Судска Медицина

Член од
28 јануари 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво дечки,
Сакам да студирам форензика и главно ме интересира дали најпрво треба општа медицина па да специјализираш форензика/судска медицина или право на ФАКУЛТЕТ судка медицина(ако има) бидејќи на гугл видов судска медицина во Скопје.
Фала ви <3
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
општа медицина па после судска,само нз колку ќе ти се иплати 6 год медицина + 4 год судска.. подобро иди на правен 3 год +2 постдипломски ,,имаш и таму нешто сигурно криминалистика ,форензика..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
општа медицина па после судска,само нз колку ќе ти се иплати 6 год медицина + 4 год судска.. подобро иди на правен 3 год +2 постдипломски ,,имаш и таму нешто сигурно криминалистика ,форензика..
Не треси секако дека ќе и се исплати, ако ништо друго во странство секогаш имаш отворени работни места. Не знам зошто во државава е секогаш подобро да се избере линијата на помал отпор :tapp:

Прво завршуваш медицински факултет па после специјализираш судска медицина. Како ќе знаеш поради што настапила смртта ако не го познаваш човечкото тело, со римско право на правен?

Само што, чим ставаш срциња на крај од пост, не ми делуваш дека си за да специјализираш судска медицина. Има работи кои тешко се голтаат таму. За почеток, најди видеа како изгледа една стандардна обдукција да видиш дека не е се како во бајките на CSI кај што ни го покажуваат трупот само избледен.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Здраво дечки,
Сакам да студирам форензика и главно ме интересира дали најпрво треба општа медицина па да специјализираш форензика/судска медицина или право на ФАКУЛТЕТ судка медицина(ако има) бидејќи на гугл видов судска медицина во Скопје.
Фала ви <3
Многу гледаш серии. <3

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.793
Поени од реакции
29.280
Здраво дечки,
Сакам да студирам форензика и главно ме интересира дали најпрво треба општа медицина па да специјализираш форензика/судска медицина или право на ФАКУЛТЕТ судка медицина(ако има) бидејќи на гугл видов судска медицина во Скопје.
Фала ви <3
,,,medicinski fakultet osven shto ima sudska medicina nema drug takov smer,,
,,,ili praven,ili fakultet za bezbednost,,
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Здраво дечки,
Сакам да студирам форензика и главно ме интересира дали најпрво треба општа медицина па да специјализираш форензика/судска медицина или право на ФАКУЛТЕТ судка медицина(ако има) бидејќи на гугл видов судска медицина во Скопје.
Фала ви <3
Пред се прво треба сама да разграничиш што сакаш.

Иако ги мешаат судска медицина и форензика не е исто, тоа се две гранки кои меѓусебно соработуваат. Судската медицина е гранка од медицината каде општиот лекар со подоцнежна стручна специјализација е оспособен со помош на најсовремените методи на медицината да даде стручно мислење за настанувањето, последиците и механизмите за настанувањето на смртта што значи дека е задолжителен медицински факултет. Тука спаѓа и општата обдукција, специјалната обдукција, патологијата итн. Покрај големата стручност ти треба и доста добар желудник и апатичност на највисоко ниво.

Форензиката е наука која има широк спектар на примени најчесто во правниот систем и медицината за одговор на скоро сите прашања поврзани со некое сторено КД. Тука спаѓа компјутерска форензија, балистичка форензика, токсиколошка форензика судско-медицинска форензика итн. што значи дека медицински факултет не е потребен. Доволен е факултет за безбедност, правен факултет, природно математички факултет (хемија). 4 години редовни студии + мастер форензика или во најдобар случај докторска дисертација од областа на форензичките науки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom