.
Со некаде 4-6 години многу ме болеше смртноста на моите ближни, чија осилка во рамномерни интервали ми го бодеше моето дечјо срце. За моја среќа, една постара личност во мојата фамилија (која како млад го загубила своето првородено и единородено чедо) постојано го читаше Светото Писмо и тоа (на одредени денови) наглас, пред запалено кандило и однанозе. Јас иако неможев да разберам што чита - бидејќи беше на старославјански - сепак една чудна топлина и нежна светлина ми го галеше моето дечјо срце, ме воодушевуваше и ме окрилјуваше.
Кога еднаш мојата (можеби) најљубена личност во мојот детски живот (а верувам и нашата поширока фамилија) беше во повеќедневно одсуство и посета на родниот дом и родителите, со детска радост полетав кон него да му ја соопштам
Радосната вест (за којашто штотоку почнав да се освестувам како чудесно ми ја грее дечјата душа) дека има
Еден Господ - поголем од нас сите - и дека
Тој е
победник, дури и над смртта!
Наместо искрена радост, поддршка и благослов на малите нозе што ја исповедаат
Благовеста, јас од овој љубен (високо начитан, образуван, но атеистички уверен) човек добив исмејувања и понижувања, после што мојата дечја душа
падна во сомнежи и во истата безнадежна темнина, која што ја шири отецот на лагата, смртта, депресијата, ...
Ах, камо да не беше тој сакан и ближен човек, туку некој далечен, некој стерилен, некој што никогаш немал, нити пак би имал сопствено чедо, ... па таквиот да биде тој што ќе ми го руши и обара моето верно, дечјо срце!
Кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима;
а кој соблазни едно од овие мали,
за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот
и да потоне во морска длабочина.
(Матеј 18:5+)
.
.