Судска Пресуда-нема кој да ја изврши?

Член од
13 септември 2009
Мислења
560
Поени од реакции
434
Вака сега,дома имам еден проблем кој се влече со ГОДИНИ и преку глава ми е да ги слушам истите работи и затоа ве прашувам овде за помош/решение.

Да не должам,eве во кратки црти....дедо ми имал фирма на времето,извршил работа(голема) за која не му било платено со претходно потпишан договор,период од 1990 до 1995 година,поминуваат години парите уште не му се платени,се трупа камата,се иде на суд. Дотичниот што треба да плати бега у Бугарија,во меѓувреме целиот процес е на суд. СУДОТ носи ПРЕСУДА дека дедо ми е оштетен,и дека износот што му се должи сосе камата треба да се исплати.Значи има СУДСКО РЕШЕНИЕ од 2001/2004 година. ДО ДЕН ДЕНЕС се влече со некојси стечајни што наводно треба да ги исплатат парите,ама упорно 13 години се влечат/лажат и никако да исплатат.Стечајниот што се фатил за случајов СЕКОЈ Е*АН ДЕН збори со дедо ми на телефон во изминативе 4-5 години. ЗНАЧИ СЕКОЈ Е*АН ДЕН му вика утре ќе пуштиме пари,задутре ќе пуштиме пари,утре ќе се чекаме таму,задутре ќе се чекаме.......................и така со години,не ми е јасно што корист има да лаже толку...извршител никој не се нафаќа да ги исплати парите...адвокати се сменети двајца со договор за 15% од сумата што ќе се исплати(а доста пари се) никој не врши работа........кај да се жалам кај да барам чаре у оваа корумпирана држава ќе им отидам ќе ги ...... сите таму. Значи дур бев помал не давав на значење,ама сега ме засега мене зошто некој да ме дупи за мои пари,а за сметки одма праќаат извршители и пари одбиваат од плата/пензија. Има надеж или да љетим у ваздух све :D?
 
Член од
5 април 2011
Мислења
75
Поени од реакции
17
Несум правник но имам и јас сличен проблем општината ми должит. Извршителот пред неколку години ми рече дека со мојата пресуда побарувачката важела 10 год. пред да поминет тие 10 год. требело поново да се обновит предметот. Во мојов случај мене ми е подобро да чекам нека течит некаква камата дека општината неможит да избегат во Бугарија. Во вашиов случај мислам најдобро да прашаш извршител или адвокат дека тоа почекај денес или утре можит многу да те коштат, дека се поминати повеќе од 10 год. и дали преметот е поново обновен.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И со добиена пресуда ако нема средства на фирмата за наплата, случајот тука завршува. Има една листа на чекање со добиени пресуди и се чека некој на фирмата должник на сметка од фирмата (само тоа правно лице, може они да имаат сто фирми отворено) да и пушти пари. А фирмата должник со таа сметка не работи од кога и се поднесени тужбите, фактурира од други правни лица. И така лесно и едноставно доаѓа процес на збогување со парите. Ова е за сегашната ситуација во наплата, после 2010 год.

Чим е ова случај очигледно со загубар, не верувам лично дека може да се наплати. Први на листа за наплата после распределба на стечајна маса се државните институции.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.960
Поени од реакции
10.622
-стечаен управник оди во пензија, на негово место доаѓа син му и воедно наследува еден случај од татко му.
по некое време синот му се јавува на татка си да му се пофали
-еј тато го решив твојот најстар случај, оној со крушката.
-е како бе сине?
-па земав ја исеков и ја поделив.
-де бе сине па јас те израснав со таа крушка.

у кратки црти ова е вистината за нашите стечајни управници ...
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
560
Поени од реакции
434
Ќе идеш на нотар,и пресудата ќе ја направиш да нема рок на траење,така направи адвокатот со дедо ми...и мене ми беше 10 години,ама сега е timeless
Несум правник но имам и јас сличен проблем општината ми должит. Извршителот пред неколку години ми рече дека со мојата пресуда побарувачката важела 10 год. пред да поминет тие 10 год. требело поново да се обновит предметот. Во мојов случај мене ми е подобро да чекам нека течит некаква камата дека општината неможит да избегат во Бугарија. Во вашиов случај мислам најдобро да прашаш извршител или адвокат дека тоа почекај денес или утре можит многу да те коштат, дека се поминати повеќе од 10 год. и дали преметот е поново обновен.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Ќе идеш на нотар,и пресудата ќе ја направиш да нема рок на траење,така направи адвокатот со дедо ми...и мене ми беше 10 години,ама сега е timeless
Таква работа не постои...претпоставувам дека погрешно си разбрал. Секоја правосилна и извршна пресуда важи за секогаш. Оној рок од 10 години се однесува за поднесување на барање за извршување кај извршител (само во тој рок можеш да поднесеш барање за извршување на правосилна и извршна пресуда). Кога веќе еднаш поднесеш барање за извршување на пресудата пред извршител тогаш извршувањето не застарува. А нотарот не може да го продолжи важењето на пресудата :)[DOUBLEPOST=1393425880][/DOUBLEPOST]
Ќе идеш на нотар,и пресудата ќе ја направиш да нема рок на траење,така направи адвокатот со дедо ми...и мене ми беше 10 години,ама сега е timeless
Таква работа не постои...претпоставувам дека погрешно си разбрал. Секоја правосилна и извршна пресуда важи за секогаш. Оној рок од 10 години се однесува за поднесување на барање за извршување кај извршител (само во тој рок можеш да поднесеш барање за извршување на правосилна и извршна пресуда). Кога веќе еднаш поднесеш барање за извршување на пресудата пред извршител тогаш извршувањето не застарува. А нотарот не може да го про
И со добиена пресуда ако нема средства на фирмата за наплата, случајот тука завршува. Има една листа на чекање со добиени пресуди и се чека некој на фирмата должник на сметка од фирмата (само тоа правно лице, може они да имаат сто фирми отворено) да и пушти пари. А фирмата должник со таа сметка не работи од кога и се поднесени тужбите, фактурира од други правни лица. И така лесно и едноставно доаѓа процес на збогување со парите. Ова е за сегашната ситуација во наплата, после 2010 год.

Чим е ова случај очигледно со загубар, не верувам лично дека може да се наплати. Први на листа за наплата после распределба на стечајна маса се државните институции.
Не мора да значи! Не мора парично побарување по правосилна пресуда да се бара само со заплена од жиро сметка, туку доколку нема средства должникот на жиро сметката може да се бара продажба на неговиот имот (подвижни или недвижни ствари), а ако такви нема или се недоволно, тек тогаш е крај приче.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.691
Ако должникот е во стечај тогаш наплатата на побарувањето кое го имаш по пресудата неможе да се изврши преку извршител. Дури и ако имаш поднесено барање за извршување а во меѓувреме над должникот се отвори стечајна постапка извршувањето се прекинува. Значи во твојот случај заборави на извршител. Твоето побарување во рок од 30 дена од објавата на огласот треба да си го пријавиш во стечајната постапка (до стечајниот управник), нешто што секако го имаш сторено. Е, во стечајот, целиот имот на должникот (фирмата, не сопственикот како физичко лице!) влегува во стечајната маса од која, кога ке се продаде, се намируваат доверителите согласно редоследот и сразмерот кој е утврден во постапката согласно законот. Сразмерот на намирување зависи од тоа колку должникот должи (кон сите доверители, не само кон тебе) а колку има вредност стечајната маса..... доколку има имот може да се оди и на 100% намирување а ако нема може да ти одредат и сразмер од 2% или 5% од твоето побарување. Најчесто (во 99% од случаите) во малите фирми вредноста на стечајната маса е 0 и сите ке добијат по компир, односно судот само ке констатира дека нема средства за да се намират трошоците на стечајната постапка и го отвора и веднаш го затвора стечајот, и чао ѓаци. Се надевам дака во твојот случај должникот (фирмата) има некој имот од кој ке се намируваат побарувањата. Немаш опасност од застареност на побарувањето ако си го пријавил во стечајот, имаш опасност само од тоа ако должникот нема имот, тогаш и после 100 години да ти важи пресудата, џабе е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom