Нели е срамота ова да го пишеш?! Во копот вчера имаше бројка(без да нагаѓам колку) која цела мак-тифо сцена не може да ја собере моментално и со недели да се мобилизираат групите. Е тоа Комити го постигнуваат во вторник, без реална мобилизација(вечерта пред натпреварот се пиша), на натпревар кој доаѓа во моменти кога нашиот тим реално има мали шанси за титула. Бројката не е најважна работа, но чим на таа тема сме се фатиле, повели.Бројка !!!
Чисто за споредба, вам ви се случи на неколку натпревари во ЛШ крах, ама за тоа секогаш ќе се најде оправдување, а разликата помеѓу натпреварувањата е огромна, особено што со децении чекавте ЛШ.
Убаво што од двете страни се пиша коректно за инцидентот, кој не е ни инцидент туку глупост произлезена од деца без едукација, само ме чуди што истите имаат било каков пристап до официјалните профили...
Инаку ме израдува навивањето вчера, грмење буквално. Нема збор, салата и тензијата која ја нудат кошарката и ракометот (тепање за кош, цело време менување на резултат) се најдобар потпалувач на атмосферата.
Не знам што ќе биде во недела, само знам дека групата ги живее своите најдобри денови и дека без разлика на се, треба и да уживаме во овие моменти. Вчерашниот натпревар многумина по мене го чекаа како зицер за да се обидат да омаловажат бројка, можен пораз и сл..дека нели без мобилизација..ама не испадна така
