Таксистите во Скопје - непроценливо искуство

L

.Lost Angel.

Гостин
Таксистите во Скопје - непроценливо искуство
Ако живеете или престојувате во Скопје, сигурно сте имале можност да се возите со скопските такси компании. Во денешно време, ова искуство...

...е непроценливо. Напоменуваме, секоја чест на ретките исклучоци кои прават да се чувствувате пријатно додека ве возат до саканата дестинација.
- Таксистите во Скопје се неисцрпен извор на непотребни информации. Влегувате после работа во такси, главата полна, мртви уморни и сакате на раат да си стигнете дома. Ех, па тоа е тој дел од денот кога треба и таксистот да ви го раскаже неговиот цел ден. Така, додека да стигнете до дома, веќе знаете што доручкувал, како кога бил во Германија улиците и сообраќајот биле перфектни, кога ќе ја земе жена му од работа и како син му е многу богат кошаркар... Неизбежно е дрско и безобразно пцуење на политичарите и политичките партии, градоначалниците неспособни што не ги прават улиците, семафорите, неспособните цајкани кои го регулираат сообраќајот...
- Една важна работа која треба да ја имате на ум ако се возите наутро, постои можност да налетате на специфичен мирис во такси колите (лук, отстоено, мувла). Практично е да носите шал, марама или било што ќе ви ги покрие носот и устата и барем на кратко ќе ви ги спаси маките. Многубројни се оние коли каде прозорите позади не се отвараат па да не се чудите ако не можете да најдете рачка или дугме за отварање.
- Чудна работа е како таксистите никогаш немаат ситно. Значи ако имате покрупно од стотка, подобро воопшто не се качувајте. Извадите ли петстотка или илјадарка ќе ве поздрави таксистот: Ејјј, немам, немам ништо ситно, сега баш пред вас ми ги собраа сите ситни. Еве – и ви покажува плико полно само 500ки или илјадарки. И сега? Што? Трчате до дома или до работа или кај и да одите и ВИЕ се организирате од каде да набавите ситно. Препорака: Уште кога ќе викате такси по телефон или пред да влезете во колата најавете си дека немате ситно! И не се секирајте, ќе застанат кај некоја продавничка и вие ќе треба да истрчате, (и таму секако дека нема да имаат да ви раситнат) па на крај ќе си купите мастики и ќе ви вратат ситен кусур (пошто нели, немаа ситно претходно). Така, ем ќе набиете кондиција, ем ќе имате мастики, ем ќе си стигнете дома со такси.
- Ако живеете во населба која нема булевар, има куќи и повеќе мали улички,веројатноста дека од прва ќе ви ја погодат адресата е 0,00000000001. Не ги спасува ни мапа, ни GPS. Уште повеќе се усложнува работата ако имате во бројот и А или Б. Откако ќе си почекате надвор додека таксистот кружи низ ваше маало барајќи го бројот, ќе мафтате со раце и нозе да ве видат кај сте, ќе влезете во кола и ќе добиете изговор од типот: „Ејјј извини овде бил бројов а?“ Или „Ех нов сум јас па уште не ги знам улиците“. Добро бе луѓе па тоа ви е работа, зарем не треба да постои некој тест за познавање на градот пред да се вработи такси возач???
- Посебна категорија во такси приказната се диспечерките. Речиси секогаш се нервозни во клучните часови од денот. Така, додека мирно се возите низ градот одеднаш на радио станицата ќе ја чуете нервозно и без усул тетка диспечерка: 63! Уште еднаш ако не кренете на мобилен телефон ќе ве исклучам!! Или „Па добро бе колега 5 примено е или не е? Јас да дојдам да ви стиснам на станицата за да примите!!!“ И да, речиси секогаш грешат во проценката за колку минути ќе ви дојде колата (кај оние компании кои имаат GPS).
- Удобноста на такси автомобилите е бесценета. Автомобилите 90% се раскантани, фури од сите страни или пуштаат греење на најсилно и ве дува во фаца се додека не пребледете од недостиг на воздух пошто нели не можете да го отворите прозорот. Рачките за отварање на вратите ако не се скршени – сте добиле на лотарија! Музичето во позадина – поздрави и честитки ечи турбо фолк се меша со крчењето на радио станицата – празник за уши. На сите дупки подрипнувате и вие заедно со колата која имате чувство дека во секој момент ќе се распадне.
- Таксистите обожаваат да застануваат на пешачки премини и да ги пуштаат колите пред нив во колоната. И секако при тоа коментираат: „Викаат ние таксистите демек сме застанувале намерно и полека сме возеле да не фати црвено за да наплатиме повеќе.“ Мх,мх,мх...
- Во моментов актуелни се оние такси компании кои даваат попуст 20%. Ама ова е по желба, ако сака ќе ви даде, ако не нема. Има некои што даваат попуст ако имате картичка, ама ако не спомнете дека имате – нема да ве прашаат и ќе ви наплатат по откуцаната цена. Немојте да помислите да барате фискална и сметкопотврда. Ќе добиете едно туфкање и копање низ сите дупки во колата додека да најдат каде ги чуваат сметкопотврдите.
Во принцип, ова се главните моменти од такси задоволството на кои успеав да се сетам. Уште еднаш, секоја чест на оние таксисти кои го прават возењето задоволство – ќе ве прашаат дали ви се допаѓа музиката, дали сакате греење/ладење, дали ви пречат отворените прозори, по кој пат сакате да ве одвезат ако има повеќе варијанти, ќе ви се заблагодарат и ќе ви посакаат убав ден...
И да, навистина сметам дека треба да постојат унифицирани таксисти и строг процес на селекција пред да се вработуваат возачите.

Ако имате ваше искуство со таксистите во Скопје, споделете го со нас во коментарите.
 
V

Vollstandig

Гостин
Ова за улиците што не можеле да ги најдат и викаш да биле прво на тест за дали ги знаат улиците е многу глупаво. Како ќе биди на тој тест, на мапа да ги учи? Па 90 % ги знаат улиците по некоја куќа бандера зграда трафика, по такви патокази и не можи баш во милионски град да ти ја најде куќата која е на Мите Дупев 9 треба едно 20 улици да извози па да ја најди. Се е до тоа ако имаш среќа да не ти пратат нов таксист:)

Иначе, највеќе што ме нервира кај таксистите, абе ко неуспешно абортирани луѓе се.

-Секој еден таксист е манијак. Ако не е, ќе стани.
-Таксист никогаш не е задоволен со времето. Соочи се со тоа.
-Времето е секогаш главна тема и прва тема за почнување муабет:
(Абе брат ова времево, пекол, изгоре...или пак: Абе брат шо е ова ладно испозамрзнавме ко пингвини се напраевме..)
-Таксист нема никогаш ситно, а ако има секогаш се неколку монети од по 1 денар...
-Секоја дотерана, симпатична и било каква женска е уште една црта на ѕидот од собата на таксистот. После тоа следува,гордоста на таксистите: Е што сум качил значи една пичка бомба еј, дури до крајо од градо ја носев...и сите пари и ги зедов. Дури и напред седна еј..
-Таксист мора да пцуе на државата, на владата на политика..
-Секој таксист “има“ работено, на пат е да работи, или веќе работи во странство.
-Секој таксист во поодминати години, има некој син кој е толку богат, што сите живеат ненормално луксузно, само стариов колку да има занимација вози такси.
-Секоја кола возена во такси ја добива амортизацијата и удобноста од шпедитер.
-Неженет таксист - ноќен кошмар за девојките..
-Женет таксист - дневен кошмар за девојките..
-Секој таксист има перфектно минато, средно школо факултет итн, и е шетан човек и сите се селјаци, само тој така меѓу останатите на грешка е пикнат.
-Таксистот секогаш има преднос во сообраќајот. И да нема, пропушти го.

Ако има некој таксист и го чита ова, неколку совети до него:

1.ИСКАПИ СЕ. Стопли вода во тоа болјерот, немиен еден, смрди корни цела кола, ко да ти пцојсала стара баба в такси.

2.Не прај муабет, доколку во средно, низ град, твоето друштво, домашните, роднините не ти имаат речено оти си духовит/муабетчија/друштвен. Сето после ова ќе биди молење бога за побрзо да стигни муштеријата до дестинацијата.

3. Времето не ти е ништо криво а уште помалце е тема на разговор.

4. Не се откарувај и не раситнувај 1000 денари доколку нема муштеријата да ти доплати 1 денар. (од лично искуство).

5. Не манијачи. Особено не гњави девојки. Ако те бива за муабет, општ и пријателски, во ред. Ако напнуваш можеш и да го добиеш дебело. Не знаеш со кој излегува, не знаеш дали ќе и дојдеш преку глава и може да ти направи проблеми. Особено ако е малолетна, можеш да окапиш во затвор.

6.Не шири негативна енергија. Не биди скиснат, не биди “фацата која вози со скиснат сурат“ едноставно имај позитивна енергија. Не е лошо да прашаш човек како поминал низ град, ама лошо е да почниш да збориш за времето или со скиснат сурат да одминуваш секое возило.

7. Не пцуј , имај култура. Ако те претркал некој, преминал на семафор и слично, истрпи, и тоа е дел од сообраќајот.

8.Не биди булјаш. Никој не се збогатил со 10 или 20 денари. Така, исто и ти нема да се збогатиш ако некој го украдиш, го шеташ по тавани, за да му надземиш 20 денари. Додека го шеташ него повеќе време за да му земеш 30 денари +, можеби во тоа време ќе качиш некој странец кој нема сигурно да праша по таксиметар колку кошта. И ќе добиеш дебел бакшиш, се разбира. Чесноста секогаш имај ја во предвид, затоа што тоа ќе ти донесе многу повеќе промет, отколку еднаш украдени 30 денари.

9. Изгубени работи враќај.Лично ти однеси ги кај луѓето што ги изгубели. Ќе стекнеш позитивно мислење кај другите а ипријателство. П.С. Пари испаднати, новчаник без лични документи, од Х особа, нормално задржи го и молчи.

10. Во зимно време додека нема работа и колегите пред тебе се напикале сите в кола кај друг таксиста, не го прави истото. Можеби ќе слушниш по моторола, дека те бараат, ама сигурно дека ќе изгубиш муштерија. Кога гледа сите коли празни а се напикале на муабет сите во една, сигурно дека ќе ве одбегни. Прво ќе помисли човек дека имате муабет и не му е згодно да те станува од муабет. Факт е дека ќе ве одмини.

Некое дете, се вози во такси, и вика:

Ако мајка ми е кобила, татко ми коњ..јас ќе бев ждребе!
Ако татко ми е слон, мајка ми слоница..јас ќе бев слонче!
Ако татко ми е магаре, мајка ми магарица, јас ќе бев прле!

И на таксисто му скурчило и му вика:
А мајка ти ако беше курва, а татко ти педер што ќе беше?
И детево вели: Таксист!
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Јас стално се возам со Теникс. Колите им се старомодни но секогаш типците што возат се со позитивна енергија (поголемиот број). Даваат попуст. За други незнам, зошто не сум се возел.
-Има доста таксисти кои возат брзо и непретпазливо. И има многу од нив, кои не ги знаат улиците (често ми се случувало да ме застане таксист на улица и да ме праша кај е улицата).
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
У сред лето се качува патник корне на пот и му вика мајсторе пушти клима,нормално нареџење извршење,арно ама по некое време се гаси климата и се отвараат сите призори на колата да се излуфтира оти патникот корнел на пот.
Што се качуваш во такси ако немаш ситно.
Не е лошо и вие патниците некои стоки да се преиспитате малку.
 
Абе темава е за таксистите, отвори ти тема за патниците да видиш коа ќе наредам еден тон забелешки за нив..
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Абе темава е за таксистите, отвори ти тема за патниците да видиш коа ќе наредам еден тон забелешки за нив..
Е арно де ова ми го кажа комшијата кога седиме пред кооперација и пиеме пиво.Таксист е човекот
Овие новиве такси компании се на ниво со нови коли избањати таксисти фискални сметки..........
--- надополнето: Dec 11, 2011 1:15 AM ---
Ова за улиците што не можеле да ги најдат и викаш да биле прво на тест за дали ги знаат улиците е многу глупаво. Како ќе биди на тој тест, на мапа да ги учи? Па 90 % ги знаат улиците по некоја куќа бандера зграда трафика, по такви патокази и не можи баш во милионски град да ти ја најде куќата која е на Мите Дупев 9 треба едно 20 улици да извози па да ја најди. Се е до тоа ако имаш среќа да не ти пратат нов таксист:)

Иначе, највеќе што ме нервира кај таксистите, абе ко неуспешно абортирани луѓе се.

-Секој еден таксист е манијак. Ако не е, ќе стани.
-Таксист никогаш не е задоволен со времето. Соочи се со тоа.
-Времето е секогаш главна тема и прва тема за почнување муабет:
(Абе брат ова времево, пекол, изгоре...или пак: Абе брат шо е ова ладно испозамрзнавме ко пингвини се напраевме..)
-Таксист нема никогаш ситно, а ако има секогаш се неколку монети од по 1 денар...
-Секоја дотерана, симпатична и било каква женска е уште една црта на ѕидот од собата на таксистот. После тоа следува,гордоста на таксистите: Е што сум качил значи една пичка бомба еј, дури до крајо од градо ја носев...и сите пари и ги зедов. Дури и напред седна еј..
-Таксист мора да пцуе на државата, на владата на политика..
-Секој таксист “има“ работено, на пат е да работи, или веќе работи во странство.
-Секој таксист во поодминати години, има некој син кој е толку богат, што сите живеат ненормално луксузно, само стариов колку да има занимација вози такси.
-Секоја кола возена во такси ја добива амортизацијата и удобноста од шпедитер.
-Неженет таксист - ноќен кошмар за девојките..
-Женет таксист - дневен кошмар за девојките..
-Секој таксист има перфектно минато, средно школо факултет итн, и е шетан човек и сите се селјаци, само тој така меѓу останатите на грешка е пикнат.
-Таксистот секогаш има преднос во сообраќајот. И да нема, пропушти го.

Ако има некој таксист и го чита ова, неколку совети до него:

1.ИСКАПИ СЕ. Стопли вода во тоа болјерот, немиен еден, смрди корни цела кола, ко да ти пцојсала стара баба в такси.

2.Не прај муабет, доколку во средно, низ град, твоето друштво, домашните, роднините не ти имаат речено оти си духовит/муабетчија/друштвен. Сето после ова ќе биди молење бога за побрзо да стигни муштеријата до дестинацијата.

3. Времето не ти е ништо криво а уште помалце е тема на разговор.

4. Не се откарувај и не раситнувај 1000 денари доколку нема муштеријата да ти доплати 1 денар. (од лично искуство).

5. Не манијачи. Особено не гњави девојки. Ако те бива за муабет, општ и пријателски, во ред. Ако напнуваш можеш и да го добиеш дебело. Не знаеш со кој излегува, не знаеш дали ќе и дојдеш преку глава и може да ти направи проблеми. Особено ако е малолетна, можеш да окапиш во затвор.

6.Не шири негативна енергија. Не биди скиснат, не биди “фацата која вози со скиснат сурат“ едноставно имај позитивна енергија. Не е лошо да прашаш човек како поминал низ град, ама лошо е да почниш да збориш за времето или со скиснат сурат да одминуваш секое возило.

7. Не пцуј , имај култура. Ако те претркал некој, преминал на семафор и слично, истрпи, и тоа е дел од сообраќајот.

8.Не биди булјаш. Никој не се збогатил со 10 или 20 денари. Така, исто и ти нема да се збогатиш ако некој го украдиш, го шеташ по тавани, за да му надземиш 20 денари. Додека го шеташ него повеќе време за да му земеш 30 денари +, можеби во тоа време ќе качиш некој странец кој нема сигурно да праша по таксиметар колку кошта. И ќе добиеш дебел бакшиш, се разбира. Чесноста секогаш имај ја во предвид, затоа што тоа ќе ти донесе многу повеќе промет, отколку еднаш украдени 30 денари.

9. Изгубени работи враќај.Лично ти однеси ги кај луѓето што ги изгубели. Ќе стекнеш позитивно мислење кај другите а ипријателство. П.С. Пари испаднати, новчаник без лични документи, од Х особа, нормално задржи го и молчи.

10. Во зимно време додека нема работа и колегите пред тебе се напикале сите в кола кај друг таксиста, не го прави истото. Можеби ќе слушниш по моторола, дека те бараат, ама сигурно дека ќе изгубиш муштерија. Кога гледа сите коли празни а се напикале на муабет сите во една, сигурно дека ќе ве одбегни. Прво ќе помисли човек дека имате муабет и не му е згодно да те станува од муабет. Факт е дека ќе ве одмини.

Некое дете, се вози во такси, и вика:

Ако мајка ми е кобила, татко ми коњ..јас ќе бев ждребе!
Ако татко ми е слон, мајка ми слоница..јас ќе бев слонче!
Ако татко ми е магаре, мајка ми магарица, јас ќе бев прле!

И на таксисто му скурчило и му вика:
А мајка ти ако беше курва, а татко ти педер што ќе беше?
И детево вели: Таксист!
Ти да не си бил или можеби си таксист.Многу добро си запознаен со проблемите
 
V

Vollstandig

Гостин
Е арно де ова ми го кажа комшијата кога седиме пред кооперација и пиеме пиво.Таксист е човекот
Овие новиве такси компании се на ниво со нови коли избањати таксисти фискални сметки..........
--- надополнето: Dec 11, 2011 1:15 AM ---

Ти да не си бил или можеби си таксист.Многу добро си запознаен со проблемите
Не сум бил таксист,редовно се возам со такси, имам пријател таксист, имавме и кола пуштена во такси, доволно да знам отприлика што се случува.
А ти нешто ми си критички настроен, случајно да не се пронајде и најде навреден во фактите погоре?:icon_lol:
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Таксист: "Не бе не е ладно само -7 е"
Ja: "Таман си е, неможеш да се испотиш"
Таксист: "o_O"

и си ќутеше до дома

Еднаш ми се деси да си пушти таксистот свадба (ромска свадба) и да си гледа додека си е на семафори ... музикана топ!!!
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Не сум бил таксист,редовно се возам со такси, имам пријател таксист, имавме и кола пуштена во такси, доволно да знам отприлика што се случува.
А ти нешто ми си критички настроен, случајно да не се пронајде и најде навреден во фактите погоре?:icon_lol:
Скраја да е
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Таксистот: Каде бе друже
Hank Moody: Еве кај девојка ми
Таксистот:Абе што ќе ти е девојка вака млад ,ја кога бев како тебе со една идев од Тафталиџе ама една од Кисела вода стално си ја плескав,аааа не сум ти кажал еј Марија од Карпош абе топ риба беше ама гуска глупа ме откачи,а оваа мојава е грамафон само крека по дома.
Hank Moody:Тоа ти е што ќе праиш
Таксистот:Топло денес у пм асфалтов се топи
Hank Moody: Пекол е Август е нема бегање од тоа (а он употен под мишка ставил цвикери паднати во смоки и само пцуе по сите што го поминуваат)
Таксистот:Има брат како нема сеа во кафанче со зетми па шопска па ракиивче па после тоа пивце има да се оладам одма.

Стандард муабет во лето.Какви и да се со однесување,(не)култура ,(не) хигиена тоа им е борба за живот.Секогаш е доживување со нив :)
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.966
Поени од реакции
12.496
Мене па никогаш не ми се погодило така, ниту некултурен, ниту стара и несредена кола, не па смрдено внатре. Општо 90 % од коливе шо ги гледам Скопје се стокмени, нови. И возачите се културни и пријатни. Башка то со попустот, ако не ти дает онака само закани се дека ќе ги пријавиш во централа и готово.
Најмногу ме нервира кога ќе ме прашаат по која улица да одат. Нели, таксист е и тој треба да знае каков е сообраќајот на таа улица во тој период од денот. И него не му се исплаќа да заглави во гужва пола сат а ни мене. Е сеа, пошо не сум од Скопје, често се дешава кога ќе ме прашаат по која улица да возат, и точно ќе им посочам ( а нормално акцентот ме издал дека не сум "домашна" ), обавезно се вози по другата ( онаа која има повеќе кружење и маткање. )
Али воглавном сум немала некое катастрофално искуство, шо знам.
 
Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Многу вистина во муабетиве, стандард
Баш вечерва со еден таксист си разменувавме спортски типови, шо исто е стандард
 
Kajgana Shop

На врв Bottom