ТВ Бокс

  • Креатор на темата Креатор на темата filip1975
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Иако сум скептик за оваа серија го претекнувам @MARCELLO со отворање на нова тема
"Што е точно? А што е погрешно..? Си го помислил тоа?" - ТВ Бокс на Телма



tvboks1.jpg




Од понеделник, 16 октомври во 22 часот на Телма телевизија започнува новата домашна играна серија "Тв Бокс". Врз база на истиот материјал од театарска претстава, а надоградена, е направена "Тв Бокс", мини серија во 5 продолженија.



tvboks2.jpg




Како што споменавме, серијата е работена според истоимената театарска претстава, која е прв проект на независното здружение за афирмација Луменетика Проект. Серијата е работена во копродукција со 3Д Проџект Студио, во режија на Златко Славенски, a во неа настапуваат: Ангела Стојановска, Ирена Мирческа, Васко Костовски, Христијан Поп Симонов и Владанка Димковска.



tvboks3.jpg




Дејствието на серијата се одвива во една телевизиска станица, каде што имаме шанса да видиме како изгледа животот на телевизиските лица пред и зад камерите. Како вработените во телевизијата се справуваат со последиците од нивните одлуки на приватен и професионален план?



tvboks4.jpg




Како се одлучува што ќе биде прикажано малите екрани во оваа ера на т.н. пост-вистина? Комбинирајќи ведар пристап и сериозни современи теми, ТВ Бокс ги опфаќа проблемите со кои се соочува современиот човек: од политиката до сексот, од готвењето до депресијата, од љубовните врски до корупцијата.



tvboks5.jpg




Актерската екипа ќе каже дека TВ Бокс е слика за тоа како се претставува вистината денес, еден прекрасен луна парк во кој во собата со искрвени огледала најискривена е вистината и доказ за тоа дека соништата можат да се остварат дури и во најсуровите услови.
 
кој ќе се тепа во првиот меч?

Што е ова бокс, божем немаме ние македонски зборови па мора англиски да се користат. ц ц ц срамота
што фали тв кутија да се вика.
 
и тоа што викаш, кешки само насловот да биде проблем.
 
Серијава уствари е театарска претстава која се играла на Скопски саем. Сега ова ќе биде истото поделено на делови.

Многу малку епизоди ќе има а и глумците не се познати сеуште се нови на публиката. Добро е да се види и нови глумци ама сепак нема ни да има потенцијал за продолжување втора сезона бидејќи содржината нема да привлече гледачи.
 
Одлични се дечкиве што ја работат, сигурен сум дека ќе добра.
 
Верувам дека ќе биде добро. Периодов специјализиравме за серии, што навистина ми е драго:)
 
Серијата не е работена според театарска претстава, туку Е театарска претстава. Проект на студенти од филмски факултет (или како и да им се вика школото).
Претставата е пародија на работењето на една телевизиска куќа.
 
Ja sosema zaboraviv da gledam ama ete ispadnalo kako sto rekov, da ne ja ima nege na internet da se gleda na so prevod ja nema.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom