Прво ќе почнам со тебе не мислев повеќе да реплицирам оти дадов само извештај од гостувањата на шо очекував да има ваш а не лајна да е јадат и мерат кирој но едмо да прашам дечко за кој к*р вие одите на шалке а никогаш немате знаме на трибина гледам последно уге како да ги тргнаа на страна а не ви оди муабето со другите знаеш пријавувате тука дека сте биле ауселендерите и тие шо сте во близина на Гелзенхирхен како поддршка исто и на едно, две гостовања со слика од пред кафана или пред стадион шо е филмот за таква слика кога нема знаме на трибина?
Бидејќи си во Германија па не знаеш или се правиш дека не знаеш Рк Пелистер имаше забрана за гостински навивачи на СИТЕ натпревари од домашното првенство шо реков претходно значи се отиде на Тиквеш, Охрид и Алкалоид за домашните нема шо да споредуваме страмота е па за тоа прво гледајте си во споствениот двор после коментирајте за нас колку, толку шо можело сме биле за разлика од другите а посебно од вас за тоа за ракомето нема шо да збораме да не вадиме слики и од таму и да броиме пак ќе ви фалат многу ќе треба од сите групи заедно на ракомет да ги броите утакмиците и појавувањата само со тие од ЛШ имаме повеќе ало, за тоа крцкај си оди собирај пари на гофудме не коментирај за ракомет оти ние го измисливме за вас!
Ај добро утро Горан, честито нека ви е титулата, на тебе и на останатите 30-40 души што одите на фудбал, на другите не.
Ете во меѓувреме пишал и од кај нас некој извештај на сезоната, така да нема потреба од дополнителна дискусија како што и самиот викаш, ама морам само да ти одговорам пошто директно си ме цитирал. Не би било фер така да оставам да шириш невистини. Во неколку наврати споменуваш дека не ни одел муабетот со УГЕ, не знам од каде само тоа.Тука објавуваме слики од нас за да се види колку луѓе сме биле ние, да не рече некој бил еден сам извадил знаме. Немаме ние фотограф на терен па да објавиме одма после утакмица слика и од трибината.Тука си и ти, знаеш германска бирократија им треба време додека завршат со процедурите, ќе потрае неколку дена, недела, две додека објават. Па еве заврши сезоната ја отворив и јас нивната галерија да видам, може навистина немало знаме на ограда.
Ст.Паули-Шалке
Целата Галерија од тој натпревар
Ст.Паули-Шалке (куп)
Целата галерија од тој натпревар
Кил-Шалке
Целата галерија од тој натпревар
Шалке-Ханза Росток
Целата галерија од тој натпревар
Гледаш дури и сликите им се заштитени да не можеш да ги симнуваш(или пак ја сум многу остарел па губам чекор со "технологијава"
Епа Горанчо еве тука црно на бело, со ова ја завршуваме дискусијата во врска со таа тема.
Сега за ракометот, не знам искрено како е, а ти сега уште повеќе ме збуни. Мислам дека баш пред гостувањето во Охрид прашав како така јавно правите најава кога нели има забрана за гостувања цела сезона. Некој пиша дека забраната била само за меѓусебните дуели, а не и за другите.
Ете и сам си пишал сте гостувале со Тиквеш(кај што можело), со Охрид( премногу битна утакмица) и со Алкалоид( исто така премногу битна утакмица).
Еј стоп, абе таму знаме не видовме?(Или јас сум грешка) Значи можностите не го дозволувале тоа и не сте извадиле. Или пак не сте биле. Или тие новите сеа јужна трибина да не извадиле знаме. А овие моиве у Скопје пак му ја мислат и таму исто ко на Тиквеш финалето.
Ако ги нападнеме, да не не се навивачи, а имаат и шалови и маици и знаме, што знам.. Ако не ги нападнеме па, може ќе извади некој слика со налепница Чкембари и после ќе го тупат тука 3 дена бевме на ексурзија во Скопје никој не не чепна. И тука доаѓаме до твојата омилена, не си играјте, ќе отиде некој курбан.
Да се вратам на ракометот, јас прашав само зошто нема извештај од домашната утакмица на ракомет таа пред Охрид што ви беше(не знам со кого игравте).
Значи сега дојде на нашето од пред 3-4 години што пишувавте тука што се ситевте, еј Комити не навиваат на ракомет, само на ЛШ се собираат, домашна лига не одат, не можат да се соберат. И тоа пази, тогаш на Вардар тие утакмици им беа тренинг, лагано ги тепаа со по 10-20 разлика, ако сакаат можеа и до повеќе. За термините од 10 и од 12 сабајле ич да не праам муабет. А сега, овие две сезони имаш утакмици бе, тесни до крај не се знае кој ќе тепа, интересно е лигата (не е квалитетна,ама интересна).
Викавте тогаш еј ние да сме шампиони, ние да играме ЛШ леле што ќе биде, и сам знаеш дека имавте слободен пад од првата утакмица наваму во бројката. Сосем нормално, и очекувано, нема успех, нема интерес и бројката паѓа.
Само не знам зошто сеуште некој не споредува, ракомет со ракомет, кога треба да биде нашите фудбалски изданија со вашите ракометни. Нас фудбалот ни е број еден, вас ракометот. Така барем кажувавте пред да станете јаки во ракомет. Оттогаш некако слабо го спомнувате тоа. Кога се уверивте дека не е толку лесно да собереш луѓе, се стишивте со тоа ние сме ракометни навивачи ама сега сме слаби па затоа немаме добри изданија, не не споредувајте нас со фудбалот, нас фудбалот ни е на второ место.
Не бе Горан, и сам знаеш, вистински навивачи сте тие што идете на фудбал, дали 5-10-20-30 души не е битно, тие сте и тоа е тоа. На другото тури му пепел.
Еве гледам и извештајот за гостувања, сте извадиле најмногу сезонава викате, сте гостувале таму кај што се можело, браво бе, тоа се бара. Ама пак се тоа истите тие луѓе што нели не можат да постигнат сегде, си имаат работи, фамилија, обврски. Другите пак ќе речам, тука ќе бидат додека има ракомет, да се сликнат, некое селфи, и тоа. Вие ќе останете.
ЗА гофудме гледам си пишал, па ја сум горд на тоа што сум собрал пари за (колку толку)да го спасиме клубот. Горд сум у среќен што менталитетот сме смени во Комити, што сите имаат извадено сезонска( некои и по повеќе), што секоја утакмица и покрај сезонската плаќаа карти за да му помогнат на клубот, што организираа секакви акции и пробуваа на секаков начин да направат пари за клубот да функционира оваа сезона, да има за судии, делегати, да земат фудбалерите плати, за се што направија, и не само јас, сите треба да сме горди со тоа што го спасивме клубот. За нас тоа е победата оваа сезона, тоа е најбитното. И да не се појавевме на ниту едно гостување, да немавме ниту едно добро изнание (а сите ни беа подобри од на цела тифо сцена) и на ниедна ебана утакмица да не навиваме и да немаше еден човек во копот ние оваа сезона победивме. Оваа сезона ние го достигнавме врвот, НИЕ ГО СПАСИВМЕ ВАРДАР од пропаѓање. И тоа е она што е најбитно и што треба да е најгоре на листата на одговори кога некој ќе праша што направија Комити сезонава.
П.С Абе види, може вие го измисливте ракометот, може и освоивте две титули во последните 10 години. А што направивме ние во последните 10 години? Ние два пати го освоивме врвот, не домашниот, европскиот (а со тоа и светскиот) или што би рекол еден мој другар, два пати ја свртевме играта, и тоа вториот пат без жетон(читај. БЕЗ ПАРИ).
И тоа на денешен ден. Поздрав