Мислам дека правиш класична грешка дека им даваш премногу значење на книгите, мудростите, процедурите кои се склопени во едно сосема друго време и мислам дека иако си голем академик немаш докторирано компаративни религии.
Класична грешка е што блогови и видеа ви се помили од читањето на кинеските философи што го изградиле системот и кои ја дале мудроста за која вие тука зборувате сешто кое нема многу врска со таоистичките доктрини. Кои нели, за да ги знаеш мора да прочиташ книга од луѓе кои биле или се таоисти.
Класична грешка е што „вашето размислување за нештата“ е најбитното нешто кое се темели на „длабоко верувам дека нештата се вака и вака“.
Се плашите од авторитети? Мртви се големите мајстори, можете слободно да се повикате на нив што и како рекле за нештата, нема да им се крене егото
Мислам дека тоа што вие не сакате да читате книги од каде се учат нештата е причина да се дрзнувате на сите да им велите дека се во грешка што читаат книги и ги поврзуваат системите во една целина без разлика на време и простор. Не, не сме во грешка.
Блогови и кратки есеи за нештата што некој напишал ви се ок, или видеа каде што ќе слушате 10 мин некој што зборува и вие веќе сте „во синкот“
Тао Те Кинг бидејќи е мало книжуле ок е да се прочита и секој да си ја толкува како сака, но коментарите на истата од мајсторите, не е добро да се прочитаат тоа се философии „што некој мислел и не е валидно“ и + книга е... ужасно...., така оди тоа во твојот ум?
Книги не смее да читаме со религиозна содржина или езотериска од мајсторите - така ќе сме надвор од синкот
Едноставно не правиш ништо, се си доаѓа кога треба без труд и без заморување... нели?
Ова е кардинална грешка и во однос на таоизмот и во однос на учењата на карма јога.
Ритуалите во таоизмот и разните пракси не вредат и се залажување, кои се напишални „во друго време“, ама површно зборување за нештата и како „се е едно исто“ е ок?
Знам дека нештата ви се за пополнување време, ама кога веќе трошите време, потрошете го помудро, прочитајте книга за работите за кои сакате да дискутирате.
И ова не се однесува само за таоизам, за сешто така правите по темиве на тема религија... ок е да се има став за ова или она... но како ти или било кој друг знаеш за таоизмот и неговите учења? Големиот Крал на Истокот ти се појавува на сон? Кралицата на Западот, големата божица те скокотка наутро на увце и ти шепоти ствари кои ги нема во книгите на кинеските мудреци?
Мислам, за да зборуваш за нештата мора да се запознаеш со тие работи - како тоа го правите без книги читање? Астрал или призиви?
Блогови, есеи и видеа ви се доволни за да зборувате за нештата и да се преставувате како познавачи на разните религиозни учења? Тоа е класичната грешка на младите денес и оние што како деца го зафатија зародишот на нетот!
Јас не сум академик.
Но одбивам да зборувам напамет „како јас длабоко верувам дека се нештата поставени“ и тоа да биде со други зборови „јас знам и разбирам“.
Може да веруваш длабоко колку темелите на Земјата - сепак е верување и сакање нештата да се така како што некој мисли дека треба да бидат, но ако не се прочитаат оригиналните мисли дадени за некое учење, секој блог и видео е само поставен да те тестира и намами да се запознаеш со работите подлабоко и полесно да се дојде до книгите и авторитети кои го изработиле системот кој те привлекува - ако те привлекува!
Без запознавање со учењата и постојаното зборување како „јас ги разбирам учењата и имам искуство“ (демек) без да читам и без да се потпирам на авторитети кои ги создале тие учења - само покажува колку гордост држи човекот во себе си и не дозволува да чита книги од авторитети минати и сегашни за да разбере и дознае повеќе за сложените системи од истокот кои се мешаат низ вековите многу.