијан неможиш да го пронајдиш кога си трезен. Исто ти е со сите дроги.

Тренирај самоконтрола, во случајов со алкохол. Ако ти се пија, пиј до степен кога ќе речиш доста е. Биди цврст карактер и имај свое јас. Нека ти вреди дадениот збор кој си го даваш самион на себе па после и кон дргите!
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Абе 16 години е детето. Ке порасне и живото ке го насоче кај ке го насоче. За сега доволно е шо е свесно за ситацијата која не е пријатна. Шансите се на негова страна.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
нов сум на форумов, незнаев кај да ја поставам темава али мислам дека е соодветен борд
епа вака, имам 16 години и татко пијаница ама пијаница пијаница
премногу лош карактер си има човеков, секој ден ќе си дојдеше дома пијан ќе ја натепаше мама и така ден за ден, сите комшии му го имаа стравот и со години така ништо не се превземаше и тоа па тоа секој ден и незнам како еден ден се деси шо се деси дојде спасот на мои 10 години се преселивме со на мама родителите, а човеков до ден денес е истиот и се нема ни малце сменето, највеќе ме растажуе фактот шо никогаш нема да се смени, ќе пие секој ден додека постои и засекогаш ќе остане истиот и никогаш нема да имам прилика да зборувам сонего како син со татко.Да он работи оди странство и ми купуе облека и ме снабдуе со пари јесте дека тоа ме прави до негде среќен ама премногу би сакал да имам татко на место и се би дал за да го сменам ама колку и да пробувам едноставно се е залудно..
Е сеа, највеќе од се ме плаши тоа што дека ќе постанам и ја како него и ќе се влечам по кафани секој ден запиен ќе си идам дома и ќе ја тепам жена ми без причина.
Али моментално побитно ми е он да се смени, а јас мислам дека ако одам против себе дека нема да станам како него, реално алкохолот не ме влече ама има премногу други лоши особини шо дефинитивно ќе ги наследам.
Епа луѓенца ваши мислења дали може да се смени човеков и како?
Дека ќе се смени татко ти малку потешко, ако не сака сам!
А тоа дека ти ќе станеш како него, со ваков став што го имаш сега на твои години, тешко! Така да немаш што да се плашиш од тоа! Плус и имаш пример, како не треба!
 
H

HoT _iCe

Гостин
нов сум на форумов, незнаев кај да ја поставам темава али мислам дека е соодветен борд
епа вака, имам 16 години и татко пијаница ама пијаница пијаница
премногу лош карактер си има човеков, секој ден ќе си дојдеше дома пијан ќе ја натепаше мама и така ден за ден, сите комшии му го имаа стравот и со години така ништо не се превземаше и тоа па тоа секој ден и незнам како еден ден се деси шо се деси дојде спасот на мои 10 години се преселивме со на мама родителите, а човеков до ден денес е истиот и се нема ни малце сменето, највеќе ме растажуе фактот шо никогаш нема да се смени, ќе пие секој ден додека постои и засекогаш ќе остане истиот и никогаш нема да имам прилика да зборувам сонего како син со татко.Да он работи оди странство и ми купуе облека и ме снабдуе со пари јесте дека тоа ме прави до негде среќен ама премногу би сакал да имам татко на место и се би дал за да го сменам ама колку и да пробувам едноставно се е залудно..
Е сеа, највеќе од се ме плаши тоа што дека ќе постанам и ја како него и ќе се влечам по кафани секој ден запиен ќе си идам дома и ќе ја тепам жена ми без причина.
Али моментално побитно ми е он да се смени, а јас мислам дека ако одам против себе дека нема да станам како него, реално алкохолот не ме влече ама има премногу други лоши особини шо дефинитивно ќе ги наследам.
Епа луѓенца ваши мислења дали може да се смени човеков и како?
У нашу земју и менталитет, да смени на тија године и слично, тешко. Он га е прошја цел живот такој и чим до сга не е сфатија дека такој не треба и не функционира, нема ни сга, без разлику колко ти сакаш или тија около њега, ќе си остане пијаница и пропалица.
Што е битно? Ти тој да га разбереш како муж и да научиш од његов шљам, учи од његови грешке и поступци и сам на себе си обеќај дека никад нема да подпаднеш на такво влијание и слабост. Алкохол, агресивност и насилство е слабост. Ти не си слаб, ти ќе учиш и ќе идеш напред, ќе бидеш много бољи човек и татко и дечко него што он некад би бија, ради СЕБЕ.
Место да се фокусираш на стра и фобие што ќе наследиш и како, фокусирај се тој да га претвориш у енергију и мотивацију никад да не биднеш како њега, бар имаш пример како НЕ ТРЕБА.
Веќ сас овј пост покажуеш много поголему зрелост и размислување неголи тј што те склопија на овј свет, честитам, идеш напред.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.135
Поени од реакции
797
Може да се смени ако побара стручна помош а познавајќи ги луѓето што живеат на тие простори, тешко. Пијаници што се истураат на жена и деца се најдолниот шлајм на општеството и негова среќа е што тлеел во држава како депонијата.

Батали го него, гледај ти да станеш стабилен човек, да си ги исполниш животните цели и да не оставаш ништо да те мачи. Со самото тоа што бараш помош превентивно а не ти е ништо уште од старт си поголем маж од него. Не е проблем од време на време да се напиеш, ако немаш ништо што те мачи одвнатре или нерешен проблем, нема да си таков.
Одлични совети,и јас би му го препорачал истото
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Децата на родител алккохоличар имаат два пата пред себе.
Првиот е да се угледаат на родителот кој е авторитет за нив и да тргнат по неговите стапки.
Вториот е навреме да сфатат дека родителот прави лоши работи заради алкохолот па да бега од алкохолот.
Во случајов вториот пат е многу поблиску бидејќи @kreativnoime е свесен за последиците што ги носи алкохолот. Затоа напред во животот, избегнувај друштво кое пие и немаш проблем.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.135
Поени од реакции
797
Самиот наслов ме потсети на некои ликови кои ептен го имаат потрефено оваа непишано правило: татко пијаница-син пијаница или по народно крушата под круша паѓа!
Меѓутоа во твојов случај не мора да значи дека и ти ќе станеш пијаница,животот е една голема мистерија и не знаеш кај ќе те однесат животните патишта,може да станеш угледен и почитуван човек а може и да се влечеш пијан секоја вечер по најдолни биртии кадешто се собира само шљам и човечки отпад-а такви се сите пијандури...Со тоа што имаш 16 години а веќе бараш совети овде и си свесен за проблемот кој го има татко ти-ТИ СИ НА ПРАВИОТ ПАТ....Затоа збирај ум од погрешните постапки на татко ти и не се обидувај премногу да го смениш оти пијаница тешко се мени,ако веќе се има навлечено тешко да го остави алкохолот,а ти само ќе си го трошиш времето и нервите за да го промениш,вистинската промена кон подобро може да ја направи само тој-ако реши да престане да пие и да побара стручна помош!
Ама ова во наши услови и со овој наш менталитет е многу голема реткост-затоа ти пишав погоре штеди си нерви и време и насочи се кон нешто корисно и паметно!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Зависи каков карактер има овој што ја отворил темата, во какво друштво ќе упадне, каков став ќе има кога ќе созрее, а со тоа и патот што ќе го избере.
Братучед ми на таа возраст не сакаше ништо да се напие од алкохол, само сок, значи ни пиво ни вино ништо. Се караше со сите што пијат, се караше и со татко му кога ќе испиеше уште едно пиво.
Ама тој е слаб карактер, за краток период се смени за 360 степени. Од мирно дете кое сите го знаеа стана лош пример за цела фамилија. Почна и многу нечесни работи да прави, мислиш како да е бил во затвор и пуштен на слобода.

Пред една недела беше кај брат ми на гости и тој ми кажа дека испил 3 ракии. За негова возраст 22-23 години 3 ракии за 5 саати е многу, а порано не сакаше ни да помисли на неа и беше против тие што ја пиеја претерано.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.265
Поени од реакции
16.272
Пред една недела беше кај брат ми на гости и тој ми кажа дека испил 3 ракии. За негова возраст 22-23 години 3 ракии за 5 саати е многу, а порано не сакаше ни да помисли на неа и беше против тие што ја пиеја претерано.
Како почна, реков на крај ќе пишеш почнал да пие 3 бочве ракија а тоа проблем да било 3 чаши за 5 саата. Голем пијандура.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Не знам што е смешно кога се почнува од толку 300гр на негова возраст, никој не почнал од 1л на ден. ;)
Автоматски споено мислење:

360 степени се сменил и 3 чаши ракија испил за 5 саати.
Мајко мила...

Sent from my SM-G955F using Tapatalk
Не само поради тоа сменет и за други работи. Истиот што плукаше по тие луѓе што го правеа тоа што тој го мразеше, а сега истиот е и тој и оди по нивниот пат.

Цврст карактер не се менува, не го лиже она што некогаш го има плукано.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.237
Поени од реакции
39.988
Не знам што е смешно кога се почнува од толку 300гр на негова возраст, никој не почнал од 1л на ден. ;)
Автоматски споено мислење:


Не само поради тоа сменет и за други работи. Истиот што плукаше по тие луѓе што го правеа тоа што тој го мразеше, а сега истиот е и тој и оди по нивниот пат.

Цврст карактер не се менува, не го лиже она што некогаш го има плукано.
кај има у 3 чашки ракија 300 грама? и не се грамови него милилитри.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom